Сакам да прашам кои професори предаваат по следниве предмети: Сметководство Проценка на надомест и штета Мрежен систем на продажба *на дисперзирани во Скопје?
Јас кога прашував на студентски, ми рекоа дека немало врска упис со презапишување, можат и подоцна да ти го внесат.
Можат да го внесат подоцна да, но кога веќе го презапишуваш кога ке одиш на предавање? Еве пр. ке го внесат во април и што си направил? Пропуштени колоквиуми, предавања и сл. ...... Значи џабе си го презапишувал..
Секако дека има врска презапишувањето предмет со уписот на семестар. Ако презапишуваш во летен семестар,т.е во овој,ако си генерација пред 2009/2010,потполнуваш семестрален лист и во него го впишуваш и предметот што повторно го слушаш.И белешка до него дали е изборен или задолжителен. Ако запишуваш електронски,дадени ти се предметите кои ќе ги слушаш овој семестра,и останатите.Тогаш ќе го штиклираш и презапишаниот предмет. Инаку паричните средстава за презапишување на предмет се уплаќаат на сметката 723019. И во договор со професорот,ќе треба да одеш на колоквиуми,предавање и вежби. Иако поголем дел од професорите ги ослободуваат студентите кои презапишуваат предмет од предавање.
мислам на тоа кога полагаш некој 3 пати и потоа или? мора секој останат предмет(од семестар) да се презапишува секој семестар
Предмет се презапишува кога 3 пати полагаш регуларно,и 4 пат комисиско полагање. Значи со завршниот и плус уште 3 пати.
Може ли некој да ми каже дали за упис на семестар префрлате средства само за партиципација и упис на семестар? Неколку дена пробувам да запишам семестар, ми вика немате доволно финансиски средства. Благодарам многу
Треба и за розов лист и семестрален 70 денари, значи за упис 570 и за партиципација и би требало да можеш да упишеш семестар.
Од априлска сесија веќе нема да има презапишување на предмети, туку ќе се полага комисиски се додека не се положи.
Кога се презапишува предмет, не одиш на предавања и вежби, туку само на колоквиуми и на крај на испит. Од проста причина што сигурно ќе се поклопи со некој предмет од актуелниот семестар. Поените од предавања и вежби, како и од практичен доколку имаш полагано се препишуваат, ама секако доколку студентот нема бодови или пак доколку сака може да присуствува и на предавањата.
Лејди,не би требало да има проблеми.. Уплаќаш партиципација,упис 500ден и розов и семестрален лист,вкупно 70 ден. 500+70 одат на иста сметка. Мора да биде Вики-дете,се надевам лошо не разбрав.. Презапишување на предмет се укинува?
Лејди,не би требало да има проблеми.. Уплаќаш партиципација,упис 500ден и розов и семестрален лист,вкупно 70 ден. 500+70 одат на иста сметка. Мора да биде Розовиот и семестралниот лист на која приходна шифра се уплаќаат? може електронски да се уплатат? прва година сум, не ми се јасни баш работите
Да да, сега електронски се уплаќаат. Се уплаќаат на приходна шифра 019,значи 570 ќе уплатиш, и партиципација на 012(мислам беше,провери си за сигурно).