1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Униформа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 ноември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Дали сте за или против униформите?
    Може да коментирате и за училишна, факултетска, работна униформа...
    Во голем број компании вработените лица имаат униформи. Бела кошула и црни панталони или сукњи, тегет одела, сите носат иста маичка со натпис на фирмата, бели мантили и слично.

    Па дали е подобро сите лица да бидат облечени во иста гардароба т.е. униформа или е подобро секој вработен сам да си ја одбира гардаробата за работното место?

    И зашто се ЗА или ПРОТИВ униформите? Образложете ;)
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Уноформи за на работно место, не сум баш импресионирана од идејата. Јас не би сакала да одам на работа и секој ден да изгледам исто како и сите. Баш имам кеф да си се дотерувам. Не е фудбалски терен, па сите во исто да се препознаваме. А за во училиштата премногу поддржувам да се има униформи, посебно во основно и средно, за факултетско образование, може а и не мора. Знаеме каква ни е ситуацијата во државава, многу често се случува да се прегледуваат децата меѓу себе, кој што носи, кој што има, и уште од мали нозе да почнат да се занимават со такви работи, и да си набиваат комплекси, не е пожелно. Затоа кога би биле сите во исто, значително би се намалиле разликите.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ако не сум во униформа на работното место, многу ќе се измешам со останатите и нема да се примети дека всушност јас сум на работа :D
    Инаку ми се допаѓа идејата за униформи во училиштата, на работа, на факултет... Подобро е сите во едно... Како викаат руба краси, руба гнаси. Затоа сите во исто и нема кавги кој што носел и колку пари го купил и дали е соодветно за работа/школо
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Категорично ДА, за униформа. :nod:
    Тргнувам од практични причини, што да облечам денеска? :^)
    Хаос во соба, хаос во плакарот, 20 минути се мислам и туфкам секое утро.
    Башка, ми треба посебна гардероба за на работа, а со тој буџет комотно можам да си купам гардероба за излегување и дотерување по мој вкус, а не да следам некојси кодекс. :^)
     
    На Bokicka, senza.parole, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Кај нас на работа ни дадоа униформи, ама ги носевме два три месеци, додека да ни помине кеифот. Сега пак си одиме кој во што сака.А се сложувам дека е подобро со униформа,барем не му ја мислиш што да облечеш секој ден.
     
  6. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    ДА-јас сум за униформа.На работа,на школо,средно...секаде.Едноставно,кога ќе погледнам околу мене некогаш се чувствувам како да сум на некоја модна писта или сл.Мислам кој е целта еве пример на факултет да идам целата дотерана,штиклосана како за искачање,како некои што идат :?:
    Плус сабајле ќе заштедам време,нема да мислам што да носам :)
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Во моето училиште едно време имаше униформи, но сега никој не ги носи.
    И многу беше подобро со униформи, како што некој погоре спомна, не треба да се замараш што ќе облечеш наутро, ниту да се грижиш ако два пати ја носиш истата маичка. А и нема да ги има оние закачања за тоа кој колку пари го купил. :)
    За униформите. :)
     
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    За униформи во училиштата
    Тоа е сепак образовна инстутуција и таму се иде за да се научи нешто. На посиромашните деца ќе им намали многу стресови ова -нема да се загрожуваат дека секој ден во едно исто одат во школо и тоа нешто купено од Шутка ,додека гледаат други кои секој ден се во различна скапа облека .
    Значи се работи за школо а не за модна писта. Додека да се спремаат за во школо да мислат што да носат
    ќе имаат повеќе време за учење. А и ќе си купуваат повеќе облека за излегување .
    Јас маки мачев кога си купував блузи панталони и слично
    некои работи што се за излегување не се пристојни за во школо и обратно.
    Да воведеа униформи во моето школо многу ќе ми олеснеа :|
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Во основно имавме униформи ама само од прво до четврто. Всушност тоа не беа униформи туку кецели и изгледавме како чистачи на улица. |( И тоа боја - плаво со портокалово. :x Потоа немавме, се бунеа децата дека не сакале да носат.

