Другата недела е испитна сесија како што разбрав, дали останатите ќе имаме предавања? Пошто некои асистенти во тој термин кога имаме предавање имаат испит..
Dali ima nekoj sto studira tehnicko-tehnoloski fakultet, smer- industriski dizajn na tekstil, za da mi kazete nesto poveke za fakultetot od vas aspekt kako student?
Жал ми е што морам да кажам вака , но не го препорачувам. Ете ми ја дипломата, завршив таму, ама... Дури и самиот не сум си горд на себе. Мојата професија е поинаква, задоволен сум од тој аспект, но... Остатокот, поголемиот дел, општо - катастрофа! Уште е млад Универзитет и се учат на нас... Ништо не е средено и се е со пари! Се! Колку пари и нервози видов... Дури не го ни паметам тој период како убав дел од животот, баш поради таквите компликации!
Во ред, ти благодарам на одговорот, многу ми значи што имам некаква претстава за таа насока благодарение на вас.
Девојки јас сум матурантка оваа година и сакам да се запишам на филолошкиот факултет-германски јазик.Сакам да ве прашам оние што имаат студирано дали на факултетот почнуваш да учиш од почеток или пак почнуваш од некој степен? Затоа што јас во основно и средно не учев германски,само оваа година се запишав на курс и до крајот ќе завршам 2 степени.И дали книгите од кој се учи се на македонски или германски јазик?
Не е од почеток, мораш да имаш познавања од јазикот, факултетот е надградување. Книгите се на германски.
Слушнав дека можело да запишеш магистерски и на друга област, не само на таа што си дипломирал. Точно е ова?
Може некој фин да ми каже кои документи ќе требаат за упишување на додипломски ама дисперзираниве во Скопје, кај се наоѓа објектот поточно и дали тие студии уште се 100 евр година? Може некој друг да ме запише така, нема да треба потреба од полномошно? Конкурсот кога излегува, крај на мај?
Девојки имам прашање за оние што ги праќаат на пракса било каде во текот на школската година ? Ме интересира што би било ако не одиш на пракса таа една недела ? Значи не зборам за летото ? Знае некој ?
Јас оваа година треба да се запишувам на факс. Сакам да се запишам на туризам и бизнис логистика...ај некој што е на овој смер нека пише како е што е лесно тешко? како иде упис...накратко кажано се
Здраво,годинава сум матурантка и сакам да се запишам е-бизнис. Каков е смерот,што би можела да работам одкако ќе го завршам,како иде полагањето..Ако има некој/а што е таму ако може подетално да ми објасни.Однапред благодарам
Земи си само договор од факс и упатница, на упатницата каде што ќе ја обавуваш праксата треба да ти стават штембил и печат и истата да ја вратиш на факс. Инаку не мора да одиш никој нема да те проверува земи си го само печатот и толку.
До кога се пријавуваат семинарските? по 100 денари за секоја ? Административна такса колку 50/250 денари? На кои шифри? Благодарам однапред
^ Информација за навремена уплата и (е)пријавување на семинарски работи за предмети од парниот (летен) семестар во учебната 2013/2014 година Се информираат сите студенти од прв циклус на студии, во однос на сите студиските програми (генерации) дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за физичко или електронско пријавување на семинарските работи за предметите кои се изучуваат во парниот (летен) семестар во учебна 2013/2014 година. Притоа, 1. за студентите од студиските програми (генерации) 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2012/2013 и 2013/2014, уплатата и електронското пријавување е потребно да се реализира најдоцна пред заверка на парниот семестар, преку електронскиот индекс (без приложување на уплатниците за семинарски работи на шалтер на студентска служба); и 2. за студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 најдоцна со самата заверка на парниот (летен) семестар, на шалтер на студентска служба (со приложување на уплатниците за семинарски работи на шалтер на студентска служба). Студентите кои нема да ги реализираат горенаведените активности (1 или 2) во зависност од генерацијата по која студираат, нема да бидат во можност да реализираат заверка на парниот семестар, како и упис на непарниот семестар во учебната 2014/2015 година, ниту пак да реализираат (е)пријавување и полагање на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2014 година, со што стануваат неактивни студенти. Паралелните студенти застапени на следната листа (преземи) пријавувањето на семинарски работи за предметите од парениот семестар во учебната 2013/2014 година е потребно да го реализираат на класичен начин, на шалтер на студентска служба на факултетот на кој студираат, со поднесување на физички уплатници и пријави. Согласно, усвоениот Тарифник за висината на надоместоци што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги за прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, финансиската уплата за пријавувањето на семинарска работа изнесува 100,00 денари (поединечно). Реализацијата на финансиска уплата и (е)пријавување на семинарски работи се врши за сите предмети кои се изучуваат и за кои истото се побарува од тековниот семестар. Универзитетот им препорачува на своите студенти, уплатата за оваа намена (како и за сите други намени) да ја реализираат електронски, преку модулот за еПлаќање во рамките на електронскиот индекс, со што средствата се веднаш расположиви во студентското досие, провизијата е најмала и се реализира во било кое време / место со пристап на Интернет. Уплатата се семинарска работа се реализира на приходна шифра 723013. ** За семинарските работи, се уплаќа по 100 денари за секоја, на приходна шифра 723013. А административната такса: Назив и седиште на примач: Буџет на РМ Банка на примаш: НБРМ - Трансакциска сметка: 100000000063095 - Уплатна сметка: 840 174 03161 - Приходна шифра: 722 313 - Програма: 00 Сега за јунска сесија, се уплаќаат 20 денари за пријава за испит и АТ од 50 денари.
