Универзитет Гоце Делчев - Штип

Дискусија во 'Образование' започната од velesanka, 21 септември 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    И пет пати да ги уплатиш пак нема да ги имаш на е-индекс, се додека не пополниш овластување за да може референтот од студентски прашања да ги внесе во истиот. Парите што ги уплаќаш за АТ легнуваат на сметка во НБРМ и од УГД немаат увид за тоа, затоа бараат да ги видат уплатниците.
    Формуларот за овластување го имаш на страната.
    Ако неможеш да отидеш до факултет мој совет ти е да се јавиш во СП и да им пратиш маил со скенирани уплатници и овластување.
    Ајде сега барем на временскиве неприлики ќе се извадиш зошто неможеш лично да отидеш.

    п.с. чувај си ги првите уплатени уплатници за следниот пат, а овие првиве за секој случај однеси ги кога ќе одиш на испит.

    До 17-ти може да се пријавува, но само за втора декада.
     
    На S-Sister.91 и Miss666 им се допаѓа ова.
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Девојки ако не ве тормозам јас со прашањава мои кој друг? :) Ќе ми каже ли некој како да уплатам за да земам потврда дека сум редовен студент на УГД? Треба да одам во банка и да уплатам 100 ден ама не знам што да пишам и како? Малку хелп а? Фалааа :*
     
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522

    Доколку нема никој да ти објасни, прашај си најдобро на студентски прашања
     
  4. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290

    Во сума, веќе си знаеш 100 денари.
     

    Прикачени фајлови:

    • sem.jpg
      sem.jpg
      Големина на фајлот:
      30,3 KB
      Прегледи:
      685
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ве молам ако ги знате лозинките за
    - трговско право
    - статистика
    - логистички менаџмент
    споделете ги :)

    (Бизнис логистика)
     
  6. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Студентски прашања....референтите ништо не знаат да објаснат, секој ден одам и секој ден че ме врати за нешто ново. Не се знае колку пари дадов за такси до тој кампус 4. Тотално сум разочарана од целата организација на факултетот :@
     
  7. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Девојки ми треба помош од вас,ако некоја знае нешто нека напише.
    Пред 2 недели се отпишав од економскиот факултет во скопје и сега ке се префрлам на економскиот факултет во штип како вонреден студент и на факултетот ми бараат лекарско уверение.Дали некоја од вас знае кој го издава тоа лекарско уверение? Дали матичен лекар или пак некоја посебна интитуција?
    Секаде прашав и никој незнае да ми каже точно.

    И кажете ми го вашето мислење за економскиот факултет во штип?
    Тешко-лесно?
    Добро-лошо?

    :)
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Тоа го бараат заради проверка на примени вакцини.
    Треба да однесеш потврда од матичен доктор. На обичен лист да каже за твојата здраствена состојба и секако да наведе дека ги имаш примено сите задолжителни вакцини. Нас ни бараа и на индексот , на задната страна да имаме печат од докторката.
    Најсигурно, прашај на студентски.

    ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ:


    Референти на студентска служба – Штип

    Марјан Марков

    е-пошта: marjan.markov@ugd.edu.mk
    тел: 032/550-061
    Антонио Талевски

    е-пошта: antonio.talevski@ugd.edu.mk
    тел: 032/550-066



    Референт на студентска служба – Струмица
    Љубица Цикарска

    е-пошта: ljubica.cikarska@ugd.edu.mk

    Цонка Чеботарева

    е-пошта: conka.cebotareva@ugd.edu.mk
    тел: 032/550-578

    или пиши им, сигурно ќе ти одговорат.
     
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Фала ти многу.Денес ке одам кај докторката и ке земам потврда.Најверојатно таа ке знае што треба да напише.А јас му пишав на тој Антонио од студентски уште пред 4-5 дена но го нема да ми одговори.А се мислам сега и на тој другиот да му пишам па можеби некој ке ми одговори на прашањата.

    Поздрав!
     
  10. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Девојки како се рачуна просекот на е-индексот? Има некој посебен начин на пресметување?
    Знам, се собираат оценките и се делат со бр на предмети, имам резултати од 4 предмети и просекот треба да ми е 8,5 а мене ми пишува 8.
    (абе овие намерно ни прават така за да немаме висок просек, се шалам :D )
     
  11. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522

    И мене ме интересира тоа. Еве јас имам три десетки и две деветки, вкупно 5 предмети. По моите пресметки треба да имам 9.6 а ми пишува 9.5. :?:
     
  12. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Знам една девојка од гевгелија е , ги продава прашањата од колоквиуми , 2 година 2колоквиуми 1000 ден. а исто и за 3 , а доколку ги купиш за двете години има мислам попуст и дава неколку и од прва година, за смер туризам на овој факултет. Ги има пишувано изгледа кога ги има полагано и сега си ги препродава. Добар бизнис :D
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ич не мора да ги пишувала после полагање , може и да си ги исмисли :D .
    Сите што сме полагале знаеме што даваат , арно ама каде е гаранцијата дека повторно ќе се паднат истите прашања. Или јас ви кажувам, вие сакате земет сакате не, ама не одговарам :) ( а и како би одговарала :lol: )
     
  14. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Реагирај, штом примети дека имаат грешка, фино лепо пиши им е-маил дали на студентски прашања, на референтот, како сакаш. :)

    AlanisM јас ќе те предупредам, да не ги земувате тие прашања, дали ти или некој друг, пошто јас завршив, и нормално и јас си ги чувам некои од прашањата. Ете за сестра ми, кога и кажувам на што да обратува внимание, кое е можно прашање може да се падне и слично, не ги даваат истите. :)
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Знае некоја кога е Априлската казнена сесија? Кога почнува? И кога ќе се пријавуваат испити? :?: :?:
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Пријавување на испити

    Од Понеделник, 09 Април 2012
    До Четврток, 12 Април 2012

    Сесија за испити


    Од Вторник, 17 Април 2012
    До Четврток, 26 Април 2012

    овде имаш календар на сите настани http://studenti.ugd.edu.mk/index.ph...h.calendar&Itemid=1&year=2012&month=04&day=02
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Пак јас. Треба да однесам некои документи во Кампус 4. Каде е тоа? Во педагошки факултет???
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кампус 4 е на влезот од градот, кај Правен факултет, не кај Педагошки.

    Едит И Педагошки бил во Кампус 4, мислев е во 2.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  19. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Девојки колку треба да се уплати за казнена сесија за испит за вонреден студент? 300 ден за испит и 50 ден за таксена марка? Ве молам за одговор итно ми е :)
     
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Дополнителна сесија (Априлска или Октовриска)

    Редовни студенти

    Физичка пријава + уплата од 300 денари за испит + уплата за АТ од 50,00 денари

    Уплата од 320,00 денари за испит + уплата за АТ од 50,00 денари

    Вонредни студенти

    Физичка пријава + уплата од 450 денари за испит + уплата за АТ од 50,00 денари (За генерациите 2007/2008 и 2008 и 2009 г)

    Уплата од 470,00 денари за испит + уплата за АТ од 50,00 денари ( 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012)

    Ова го ископирав од студентскиот сервис.. Поздрав :hai:
     
    На S-Sister.91 му/ѝ се допаѓа ова.