Здраво феминкиииииии Саакам да се запишам на туризам и менаџмент во Скопје, али за жал прочитав многу негативни работи за тој факс. Ме интересира ваше мислење, и ако има некоја да ми каже нешто подетално за овој факултет. Итно ми е Единствен факултет што сакам да се запишам. И мислам дека е лесен. Ве молам помогнете мииииииии
За лесен , лесен е Башка ако си имаш врски понатаму за работа што мислиш дека ќе те бутнат некаде запиши се зошто како и да е дипломата мислам дека не вреди многу ...
Има некој да сподели искуство за универзитетов? Искрено мене ми привлечи внимание но некако се двоумам.... Може да им парира на ФОН или американ? Мислам.... не дека тие се нешто посебно, туку демек попознати се меѓу студентите дее...
Некој што се запишал на смер Односи со јавност или Менаџмент на човечки ресурси на универзитетов, да сподели искуство?
1300е е првата година, останатите 2 се 2500 ( ова е вкупната цена за година вклучувајќи ги и испитите )
ОК, не ми беше тоа муабетот, туку дека различно ни кажале. Кажи ми, знаеш како им е со учењето и полагањето? Бараат многу? Од книги учат или некои скриптички како што се шират муабети? Внук ми уште не се запишал, ќе видиме..
Разбрав дека учат од книги чија што цена влегува во тие 1300 односно 2500, за учење искрено не знам како е, дали бараат многу или пак не им е гајле, тоа ќе ти кажам кога ќе почнам
Може нешто повеќе да ми кажеш за факултетов?денес се запишав вонредно на менаџмент и човечки ресурси.Како се колоквиумите,испитите?лесно,тешко?некој совет.Поздравче
Може да ми пише некој порака за да добијам основни податоци за факултетот. *Им пишав, им ѕвонам неколку пати но никој не се јавува.
Здраво, ме интересира дали има некој тука запишан на овај факултет, ако да, ве молам да споделите за искуство, секаква информација е добредојдена, фала❤
Дефитивно многу лош избор е факултетот, кога се запишуваш не ти кажуваат дека треба да плаќаш испити кои чинат се на се 500 евра плус од ратата. Многу се отпишаа бидејќи финански е неиздржливо, квалитетот 0, професорите и директорот со никаква култура. Плаќаш униформа , милион работи . Затоа оваа година ја имаат ставено 799 евра ,бидејќи немаат веќе студенти. American е многу подобар и поквалитет избор.