Теа, тој конкурс излегува некаде на пролет ако не се лажам, овој период излегуваат само конкурси за стипендии од Министерство за образование.
^ Излегува околу ноември заедно со стипендиите, ама оваа година не ми изгледа дека ќе има. Изгледа како ќе им текне или дали има избори на повидок.
Девојки го знае ли некоја од вас клучот за курсот по Информациони системи и логистика, на Бизнис логистика - Скопје, втора година?
Ако си редовен студент,тогаш се уплаќа по 20 денари од предмет + таксена марка,во зависност нели од бројот на испити кои ги полагаш. А за семинарски во непарен семестар,се уплаќа исто во терминот за завршни испити,а за парен семестар кога се уплаќа за заверка на семестар.
Редовен студент сум, значи сега треба да уплатам. 5*100 за семинарски 5*20 за испити + 50*5 АТ???? за секој испит посебно?
Дада 5 административни такси(на една уплатница). Ако уплаќаш на уплатница,треба да однесеш овластување за внесување на таксените марки во е индекс во студентски прашања.Сепак по практично е е-плаќање,ем веднаш стасуваат парите ем помала провизија
Електронски ќе уплаќам, и знам дека може сите одеднаш, пример АТ сума 250ден. Само не бев сигурна што се треба. Сакам уште вечер да завршам тоа, зошто после со бебушот колку ќе имам време (да не изумам)
Здраво, планирам да се запишам на БИЗНИС ИНФОРМАТИКА , па ме интересира нешто повеќе за овој смер, доколку има некој што студира на овој смер нека ми пише порака па јас ќе си прашам или пак во темава... Ме интересира конкретно за математика како е, многу тешко, лесно ? проф. како се и сл..
Бизнис информатика со седиште во Штип,или дисперзирани некаде? Предава Татјана А. Пачемска,изучуваат две математики-математика 1(материјалот скоро целиот е од средно,лименси,изводи,итн.),математика 2 или финансиска математика(таа е потешка,дека се економски задачки,пресметки на ренти,камати,ануитети,конверзии на заеми итн.). Покрај математиките чиешто предавање го слушаат и студентите од Економски факултет,изучуваат-Основи на Економија,Статистика,Финансиски пазари и институции,Трговско право,Финансиски менаџмент.Тоа се економските предмети. За предметите од информатика не сум запознаена. Инаку распрашај се убаво на студентски прашања што како,дека сега Економски факултет е преместен во Кочани,па не знам како ќе биде со предавања,затоа што имаат предмети и од двата факултета.Секако ако програмата не е сменета,до лани така беше.
Има ли некој што деновиве полагаше информатика од 1ва година ? Ако има некој -некоја пишете ми да ве прашам нешто позз
Девојки во врска со стипендиите, ќе може ли да ми каже некој како да уплатам електронски , преку е индекс, т.е на која приходна шифра и која сума за овие два документи. 2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2013/2014 година; 4. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk; Благодарам однаред
Мислам дека може, но зависи од факултетот. Имам познаници кои ете да речеме во втор семестар се префрлија на друг факултет, па си тераат со предметите без проблем. Имај предвид дека ако не се во некоја поголема сродност двата факултети дека ќе мора да дополагаш плус предмети. Информирај се повеќе на студенстки прашања, тие сигурно ќе ти дадат некоја поверодостојна информација.
Devojki, sakam da prasam do koga mozam da uplatam za ispit - vonredno sum zapisana i nemozam da go sledam bas fakultetov, za ispitna sesija vo februar sto e.