Да не знае некој која е процедурата за преполагање испит, дали треба професорот да ти дозволи, до кога може да се пријави тоа, какво барање се пополнува итн ? Фала однапред
Или договори се со професорот да ти го поништи тестот и да ти даде шанса пак да полагаш или оди на студентски прашања, се поднесува барање и се плаќа одредена сума, не знам точно колку. Испит инаку може да се поништи во рок од 4 месеци.
Може некој да ми каже кои струки ги има на овој фалкутет?Гледав на нивната страна ама јас нема да се запишам таму во Штип туку овој што во близина на Струмица.Па не знам дали важат истите струки за тука или
^^ Кажи која струка ти треба конкретно? Едит* Струмица има Машински, Информатика, Земјоделски, Педагошки, Економски и Правен факултет.
Цаци еве ти конкретно за Струмица МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ - Транспорт, организација и логистика ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ- - Општа насока – 3 год. **(со можност за продолжување на соодветен модул во четврта година) ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - Финансиски менаџмент ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ- Правни студии Во новиот конкурс педагошки никаде не сретнав.
Има некој на правен овде, да се распрашам малку уште за тој останав да не прашам. Значи вака, има правни студии и многу различни смерови и тоа Финансово право,Административно право,Граѓанско право,Деловно право,Европско право и меѓународни односи,Меѓународно право и меѓународни односи. Ме интересира дали ова го бираш на денот кога се запишуваш значи овие се различни смерови на правниот факултет така? Посебно ме интересира Деловно право, како најпримамливо ми е . Што би можела со тоа после?? И да, кое е најперспективно од овие? Едит: Која е разликата помеѓу Деловно и Административно право?
И мене тоа ме буни.Бидејки планирам на правен и на нивната страна баш проверував и мене тоа ме збуни. Значи сите се различни смерови/насоки или?
Дознав јас ете ќе ти помогнам и тебе. Значи на правен постоел само еден смер Правни науки и трае 3 години. Овие ги бираш ако продолжиш на магистерски студии. Е сеа глупо е што не можеме да видиме што предмети се учат на тие правни науки, овие сите имаат по некој различен предмет .
1. за да се запишеш втора година колку се плаќа?? Што,кога,како? 2.На кои факултети нема да се запишува повеќе? ке има пауза? 3.Кога ќе се уписните рокови за прва година?
Само 3тото го знам 13,14 и 15ти август. а за претходните би требало да пишува во конкурсот, излезен е веќе.
Свит епа арно што си отркила, ама мене ме изнамачи во другата тема да ти објаснувам мислејќи дека си диломирана. Не знам како е на Гоце Делчев, ама еве ви ги предметите од Јустинајан Први, по ниедна логика не би требало да се различни. I семестар Вовед во правото Историја на правото Социологија на правото Економика IIсеместар Уставно право Римско право Општ дел на граѓанско право Стварно право Право и информатичка технологија IIIсеместар Меѓународно јавно право Право на друштва Вовед во право на Европска Унија Политички систем Странски јазик IVсеместар Административно право Казнено право Семејно право и Наследно право Трудово право Vсеместар Филозофија на правото Облигационо право Применета економика Финансово право VIсеместар Меѓународно приватно право Трговско право Казнено процесно право Граѓанско процесно право