1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Униформа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 ноември 2010.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Малку е апсурдно во нашава држава да зборуваме дека со униформата ќе бидеме сите еднакви...

    Првин затоа што таа униформа голем дел од учениците заради финансиски причини не можат да си ја дозволат, или бидејќи се приморани ја купуваат, но само една (а на сите ни е јасно дали еден блузон може да се носи цела недела, а и да се испере за викенд, прашање е дали ќе се исуши на вакво време без ветер).

    Второ, поправете ме ако грешам, но сите имаме само горен дел од уноформата, е сега фармерките, патиките, па ајде и ранците да кажеме, зарем тие не го покажуваат нашиот статус?

    Не велам дека не е практична, бидејќи не ја уништуваш твојата нова облека, и како што спомнала некоја девојка, ќе нема веќе "цицки на клупа/ тацна", но ако некоја ученичка има таква цел, едноставно ќе се напука во тесни фармерки, ќе облече танга (и ќе се погрижи истата да биде видена) па така и тој аргумент, за непристојното облекување паѓа во вода...

    Па од тука јас велам НЕ за униформите на училиште!
     
  2. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.259
    Пол:
    Женски
    Сега и ние ке почнеме а носиме униформи и воопшто не ми се допаѓа идејата.Блузоните чиста синтетика од која можеш да се исипеш.За во средно ај може..амо во основно.. :^) И што ако сите сме исти ?Расизмот ли ке го снема???НЕ...А во основно едноставно нема некој што носи танга и сл.Нема потреба од униформи,а прашање е дали сите ке можат да си ги овозможат униформите ,900 ден. за еден комплет,рачунајте два комплета за едно дете 1800 ден.Две деца 3600 ден.Некои за леб немаат ,а па не ова...Униформите имаат само една цел..а тоа е да нема разлика меѓу децата..Епа извинете ама секој си е убав на свој начин и нема потреба сите да бидеме исти.
    Едно големо НЕ за униформи :x
     
    На sweet-star и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ние сме едно од ретките училишта што имаме униформи, и тоа со долгогодишна традиција, и баш ми се допаѓа тоа. :)
    Имаме и џемпер и маичка, едно парче е обавезно за во школо, и можеш и да си го изразиш личниот стил (да комбинираш маичката од униформата со твој џемпер, а џемперот од униформата со твоја кошула и сл.) а едноставно кога не знаеш што да облечеш и двете на тебе.
    И не се скапи, така да сите можат да си ја дозволат.
    Е сега ако сака некоја да си биде кич ќе си биде и со униформа, зашто ги гледам низ школо со огромни гломазни ташни и накити, со црвени кармини, со штикли и слично...
     
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Убави квалитетни униформи со навистина осмислен дизајн, зошто да не? Убаво е кога ќе се погледне сите ученици во униформа, изгледа складно и супер. Ама, како што велат учениците да ги носат бидејќи така ќе се намали класната разлика меѓу истите? I mean, b**** please. Секогаш се познава кој што може да си дозволи и кој е сиромашен, а кој богат. Сиромашниот на таа униформа ќе облече евтини патики и стари панталони. Богатиот, примерно земено девојките, ќе облече скапо сако одозгора, убави кожени чизми, ќе с дотера и нашминка, притоа носејќи ја унформата. Така да, и од авион ќе се познае. A и е уште еден начин само пари да се перат. А и какво ни е образованието, мислам дека униформите треба да им се последни на to do листата. Земи прво реши образовниот систем, за облека секогаш има време.
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    уфф сакам :)
     
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    кај нас униформа е бел мантил- докторски нелии, па медицина смее мислаам :D го купивме по 1 000 ден од Г -компани

    во прва година секој ден го носевме, мерак ни беше така да шетаме со мантили се замислуваме којзнае кои доктори сме :lol:

    сега више не, ги носиме само кај оние професори кои строго бараат мантил пример: биологија кај Тасевска и интерна медицина кај Марина годинава :P

