Здравоо девојкии да ве прашам од каде се купуваат иднексот и семестралниот лист и розовиот лист внатре во ректоратот или ??
Може ли некој да ми каже каде се наоѓа Факултетот за Медицински науки? Мишела? Барав на гугл мапс и паркинг ми излезе. И каде треба да се однесат документите, во ректоратот?
Леле, го најде човекот, јас уште мака мачам со ориентациите, а да ти кажам право - навистина немам поим каде се наоѓа кампусот на Медицински. Најсигурна варијанта ти е чичко такси и правец таму. Инаку, логично би било каде што е паркингот, таму да биде и факултетот. Барем по мојата логика, зашто ете кај мене таков беше случајот. Инаку и тие уплатници и сваштарии што ви требаат за запишување се носат во Ректоратот. А јас имам едно прашање до тие кои се запознаени со „модернизираниот“ начин на поднесување барање за уверение за положени испити. Ми рекоа дека не требало никакво овластување за АТ, само електронски да поднесам барање. Парите се на сметка, но никако не можам да ја завршам работава зашто ми излегува прозорче со „немате доволно финансиски средтсва“. Кој е проблемот сега, да не има уште некоја финта? Овие од студентски ми се прават џекови, не ми враќаат на мејлови.
ќе може ли некој што веќе студира на економскиот факултет да ми каже како се формулира оценката, дали присуството на предавањата е неопхопдно за добивање на право на полагање и со колку поени се положува колку поени носат колоквиумите и завршниот испит ??
Сега упис на семестар, ќе оди по старо како што си беше...или се ќе е електронски? Слушнав нешто студентски ќе се укинувало.....намирусувам хаос на факс.
Луѓе кога се уписите за втора и трета година? И дали некој знае шифри за презапишување на предмет? Ова со електронсково плаќање сè уште не ми е јасно како оди.. Ќе сака ли некоја ве молам, да пише тука што и како треба?
^наслушнав дека на 8/9ти Септември ќе се уписите за нас. А со е-плаќање ни мене ништо не ми е јасно, убаво би било некој да појасни доколку знае.
Можи ли некој да ми објасни какви се условите за студирање на медицнскиот во штип ,дали е квалитетна наставата затоа што планирам да се запишувам таму на вторите уписи
женски може некој да ми обајсни шо беше тоа со листот што требаше да го препишеме од табла , зборам за бизнис логистика у ск пошо јас не бев тука и татко ми ги потполнуваше и неразбрав точно што е ,ми викаше нешо било за изборни предмети ...
Пракса до лани беше со 51 поен,да добиеш 6ка,значи положен ти е испитот. Инаку од предавање,семинарска и вежби имаш по 10 поени,значи вкупно 30.Присуството на предавањата е задолжително(зависи од професорот) бидејќи носи 10 поени,а како шо кратат од семинарски,вежби,колоквиуми и те како се значајни.Исто така задолжителни се предавањата,поради добивање потпис во индекс,ако немаш присуство тогаш го купуваш потписот,а поени ќе немаш. Колоквиуми има 2,носат по 20 пени,и вообичаено се состои од 5 прашања на раскажување,5 на дополнување и 10 на заокружување. Услов за полагање на завршен испит ти е да собереш 42 поени од-предавање,вежби,семинарска,и колоквиумите.Завршниот испит носи 30 поени. Е сега кај некои професори нема минимум,или максимум,а други бараат минимум поени од завршен испит,вообичаено 8 или 10 поени(на пример на завршен ако отидеш со 51 поен значи имаш за 6ка поени,доколку на испит немаш минимум,тогаш не ти е положен). Со среќа,ќе ти треба
Девојки да прашам ние сеа што ќе се запишуваме 2-3 година се исто ко лани ќе плаќаме сите тие исти уплатници што или не? Добро само за индекс и легитимиција не плаќаме.
^никој ништо незнае руз. И на голем хаос ми мириса дека ќе почне така годинава. Јас начув 8/9 заверка на семестар. 16ти почеток со предавања. Ама тоа е од рекла казала....ваљда пораки ќе добиеме за известување.
Се чув сега со една колешка, за упис на 3+ семестар, треба само уплата за семестар и таксена марка. Инаку од 16ти се почнува на факултет.