Благодарам на одговорот, за упис ставив 1000 денари + за партиципација, нешто друго е проблемот [/quote] Лејди,не би требало да има проблеми.. Уплаќаш партиципација,упис 500ден и розов и семестрален лист,вкупно 70 ден. 500+70 одат на иста сметка. Мора да биде Вики-дете,се надевам лошо не разбрав.. Презапишување на предмет се укинува? [/quote] Да, се укинува презапишувањето и ќе се полага комисиски се додека не се положи. Ова лично од студентски го рабрав. Барем на медицински вака ќе биде.
Пред некоја година беше 800 евра ако не се лажам. И за секој испит се доплаќаше 500 ден + административна такса без разлика кој пат го полагаш. Уписите се различно секоја година, но најчесто се во ноември или декември. Распрашај се убаво бидејќи УГД си има обичај секоја година да менува нешто.
Јас лани се запишав на посдипломски на УГД 400 евра ти е од семестар значи два семестри 800 евра и плус 300 евра пред да магистрираш, но во меѓувреме има многу трошоци плус така да се на се на крај ке ти се фато 1500 евра одприлика
Имам сипаница. Некој документ треба да доставам? (за да не ми пишат минуси и колоквиум ке имаме следната недела)
Промена на начин на полагање на предмети кои имаат статус на Преостаната обврска. Се известуваат сите студенти од прв циклус на студии, дека предметите за кои студентот ќе освои оцена 5 при комисиско полагање (полагање по 4-ти пат) во некоја од испитните сесии, од овој момент, не преминуваат во категоријата Преостаната обврска и истите нема да бидат предмет на презапишување во повисок (ист по парност) семестар (како што беше случај до овој момент), туку истите ќе може да се полагаат (комисиски) се додека не бидат положени од страна на студентот. Притоа, предмети кои во овој момент припаѓаат во категоријата Преостаната обврска (врз основа на неположена комисиска пријава за предметот) се соодветно ажурирани, со цел истите да може да се пријават за полагање веќе од наредната испитна сесија (Априлска (дополнителна) испитна сесија 2014 година). Во таа насока, за редовните студенти, конкретен предмет може да добие статус на Преостаната обврска (истиот ќе треба да се презапише во повисок (ист по парност) семестар) само доколку не се освојат потребниот (минимум) број на поени, 42 од предиспитни активности.
Презапишувањето на предмети се укинува. Мислам делумно се укинува Ако еден испит го полагаш веќе 4ти пат, и не го положуваш, секој нареден пат 5ти,6ти ти се смета како комисиско полагање. Значи нема да го презапишеш предметот. Предметот се презапишува ако немаш 42 поени, во повисок семестар, ист по парност. Значи сума сумарум, олеснувањето е што после 4ти пат полагање, не го презапишуваш предметот повторно (а услов е претходно да си имала 42 поени) И ова ново правило стапува на сила од Априлска сесија.
Известување за промена на статус на студии за учебна 2013/2014 година Се известуваат студентите од прв циклус на студии кои немаат запишано парен семестар во учебна 2013/2014 година, дека уписот на парниот семестар може да го реализираат најдоцна до 28.03.2014 (петок) до 12:00 часот. Студентите кои нема да запишат парен семестар во учебна 2013/2014 година на 28.03.2014 година во 12:00 часот ќе бидат исклучени од електронскиот индекс како времено неактивни студенти. Со тоа студентите кои ќе имаат статус на времено неактивни студенти нема да може да реализираат активности во нивното електронско досие како пријавување на испити во Априлска сесија 2014 година.
Априлска сесија е казнена сесија. Се уплаќаат 320 денари за пријава за испит, и 50 денари административна такса.
(E)пријавување на испити во Априлска испитна сесија 2014 година Се информираат сите студенти од прв циклус на студии, во однос на сите студиските програми (генерации) дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за физичко или електронско пријавување на испити во Априлска испитна сесија 2014 година. За студентите од студиските програми (генерации) 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2012/2013 и 2013/2014, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испит(и), административна такса, како и физички пријави). Согласно, усвоениот Студентски календар и распоред на годишни активности за студенти од прв циклус на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за календарска 2014 година, терминот за електронско пријавување на испити во Априлска испитна сесија 2014 година е: - Пријавување на испити: Од 31.03.2014 (понеделник, 00:00 часот), до (заклучно со) 06.04.2014 (недела, 23:59 часот). - Полагање на испити: Од 07.04.2014 (понеделник), до (заклучно со) 11.04.2014 (петок). - Резултати од испити: Од 14.04.2014 (понеделник), до (заклучно со) 18.04.2014 (петок).
ЗДраво!! Јас сум на ФПТН и имам преостанато изборен предмет одбрано германски јазик, сакам да го полагам сега, ако знае некој да ми каже кој е професор каде се полага и што треба да се учи, бидејќи не сум информирана Позз
Zdravoo sakam da ve prasam za pedagoski faklutet dali ima vo Stip i dali e lesen ili tezok faklutetot ?
Може ли некој да ми даде линк од информатор за студиска програма 2012/2013 по Англиски јазик и книжевност, доколку има е-информатор, или пак ако го има некој дома да ми напише за секој предмет од 2ра година колку кредити носи, заедно со изборните.
http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ff/a ... vna-nasoka Ќе може ли некој што е 3 или 4 година на Англиски јазик и книжевност да ми пише лп, ме интересираат некои работи.