Според е-календарот ставен на страната, сесијата започнува од 19 август и трае до 30 август, а испитите се пријавуваат од 12 август до 16 август. Ова за септемвриска сесија. Од 23 до 27 септември е пријавувањето на испити, а сесијата трае од 30 септември до 7 октомври. Од 9 до 13 септември упис на зимски семестар Мене ме интересира дали некој запишувал апсолвентски стаж? Како иде процедурата, кога треба да се запише? И слушнав дека доколку имаш запишано апсолвентски стаж секој месец имало сесија за полагање. Вистина е ова? И друга работа, септемвриска и октомвриска сесија имаат само по еден испитен рок, така? Не се два?
Здраво јас сум матурантка и размислувам да се запишам на УГД во Скопје. Ме заинтересираа смеровите Бизнис администрациј и Банкарство финансии и осигурување Ке замолам некој да ме информира повеке за овие смерови..за предметите и што потоа,односно што би можеела да работам со тие фак. или каде на интернет можам да се информирам
Сигурно мислела за дисперзираните студии во Ск. Во Штип колку што знам тој смер за Банкарство, финансии и осигурување го немаше до лани, освен ако не е воведен од оваа година...
Абе девојката и на друга тема потенцира Штип а јас на страната на угд не видов вакви смерови ни за оваа година Spoiler освен ако грешам, не сум баш искусна во овие теми, моментално сум на ниво на рисрч
Пред 2 год. во Штип требаше да го има смерот Банкарство, финансии и осигурување, но не беше акредитиран. Знам затоа што една другарка на сестра ми сакаше да се запише, па потоа се запиша на друг. И сега штом го нема во конкурсот, значи повторно смерот не е воведен...
Да мислев на дисперзираните студии во Скопје http://www.ugd.edu.mk/images/pdf/brosura_13_14.pdf Инче ова е конкурост за 2013/2014 тука се објавени смеровите под Економски фак и фак за туризам и бизнис и логистика
Банкарство, финансии и осигурување е добар избор. Но и не е лесен за студирање. Според тоа што сум студент на ек. фак. еве ќе ти кажам некои од предметите што мислам дека сигурно ќе ги имаш. Во прв семестар обавезно : Основи на финансии, Финансиско сметководство, Основи на економија и Математика 1. Понатаму ќе ги изучуваш: Банкарство, Банкарски менаџмент, Финансиски менаџмент, Управувачко сметководство, Осигурување, Математика 2, Финансиски пазари и институции.... И со сигурност можам да ти кажам дека најмногу предмети ќе имаш од проф. Крсте Шајноски (е ќе мора столчето добро да го загрееш, си бара многу човекот) и проф. Виолета Маџова. Тоа е се што знам во врска со смерот. Можеби не е се точно, но овие нешта ни ги кажуваше проф. Шајноски уште пред 2 г. кога требаше да се воведе смерот.
Јас би рекла дека повеќе то ќе ги води Маџова. Шајноски е повеќе по берзата, портфолио менаџментот, иако предава и Монетарна политика. Кај него треба само да знаеш да размислуваш, да знаеш да ги разбереш работите и да ги кажуваш со твои зборови. Никако не сака бубање од а до ш и се од книга. Маџова порано беше супер професорка, сега нешто си ги дигна акциите А никој не знае за апсолвентски стаж?
хај лејдис , нова сум на фемина и би сакала да прашам дали има некој што ќе се упишува на дисперзираните од УГД во Скопје поточно на бизнис логистика пошо сум сама од 15 на факс си барам придружба
Има ли некој што студира германски јазик и книжевност на УГД во Штип? Како сте задоволни од предавањата, од професорите, дали е тешко,лесно?
Иначе сакав да прашам дали пред да се запишеме треба да се пријавиме и електронски, слушнав дека на Кирил и Методиј требало