    Сега во средно немаме, а баш би сакала да имаме униформи, за да не се зборува низ школо кој што носи и кој поубаво се облекол или пак кој носи марка а кој не. И навистина ми е жал што немаме униформи. Барем да имавме дуксери или обични блузи со знакот на училиштето, а не којзнае што. А за на работа, што знам, мајка ми на поранешното работно место имаше униформи, сега немаат. За на работа не знам дали треба или не треба да се носи, може, а не е неопходно, сепак сигурно возрасни луѓе нема да се препукуваат за тоа кој носи марка. :)

    Сепак сум за униформите.
     
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    кај нас се носат униформи на училиште...не само во моето училиште туку и во сите останати средни во Битола, кај нас прво воведоа, а потоа во сите други со ред, ама сепак мислам дека кај нас најредовно се носат(можеби дека некои професори пишуваат неоправдани ако не ги носиме), сепак не ни се нешто лоши униформите, убавки се, па не ми пречи да носам, а и не мора да мислам на сабајле што да носам, така да ДА, немам ништо против униформите :)
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Во основно имавме униформи и ги носевме само една година,ама навистина беа убави,кецељи како тренерчиња горни ,црвени за женските со плаво-бели рабови на ракавите и плави за машките со црно-бели рабови,баш ми беа слатки и си ја носев мојата,не се замараш што ќе носиш,пери носи,ама и нејзе таму и помина трендот.
    Сега точно пред една недела ни дадоа и во средно,секако пред тоа ни “зедоа“ мера(исто како да не ни зеле,ни струкирани се ни бутур),една темна неодредена боја љиљава кон кафеава за нас и тегет за машките,материјал полиестер и што дека плаќавме кога никој не ги носи.
    Ако десетмина не носат и готово никој не носи тераат некоја шема,со штиклите од 10 цм на школо,а не сакаат со униформи да бидат типките,поготово тие од село на кои школото им е излет,разондоа,чаршија,ако за нив суштината на одење на школо е покажување и истакнување на нивните “атрибути“(голи гради,голи нозе и задник(штета за нив со униформата ќе им се скрие),не знам кому најдоа да дадат униформи.
    Ни прочитаа соопштение за нив,ни правила,нити па на професорите им дадоа,а тие сакаат,ама пак бојата нив им била светла ќе им се валкала со креда,побогу,нема да варосуваат.(само изговор е ова)
    Целата работа е што се перат пари на овој начини жални се поготово тие што се прават јаки ,плаќаат,а од ко ќе ја земат после не знаат кај им е.
    Јас сум ЗА униформи,ама не можам да се правам изрод и само јас да ја носам,жалосно е што се има некое не знам ни ти ја какво мислење (веројатно ниско)за носењето на униформи,ако неносењето ќе ги направи поубави и помодерни и пофенси,“по фаци“ можам само да им честитам.
    Во случајов испаѓа за џабе сме дале пари,не е за 400 денари,ама за психата,достоинството,физичкиот изглед ќе да е,зошто некој да се покрива и да не си го истакнува својот заоблен или растресен задник?
    Ако се донесува таква одлука,барем спроведи си ја постапката до крај,биди орагнизиран,а не да си правите секој како ќе ви текне,да во случајов најбитно било паричките в џеб и готова работа.
     