    и нормално на пракса си иаме посебни униформи и тоа се состои од: бела сукња, бело палто и на него беше извезено логото на школото и одоздоле името на школото на Македонски и Албански јазик, капче, бели кломпи-докторски нели и бели чорапчиња кратки. Исто сами си ги купуваме, капчето, сукњата и горното коштаа 1 200 ден. и кломпите беа анатомски нели 1 000 ден.
    оваа униформа е само за сестри смер, другите на пракса со мантил идат само. :)
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам за мислењево.И плус тоа,секоја година,нов комплет... па чекај бе малку ? Во училиштево има и сиромашни и богати.И кај мене уште малку ке почнеме да носиме униформи.ПРво нешто што помислувам кога носам униформи е неквалитетот на материјалите.Затоа : Големо ДА за мислењето погоре и големо НЕ за униформите.
     
    На Maria.Vampire и summer-lover им се допаѓа ова.
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Нема ама баш никаква врска дека секоја година треба нов комплет, единствено ако драстично се здебелиш/ослабеш или ако ти се искине/оштети нешто.
    А за пари, извинете вака ама колку трошите општо за алишта?
    Да не одите цела година во 2 блузи?
    Тука не подразбирам социјални случаи или многу сиромашни, и да се воведат секаде униформи сигурно за таквите би биле беплатни.
     
  9. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Зошто да не ? Го одбележуваш името на училиштето.Јас со униформиве кои скоро ни ги приклучија се чувствувам некако поубаво дали од филмови сега што гледам и интересно ми.Униформиве со бела мајца и за во зима ни дадоа едно џемперче за врз мајцата кое е нешто посветло од тегет.Го има и обележјето на нашеето училиште. :)
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас сум за. Сите треба да бидат еднакви, во школо, на работа.
     
  11. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    12.567
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА униформи дефинитивно :!:..Еве конкретно за нашава училишна униформа мислам дека е многу корисна затоа што додека не ги носевме, имаше многу осудувања меѓу децата кој каква облека носи, кој е богат а кој сиромашен (деца бе, судат по надворешниот изглед)...Подобро е сите во исто и да нема повеќе такви озборувања..А и некои девојчиња немаат осет, повеќе се дотерани за на училиште отколку во викенд навечер што стварно не е во ред :?:
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден зборевме со една другарка за прашањево (којзнае колку пати зададено на есеи по англиски btw :D) училишни униформи - за/против. Мислам дека оваа тема би била соодветна за ова, иако дилемава посебно за училиштата е повеќе за во Образование...

    Јас лично (како што имам пишувано секогаш и во есеите :D) отсекогаш сум против новитетот - задолжителни униформи во училиштата.
    Негативноста е тоа што униформите за тинејџерите се ограничување на слободата на изразување преку сопствен стил (а нема ништо лошо во тоа и на училиште, секако во пристојни граници - и патем и не толку добро ситуираните деца можат да го имаат, бидејќи стилот не е само во парите). А искрено некоја вистинска корист јас воопшто не гледам... Тоа дека со вкалапување преку униформите ќе се намалат и исчезнат класните разлики меѓу децата, оговарањето, потценувањето и булингот на посиромашните – ми е страшно површна и нереална поента.
    Мислам, уште надворешно покрај униформата тука се обувките кои остануваат личен избор, потоа ранците, училишниот прибор, па технологијата (мобилните), неизбежни муабети за излегувања, одмори... Една побогата личност која сака да потцени и дискриминира, ќе го направи тоа макар и во затворски униформи.

    Така што, во училиштата има многу подлабоки приоритети на кои треба да се обрне внимание - како на пример професорите да работат многу повеќе на искоренувањето на булинг меѓу децата, а не многу од самите нив да дискриминираат според таа класна разлика.

    За на работно место е сосема друго (заштита при физичка или било каква работа што подразбира употреба на хемикалии на пример, или како дел од дрес-код на угледни компании коишто вработените ги претставуваат), но во основните и средните училишта според мене униформите се скроз непотребни.
     
    На joy1 и Zaljubena26 им се допаѓа ова.