Може ли некој да ми каже што треба да се направи за семинарска по Руски јазик (1 или 2, не знам точно), изборен, за четврт семестар на Бизнис логистика во Скопје? Никако не можам да најдам.
Јас планирам да се запишам на оптика,би сакала да знам дали има и други кои ке се запишат на овој факултет ))
Знае ли некој колку е цената на едногодишни магистерски студии на универзитетов?или е различно за секој факултет? Конкретно ме интересира,дали се поефтини вториот циклус на студии од оние на универзитетот Кирил и Методиј?
300 евра при уписот, 300 евра при запишување на втор семестар и 400 евра се уплаќаат 10 дена пред одбрана на магистерската теза.
Зависно ако си почетен степен, треба на македонски да напишеш за некаква споредба, пример еден хотел од МКД и еден од Русиај, или споредба на вина, плоштади....било што. А ако си продолжителен степен, тогаш семинарската од лани да ја напишеш на Руски.
Здраво на сите, студирам во Скопје и секој студент од прва година поминавме систематски преглед за да можеме да завери семестар. Во спротивно без печат не ни даваа да завериме. Една моја другарка ми тврди дека во Штип на Гоце Делчев не било така. Може ли некој од вас студентите на Универзитетот Гоце Делчев - Штип да ја разјасни оваа дилема, чисто онака колку да и докажам
Јас студирам на УГД и ќе ти кажам дека другарка ти била во право. Ниту еднаш не сум била на систематски преглед за време на студирањето, ниту пак ми побарале печат за да заверам семестар. И не само јас, никој од мојот отсек не бил, и не ни направиле никакви проблеми..
И јас студирам на УГД и нас ни бараа печат од општ доктор и заболекар во индексот за да завериме семестар во 1ва година
некој што ке оди на општа мед. ? Инаку како што знам, медицина имаат студии 5год. а 6та е стажирање во болница ?
Дечки ме интересира дали има електронско пријавување/ аплицирање за уписите на факултетите? и доколку има дали ќе може некој да го објави линкот.
Има ли некој на информатика тука? Јас сум прва година, ќе бидам втора сега и сега нешто спомнуваат за пракса документи требало. Знае ли некој нешто?
Од пред две, три години е задолжителна праксата. На сите факултети. Значи од центарот за кариера на факултетот си земаш упатница ( ако ја реализираш праксата во државна институција) или упатница+договори за пракса (ако ја реализираш во приватна фирма), и при уписот на семестар се доставува и потврдата за извршена пракса.
Да, 5 години се студии, 6та е стажирање на повеќе клиники како во средно и плус тогаш можеш да дополагаш испити што ти останале. После сето тоа, спремаш дипломска
Dali nekoj moze nesto poveke da mi kaze za faklutetot Makedonski jazik i knizevnost dali e tesko dali e dobro da se zapisam na taj ili nekoj vas predlog ??
Во е-учење во соопштенија има септемвриска и дополнителна сесија (курсот е во изработка)... Септемвриската е до 30.08 а дополнителната е во октомври како што знам..така?