    На Strumfeta93 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Сум ЗА униформите, ако ги воведеа додека бев во средно или основно ќе беше супер, немаше да се замарам секој ден што да облечам. И за на факултет исто, добро би било да имаме. Така сите ќе бевме исти, како што доликува на ученици и студенти, а не како некои што правеа испади, абе да ти е непријатно да ги гледаш. Се во своја пригода, има време и место за се и за секаква облека.
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Во нашето училиште воведоа униформи. Од почетокот на сите им беше интересно да ги носат и ги носеа а сега гледам скоро никој не носи. Секој си се облекува по свој вкус а дури некои девојки се облекуваат недолично (а некои пак без вкус лелеее...). Инаку сеуште немаме некоја строгост околу нивното носење што мислам дека не е во ред. Треба да се каже дека униформите МОРА да се носат на училиште, а сите оние што не носат да не бидат пуштени на настава.
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Џабе ќе се каже мора кога ако не бидат пуштени на настава одма ќе се дигне прашина,ако не одиме доброволно треба казна да се плаќа,а само заради неносење да не не пуштаат на настава,нема логика,ако некој не сака да купи или нема финансиска можност,а сака да носи,единствено решение ако беа бесплатни па мораа да се носат ќе можеше да се спроведуваат такви мерки.
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Работата е што за да се воведат униформите требаше сите родитетли да дадат согласност за нивното носење во спротивно немаше да се воведат. Кај нас сите ученици купија униформи и џабе си ги фрлија парите така ги чуваат дома. Не верувам дека некој родител ке си дозволи своето дете да не го пуштаат на настава само поради тоа што не ја носи униформата и така како што викаш ти немаат финансиска можност секој месец да им купуваат нова блузичка затоа што се разгалени и сакаат секогаш да се дотерани за на училиште. Некои се облекуваат поубаво и поскапо а некои носат секој ден едно исто и така паѓаат многу озборувања и дискриминирања, а кога се носат униформи сите се исти и нема делење на учениците. А и незнам која е таа филозофија што толку им пречи да ги носат униформите кога им е дозволено по две блузи и џемпер па така можат да ги менуваат.
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Баш сега носиме униформи на школо...Маица на куси ракави и дуксерица...Дали ми се допаѓаат?....-Па :?: убави се :D Убаво е цело училиште да носи иста облека мислам униформа ама мислам со тек на времето ќе ни досади :D :!:
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    имаме униформи во школо.. сум ЗА униформи, ама оние нашите се.. :x долго палто како мантил од тексас ама еден тежок тексас што е |( не изгледаме на ништо..тука немат сите толку средства, ама убаво би било да ни воведат цела облека, како на западот - кошулчиња со некои врски, со сукнички или панталони, џемперчиња и елеци.. :lol: па така сите ќе бидеме "туто комплето" :D и така нема да има препреки кој што носел и како се носел.. :)
    можеби ќе бидам малце офф топик, ама .. во еден филм една жена му се јавува на човекот, таа беше киднапирана и кога му се јави вика "оди да ми го земеш детето од школо", а тој вика "во што е облечен?" и она му вика "во кремасти панталони и светло сина кошула", тој оди во школото и кога гледа сите деца облечени такви и не знаеше кое дете треба да го земе (таква им беше униформата) :lol: :lol:
    еве пример на какви мислев:
    [​IMG]
     
  18. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА униформите и за во школо и за на работа.Добрата страна на униформите е тоа што нема да си ги упропасуваш сопствените алишта и нема секој ден да ја мислиш што да облечеш утрешниот ден :D се знае тоа си е едно :lol:
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    За на училиште и факултет ДА за униформите.Од повеќе причини...Прво немора наутро да станеш и да мислиш што да облечеш :D Исто така е добро затоа што нема да се забележува разликата меѓу децата.Пример некое дете е поубаво облечено од другото,децата кои немаат многу пари можеби одат во едно исто,а други деца секогаш во различно(а кога се работи за помали деца,тие знаат и да се шегуваат на таа сметка),а вака сите во исто ке бидат.А и интересно е :)

    А за на работа сеедно ми е.Т.е. не баш,сакам јас да си се дотерам сама,понекогаш седнам и се замислувам како професорка,па што би носела,каква облека ке си купувам бла бла бла :D ама ако морам да носам униформа-ке носам,нема да се бунам. :)
     
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    јас сум ЗА униформи.
    Прво од причина да се намали нервозата од типот што да носам??
    Второ да веќе да нема дискриминации за тоа дали некоја оди во иста облека цела недела во школо/на работа/факултет а пак други да менуваат секој ден..тоа е жално зашто се случува кај нас. Јас не сум имала прилика да носам униформа,во средно пропуштив за една година, а на факултети нема (освен на приватните секако)..баш штета