Соопштение (е)заверка на парен (летен) семестар во учебната 2013/2014 година Се информираат сите студенти од прв циклус на студии, во однос на сите студиските програми (генерации) дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за физичка или електронска заверка на парниот (летен) семестар во учебна 2013/2014 година. Периодот во кој ќе се реализира заверка на парниот (летен) семестар е 19.05.2014 г. (понеделник) до (заклучно со) 01.06.2014 г. (недела). Притоа, - за студентите од студиските програми (генерации) 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2012/2013 и 2013/2014, електронската заверка се реализира, преку електронскиот индекс (без приложување на уплатниците за заверка на семестар на шалтер на студентска служба); и - за студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 заверката на парниот (летен) семестар, на шалтер на студентска служба (со приложување на уплатниците за заверка на семестар на шалтер на студентска служба). Студентите кои нема да реализираат заверка на парниот семестар, нема да бидат во можност да реализираат (е)пријавување и полагање на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2014 година, со што стануваат неактивни студенти. Паралелните студенти застапени на следната листа (преземи) заверката на парниот (летен) семестар во учебната 2013/2014 година е потребно да го реализираат на класичен начин, на шалтер на студентска служба на факултетот на кој студираат, со поднесување на физички уплатници. Согласно, усвоениот Тарифник за висината на надоместоци што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги за прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, финансиската уплата за заверка на семестар изнесува 200,00 денари. Универзитетот им препорачува на своите студенти, уплатата за оваа намена (како и за сите други намени) да ја реализираат електронски, преку модулот за еПлаќање во рамките на електронскиот индекс, со што средствата се веднаш расположливи во студентското досие, провизијата е најмала и се реализира во било кое време / место со пристап на Интернет. Уплатата за заверка на семестар се реализира на приходна шифра 723019.
Значи за семинарска треба да уплатам 500 денари (за 5 семинарски) Колку ке треба за административна такса (50/250 денари) ?
Да да, 500 ден за 5те семинарски. И плус 200 денари за заверка на семестар. Тоа ти е до 1.06.2014. А уплатата за административна такса ти е за испити. За тоа сеуште нема истакнато датум. И плус 20 денари за пријава за испит. Значи таксените марки се уплаќаат за испитите, за семинарските не. Ако полагаш 5 испити, уплаќаш 250 ден. административна такса(5*50) и плус 100 ден. пријави за испити(20*5)
Девојки имам едно прашање факултетот за туризам не прака на пракса 1 , 2 недели во хотелите и казината , и отидовме но сега сакаат цел месец пак да одиме на пракса без пари се разбира бидејќи ако не сме оделе не ќе сме можеле да запишеме нов семестар ? Што мислите вие ? Блефираат или можно е да не ни дозволат ?
Пинк грл, од пред 2 години праксата е задолжителна, и е еден од условите за упис на семестар. Значи праксата вообичаено трае од 15 дена до 1 месец, зависи колку практиканти има за истото место. Јас во банка одев по 15 дена, иако од таму ми кажаа пожелно било 1 месец, но со оглед на големата конкуренција, имаше простор за 15 дена само, во текот на летото, за сите да добиеме потврда за пракса до уписот на факултет. Значи од студентски прашања не блефираат. Инаку знаеш, од центарот за кариера земаш упатница, и ја доставуваш до местото каде ќе ја извршуваш праксата. АКо одиш во некоја приватна фирма, земаш плус 4 договори, кои од фирмата ти ги потпишуваат и ги доставуваш до студентски. Како и на крајот од праксата, потврда за извршена пракса. Која ја доставуваш до студентски, при уписот на нов семестар заедно со останатите потребни документи.