Форумџика на годината

Универзитет Гоце Делчев - Штип

Дискусија во 'Образование' започната од velesanka, 21 септември 2010.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Да, јасно само што ние еве ке одиме 2 недели по хотелите а другите недели ќе одам на друго место и така ќе имам 1 месец што ни е потребен за факултетот. Е сега ме изнервираа што сакат уште еден месец , многу е . Нели само 1 месец пракса ни треба ?
     
  2. Piink

    Piink Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ме интересира за дипломите од универзитет Гоце Делчев - Штип, дали и колку се признаени во други држави.

    ( На web - страната им пишувба дека се меѓународно признани, меѓутоа, тоа "меѓународно " е релативно )

    Прашав и во друга тема, но посоодветно е овде, со оглед на тоа дека има повеќе студенти од УГД.
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Колеги да ве прашам за потписите во индекс. Дека сега нели ставаат електронски потписи, има ли врска во оној индекс дали ќе земеме потпис или не?
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    (E)пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2014 година

    Се информираат сите студенти од прв циклус на студии, во однос на сите студиските програми (генерации) дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за физичко или електронско пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2014 година.

    За студентите од студиските програми (генерации) 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2012/2013 и 2013/2014, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс (со приложување на соодветните уплатници за административна такса).

    За студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испит(и), административна такса, како и физички пријави).

    Согласно, усвоениот Студентски календар и распоред на годишни активности за студенти од прв циклус на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за календарска 2014 година, терминот за електронско пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2014 година е:

    - Пријавување на испити: Од 02.06.2014 г. (понеделник, 00:00 часот), до (заклучно со) 08.06.2014 г. (недела, 23:59 часот).

    - Полагање на испити:

    Јунска Прва сесија: Од 09.06.2014 г. (понеделник), до (заклучно со) 20.06.2014 г. (петок), и

    Јунска Втора сесија: Од 23.06.2014 г. (понеделник), до (заклучно со) 04.07.2014 г. (петок).

    - Резултати од испити: Од 07.07.2014 (понеделник), до (заклучно со) 11.07.2014 (петок).
     
  5. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Девојки имам две прашања за кои итно ми треба одговор :angel:

    Дали ако купам кредити значи дека сум го положила испитот? И дали ако немам доволно поени за испит со купен потпис можам да отидам на испит?

    Фала многу. :*
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490

    Шо фино звучи ова, уште така да беше, топ :D
    Инаку кредите не знам дали всушност се купуваат, ама знам дека потписот се купува за да ти го внесат во електронскиот индекс и во оној 'подвижниот', за да можеш да завереш семестар.
    А купениот потпис не гарантира поени, дека потпис се добива ако си редовна на предавања со што добиваш поени од редовност, но не мора да значи дека ако тие е купен потписот професорката/професорот ќе ти ги даде истите. Ти само купуваш потпис за да стекнеш право за пријавување испити, семинарски, заверки, уписи. Но, не се смета за положен предметот.
     
  7. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Гледам никој ти нема одговорено,па ајде јас,сега се важни електронските потписи,оние во индексот ти требаат ако одиш да поднесуваш за стипендија или ако аплицираш за Америка,Германија и сл.

    Инаку за феминката погоре што пишала: ел.потписи се купуваат 100 ден од кредит(зависи колку кредити е предметот),и се купуваат ако немаш по 6 поени од предавања и од вежби,зошто така им бил системот направен,ако имаш под 6 поени,автоматски немаш ел.потпис, исто и кога презапишуваш предмет 100 ден од кредит го плаќаш предметот.
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. victoria7

    victoria7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    37
    Дали тие што се прва година на општа медицина ќе треба да одат на пракса во болница преку лето или не ?
     
  9. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Јас имам потпис на е-учење, имам потпис и во физички индекс, поените без втор колоквиум ми се 36, и не ми се верува дека со вториот колоквиум ќе имам 42 поени.
    Сега, дали ќе можам да одам на испит со потписиве без освоени 42 или не?
    Можам ли така да си купам уште некое поенче до 42 (ама ги имам сите од предавања и вежби)?
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Поени за испит не се купуваат :)
    Штом имаш над 35 поени, одиш на поправен колоквиум,да ги освоиш поените кои ти се потребни да дојдеш до 42.
    Во договор со проф., може во е-индекс да ти даде 42 поени, но на завршен испит освен потребниот минимум, че треба да ги освоиш и плус поените кои ти се дадени 'гратис'. :)
    А за електронски потпис нема врска, ако си била редовна на предавањата, мора да ти дадат потпис. Но, тоа нема удел за испит.
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Информација за упис на непарен семестар во учебна 2014/2015 година
    Се информираат сите студенти од прв циклус на студии (со исклучок на генерациите 2007/2008 и 2008/2009 година, кои сите активности ги реализираат на шалтер на студентска служба) дека преку веб порталот за студенти е овозможен упис на непарен семестар во учебна 2014/2015 година.

    Сите студенти кои веќе имаат услов за запишување на непарен семестар во учебна 2014/2015 година и оние кои што ќе се стекнат со право за упис, истото ќе може да го реализираат преку својот електронскиот индекс почнувајќи од 26.05.2014 година заклучно со 14.09.2014 година.

    А некој може ќе си чека Октомвриска сесија да фати услов?
    Колку ограничувачко :x
     
  12. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Имаше соопштение дека освоените кредити во Октомврски сесија нема да се важат за упис така да последен воз е Септемврски сесија за фаќање услов за упис.
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Не знам, можно е. Ново правило.
    Дека за упис на претходниот, непарен семестар, рокот на упис беше преместен до кај 20-ти октомври, се чекаа и резултати од Октомвриска сесија.
    Најверојатно правилото важи за новата 2014/2015 академска година :|
     
  14. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Беше напишано во академскиот календар дека не се важат кредитите од Октомврски сесија за упис.
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Продолжен рокот за заверка на парен семестар во учебна 2013/2014 година.
    Се информираат студентите од прв циклус на студии на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип дека рокот за заверка на семестар (а со тоа и пријавување на проектни задачи, како и собирање на поени од предавања и вежби / електронски потписи) е продолжен до (заклучно со) 8.6.2014, недела, 23.59 часот.
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    8.490
    Известување за продолжен рок за заверка на парен семестар и пријавување на испити
    Се известуваат студентите од прв циклус на студии на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип дека е продолжен рокот за заверка на парен семестар (пријавување на семинарски работи и собирање на е-потписи / внесување на поени од предавања и вежби) до (заклучно со) 22.6.2014, 23.59, недела. Во истиот рок, студентите се во можност за пријавување на испити во Јунска сесија 2014, Втора декада (доколку испитот не е веќе пријавен во првата декада).
     
  17. martine

    martine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Хејјј

    сакам да прашам колку кредити треба да имаш за да можеш да запишиш година. пример јас сум 2 година колку ми требат да запишам 3та.. Фала мн :*
     
    На matilda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    ^ 90 кредити за трета година.
     
  19. Tanja111

    Tanja111 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дали знае некој каква е процеурата за нов индекс
     
  20. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Дали овој факултет е меѓународно признаен ?