Сноу сигурна е колешкава мислам прашала за ова на фах? Знави тоа партиципацијата, за семестарт што се плаќаше и таксени марки, и да те прашам уште нешто да не знаеш ова дневникот дали треба да им се однесе пополнет или само упатницата да им се даде коа ќе се запишуваме?
^и она прашала колешка постара Инаку вели дека уплаќала за преполагање на испит електронски и дека било многу лесно и функционирало. Ама џабе па ќе треба да се оди до факс за розевиот лист. Упатницата? Каква упатница? Јас знам дека само летниот дневник требаше да го пополниме од летната пракса, и во натре потпис и печат нели од главниот на фирмата.
Упатницата што ни ја даде оливер за на пракса, демек ако дое инспекција и не начека таму да ја покажеме за да не плаќа фирмата казна , јас таа му ја однесов и ми рече не треба да ми ја даваш таа ќе ви треба коа ќе се запишувате 2 година мора да ја дадете. Да требаше да го пополниме дневникот со тие 7 дена што бевме и сеа ова 1 месец летово и една колешка ми рече и тој ќе сме требале да го дадеме нешто тогаш и мене сеа ништо не ми јасно.
Хахахах ти тоа неможеш да најдеш ја појма немам што да пишам во дневникот и нека стават на страната што треба за упис нека не се заебаваат више.
^И јас незнам каде ми е дневникот, сум го гледала по дома тоа е важно значи ќе се најде...ама тоа листот-тешко англискиот тешко.
Заверка на семестар мислам дека почнува од 9ти септември. И да, исто се плаќа сите уплатници како лани, освен тие што се за електронска картичка и индекс, мислам дека се плаќа во прва година. Значи имате: партиципација прва рата, упис на семестар, административни такси (не знам точно колку не ме фаќајте за збор, плус би требало сите посебно да се уплаќаат, барем така беше до сега), за студентски парламент, правобранител и активности, за книжен фонд, за спортски активности. Мислам тие се, можеби има уште некоја Розев и семестрален лист не знам дали сега овие генерации купуваат од книжара или плаќаат на уплатница, ние купувавме и ги пополнувавме сами.
^ мислам дека си грешка....поготово не е логично да плаќам за спортски активности кога тој испит заврши и помина.
Нема врска тоа, се плаќа секоја година ти плаќаш на ниво на Универзитет, а не за предмет посебно. Еве што плаќаат новите студенти Спојлер http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/vesti-12/3570-potrebni-dokumenti-za-upis а за погорните години требаат: -Партиципација -Потврда за уплатени 400,00 денари - за материјални трошоци и за солидарна одговорност на ниво на Универзитет -Потврда за уплатени 300,00 денари - за надомест за книжен фонд на Универзитетот -Потврда за уплатени 210,00 денари - за Студентски парламент и студентски правобранител -Потврда за уплатени 760,00 денари – за информатички и културни активности -Потврда за уплатени 1.000,00 денари – за потрошен лабораториски материјал / теренска настава (ова не е за сите факултети) -Потврда за уплатени 500,00 денари – за упис на прв семестар -Потврда за уплатени 390,00 денари – за спортски активности Плус административните такси. Во секој случај, почекајте, ќе излезе соопштение на страната
Не не, линков е од соопштението за бруцошите од оваа година, јас само ги идвоив трошоците за погорните години, барем досега ги плаќавме тие.
^ ок, останува тогаш да чекаме официјално соопштение. Ако не зимаме пари како за сите овие трошоци и ќе одиме дента да прашуваме, ако не објават на време.
Каде се вршат уписите за постдипломски студии ме занима за економски факултет во ректоратот или на економскиот факултет т.е каде со носат документи ова она и каде се лоцирани студентските прашања за постдипломски во ректорат или на економскиот...пошто немам учено во Штип незнам што каде се одвива.....и може ли да ми кажете каде е ректоратот адреса или близу што е во случај да ми затреба па да имам ориентација...фалаа однапред
Ректоратот се наоѓа кај домот на културата, веднаш после хотел Оаза, наспроти општината и гимназијата. Ќе видиш, пишува. Студентски прашања имаш на Економски, кога влегуваш десно по ходникот, последната врата од лева страна. Се надевам добро објаснив
Фала Нати.П а да незнаеш случајно за упис на постдипломски дали се носат документи на самиот фак на студентски или во ректоратот?Зашто слушнав дека за упис на прв циклус студии односно дипломски студии документите ги носеле во ректоратот а незнам колку е тоа точно
Не знам да ти кажам точно, ама по некоја логика би требало во ректоратот оти тамо се запишуваат бруцошите. Види можеби пишува во конкурсот или може има некое соопштение на страната. Стварно не знам за ова
[/quote] Не знам да ти кажам точно, ама по некоја логика би требало во ректоратот оти тамо се запишуваат бруцошите. Види можеби пишува во конкурсот или може има некое соопштение на страната. Стварно не знам за ова [/quote] имаше една адреса Крсте Мисирков безброј ама незнам дали е таа адресата на ректоратот
Соопштение за електронски упис на регуларен семестар (по прв или повисок пат) во учебна 2013/2014 година: http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/eugd ... n-semestar
Документите за упис на постдипломски за сите факултети и сите насоки се носат на студентски прашања за втор циклус студии, тоа е во ректоратот се влегува од страната кај што е универзитетскиот ресторан.