Не преку пц уплатив, иначе пробав сега и пак несака за пријавување, т.е. уште не ми се ни префрлени париве. Дефинитивно е до нивната страна нешто проблем. Ќе чекам да видам дали ќе се префрлат воопшто..
Луѓе ви стигнаа ли парите преку е-плаќање? Јас вчера уплатив и уште не ми се стигнати. Значи немам зборови, па како мислат да пријавиме испити кофа ништо не им функционира?
Јас вчера уплатив преку е-плаќање и уште не ми се стигнати парите и се нервирам многу! И како што слушнав на многу студенти вака им се случува. Незнам како ќе пријавиме испити , нека си го средат системот значи, ужас се.
Најверојатно системот е паднат,од големо оптеретување. Инаку јас околу 2 часот попладнево уплатив преку е-плаќање,и веднаш ми беа префрлени парите.
Девојки ај некоја што учи или учела клиничка психологија од Ленче Милошева да сподели некое искуство што каква е за на испит? Дали ептен многу испрашува, бара за испит? Деновиве бубам како луда над книга од страв си мислам многу лоша ќе да е според нејзините закани дека многу ќе бара. Да каже некој нешто..ве молам,да ми олекне на душичката
Вака ли уплатените финансиски средства се веднаш достапни за користење од страна на студентот за било која активност преку неговиот електронски индекс, дрн, дрн, дрн лаги и превари еден тон. Само едно ми е јасно, сто пати зажалив што се запишав тука, ова е косата да ти обели.
Не е само кај тебе, кај сите е. А нешто наслушнав дека рокот ќе се продолжил до среда, има ли некој информации?
и кај мене не сака да се влучи е индекс т.е е плаќања.А се имам платено,уште 100 ден ми останаа за АТ и да пријавам испит ,дај боже да го продолжат рокот.Катастрофа се
Decki da ne znae nekoj RASPORED NA POLAGANJE NA ISPITITE OD PRVA GODINA BIZNIS ADMINISTRACIJA - SKOPJE??? NA SAJTOT NEMOZAM DA NAJDAM NIKADE TAKVO SOOPSTENIE ZA RASPOREDOT, AKO ZNAE NEKOJ NEKA MI KAZE VE MOLAMMMMMMMM KISSS
Тежок ли е завршниот испит по англиски јазик во прва година и би ве замолила ако знаете нешто прашања пишете За грев,ни закажаа од денес за утре. -.-
Кога идам на Упис на семестар (на е- индекс) пишува ми Упис на нов семестар Не постои активен рок за упис на семестар! Може ли некој да ми каже зошто така? Или е рано сеуште за упис на семестар?
Нели заверката за семестар ја продолжија? После заверката на семестар има датуми за упис на семестар.