а за семинарски треба на уплатница да се уплати? Да се пополни како примерот што е за пријава на испит или како за административна такса
Да мора прво да се пријават семинарските работи, бидејки ќе меножеме да завериме семестар, потоа од 23-27 треба да го завериме зимскиот семестар и да уплатиме за летен. А точно ли е дека пред да го завериме семестарот треба да ни стави печат матицниот лекар? И слушнав дека кога ќе полагаме англиски (ние што сме 1 ва година) требало да носиме семинарска затоа што немавме предавања а ке полагаме испит. Ако некој нешто знае нека ми каже. Инаку емми uplatnicta e : cel na dozinka za seminarski raboti naziv i sediste Budzet na rm transakciska smetka 100000000063095 mkd 500,00 den smetka na korisnik 1600160330 788 18 prihodna sifra 723013 44 2
Девојки дали знае некоја зошто мене ми вели дека немам доволно средства на профилот што ми е на угд а упалтив сабајлево во 11 саат.. пуштив доволно пари? зошто така ми вели???
тоа е така затоа што трансакцијата не се извршува во истиот момент. мене средствата ми стигнаа после 2-3 дена, ке ти стигнат и тебе не се секирај. Инаку да знаете дека ако уплаќате во банка тренсакцијата се извршува побрзо отколку во пошта, па затоа подобро е да се уплаќа во банка, а и помалку провизија зема.
Нема врска дали во банка или пошта. Јас уплатив во пошта ми земаа 15 денари провизија, на оние кои уплаќале во банка 20 денари, за брзината толку некаде е. Разликата е тоа што во банка дадеш само лична карта и пари, они имаат готови потполнети уплатници
незнам точно како е ама јас сега кога уплакав за семинарски ми зедов 525 ден а другарка ми уплатила во пошта и и земале 536 ден, нз зошто можеби затоа што јас имам сметка во банка и така плакам, си ја пишувам само сметката и тие автоматски ми одземаат пари од неа.
Има некоја девојка што е трета година на бизнис логистика? Ми треба помош за избор на изборен предмет. Многу е глупаво што бираме, а незнаеме што бираме, што содржи тој материјал, кој професор е...
За феминките втор циклус студии, излегоа потребните документи за запишување и заверка на семестар. И сега ме интересира нешто мене, вика да соберете потпиши од професорите, и успут запишување на втор семестар/четврт семестар а ние уште немаме полагано од претходниот семестар предметите? Како тоа? На мојот смер, ни рекоа полагање на испитите дури средина на март, е сега или нас професорите толку добро не информирале или незнам што, пошто еве сега тука се надевени и документите за пријавување на испитот. Доколку има феминка на втор циклус студии без разлика на смер, нека пиши да каже што ви рекле на вас од факултет за полагање. Пошто нема смисла ова, ако е така, полагаме во март, ама деца вие запишејте си го другиот семестар месец ипол унапред. Пф.
феминки МИ ТРЕБА ПОМОШ прва година сум на бизнис логистика и сега за испит не тераат по англиски јазик да напишеме есеј до 500 збота (како семинарска) на било каква тема ај ако може некој нека ми помогме каква тема можам да пишувам. Нека ми прати некој лп.
сакав да прашам за е-индексот нели треба да ги пријавеме испитите, јас планирам во привот рок да полагам два предмета а во вториот рок да ги полагам другите два и ме интересира дали треба од едншка на сите да кликнам Пријави на е-индексот или прво да си кликнам само на двата што планирам да ги полагам во првиот рок ? а потоа и на другите два
кенди кога отвараш за пријавување испити, најгоре, над предметите има напишано прва фебруарска сесија и тоа треба да стои за тие два што ке ги полагаш тогаш. за втората сесија притисни горе на стрелката и ке ти се смени во втора фебруарска сесија и тогаш тие пријави ги. и убаво читај кога ке пријавуваш за да не дојде до некоја грешка. Пред да пријавиш ти стасува како известување дали сакаш во таа сесија да го полагаш предметот, ако е во онаа што ти одговара потврдуваш, ако не се вракаш назад, и менуваш таму горе
Да не знаете случајно каде има истакнато за дати за испити за ижинформатика 3та год? Не можам никаде да најдам на inf.ugd.edu.mk нема во соопштенија. Хелп ениуан. П.С Кога е вториот рок за полагање?
Девојки ми треба малку помош.. Јас си ги уплатив испитите и администартивната такса а на е-индекс што треба да легнат парите стигнаа само тие за пријава на испит.. Е сега, наместо Буџет на РМ како примач сум пишала УГД Штип.. Дали ќе може да се префрлат парите, и ако не може ќе уплатам други 300 денари за административна такса но бидејќи треба неколку дена за да легнат парите ќе може ли после 08.02.2012 да се пријават испитите??
нема врска дали ке напишеш угд или Буџет на РМ трансакциската сметка е иста. И мене така не ми беа легнати парите од таксените марки и отидов до факултетот и на студентски прашања ми ја направија, бидејки таа трансакција ја прави факултетот а не поштата. Ние кај нас пополнувавме еден образец за таксена марка и заедно се него ја дадовме и уплатницата. Ни случајно да не си уплакала пак не си ги давај парите, туку утре оди до факултетот и ке ти средат.
Проблемот е што не живеам во Штип, многу далеку сум, и не можам да одам само за тоа... Сепак многу фала на одговорот...
леле па прати некоја колешка да ти среди работа и кај нас ти кажав имаше проблеми околу таксените марки...
S-Sister.91 ти благодарам што се замараш тука со мене, но не верувај дека некоја колешка би ми завршила работа па си уплатив повторно... Поздрав до тебе, се најдобро...