1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Униформираност

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 22 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Колку постои униформираност во нашава држава и искрено колку вие сте дел од него?
    Првиот дел од прашањето ќе е потврден, бидејки тоа е реалноста, има девојки кои посебно се издвојуваат последниве години бидејки се отворија брендови имаме поголема понуда на облека и акцесорис, шопинг во солун, софија, белград итн е стандард да не речам последниве сезони за време на попустите. Но сепак униформираност постои и тоа огромна.

    Модерна е чипката и ќе излезеш во град 95% од девојките носат чипка.
    Модерни се салонки црни, тепачка за црни салонки.
    Сезонава модерни ќе се салонки во боја, сите ќе ги носат.
    Модерни се тесни скини фармерки, кој носи широки и ѕвонасти се лепат етикети на застареност, демоде, само тесни фармерки се ин. А до вчера цел гардаробер им беше ѕвонаст.
    Сите носат ташни со синџирче на страна, тепачка има за сите да имаат таква ташна.
    Кај нас е модерно се она што носат другите и што носат нашите другарки.
    Шери Хил фустаните се модерни со сезони само зашто повеќето матурантки ги носат, па по дифолт значи тоа е она што е модерно, божемски.
    Ако до лани беше демоде гумени чизми и смешно, штом почнаа да ги купуваат и ги имаат нашите познаници одма се зголеми побарувачката на истите чизми, а лани па и прехлани ги имаше пример во Ил Камино сите се срамеа да ги купат, рибарски биле.
    Да не го спомнувам винтиџ стилот, до лани тоа беше апсолутно бабест стил, селски стил. Со исклучок на некои девојки кои носеа стари чанти од баба и цветни фустани и кои примаа чудни погледни, годинава тепачка има кај бабите која внука да и ја украде ташната.

    Колку сте дел од таа маса на униформираност?
    Може вашиот одговор ќе е дека сакате да сте оригинални, ама по другите теми во избор на слики, во избор на кое парче го посакувате итн се едно исто се посакува, она што се носи во моментов тука.

    Што е причината за униформираноста?
    Недоволно избор за облека? Недоволно брендови за широка потрошувачка со пристапни цени?
    Или пак срам за да не бидеш исмеан ако облечеш нешто што не го носи секој втор? :)
     
    На Cakica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Супер тема :) ова е многу точно и додека живеев во Струмица ми беше и многу смешно да си кажам искрено. Излезе мода да се носат фармерки во чизми, цела фрикинг гимназија девојките беа со фармерки во чизми. Излегоа на мода тие ептен тенките каивчиња, нема кој не ги купи. Ај мајни девојките ами и момците се такви бе :fubar: Излегоа едни јакни со капи и крзна околу капата, сите ама буквално сите ги купија истите јакни само различни бои. Има многу моди поминаа.
    Јас лично никогаш немам следено мода си фурам некој мој стил, спортско елегантен и шик и другарките од секогаш ми велеле секоја чест не би ми дошло ни на крај памет ваква комбинација или слични коментари.
    Многу ретко се луѓето што носат тоа што им се допаѓа ним, а не на широката народна маса и тоа е факт.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Kaко ќе ни свират,така ќе играме.
    Некогаш сме скептични за некое парче облека како ќе ни стои, па чекаме да почнат да го носат други за да почнеме и ние.
    Ништо страшно.
    Иритира, да.. зошто не постои креативност во луѓето,а реално стилот е креативност. Но, немаат можност да бидат креативни и често може да ги гледаат како марсовци.
    И јас гледам така некој металац со тесни кожни пантолчиња и мрсен во косата, ама побогу тоа е посилно од мене.
     
  4. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Дефинитивно постои униформираност и тоа голема.Пред се мислам дека тоа произлегува од фактот дека 95% од нашите продавници имаат многу сличен асортиман на гардероба само разликата е во квалитетот.Ние и како народ сме луѓе што постојано се угледуваат на другите,па и во случајот со гардеробата не е поинаку.Баш ме потсети на минатото лето кога сите мораа да имаат цветни фустанчиња.Од овој тренд на исто облекување единствено се издвојуваат луѓето со строго дефиниран сопствен стил и оние кои што не се замараат со тоа што ќе каже Петко,Јанко,Станко за нивниот начин на облекување.Што се однесува до мене никогаш не сум купила нешто само затоа што е модерно и сите го имаат.Кога купувам гледам пред се мене да ми се допаѓа,убаво да ми стои и да е квалитетно,а со оглед на тоа дека имам класичен стил на 21 годишна девојка многу пати се случува да имам слична гардероба како и моите врснички.Но да се носи нешто затоа што сите го имале тоа и било must-have за таа сезона НЕ :)
     
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    А како да избегаш од униформираност?
    Каде и да се свртиш секаде исто и сакал нејкеш ќе бидеш униформиран
    Ако се носиш со последна мода, значи дека си ист како сите и дека немаш стил, а ако носиш нешто винтиџ значи си застарен, демоде и незнам што
    Таков народ сме што само сака да збори за нешто

    Не сакам униформираност и точка
    Многу ми е еднолично
    А што се тиче за чипканите фустанчиња конкретно имам едно ама од љубов на прв поглед, не од тренд
    Гумена чизма не обувам сеа за сеа.
    А салонки во боја имам можеби 5 пара. Едноставно не сакам претерани црни чевли
    И сеа? Ако ги носам тие работи оваа сезона значи дека сум униформирана, а тоа е нешто што очајно сакам да го избегнам
    Али шта чеш?
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Униформнирани сме само затоа што се грижиме што ќе рече народот доколку облечеме нешто нестандардно со што ќе отскокнуваме од толпата униформирани.
    А нема што да се прави,всушност.
    Ќе ти пукаат сеир. Неможеш да ги спречиш да те гледаат и да дофрлуваат.
    Освен секако,ако не смрдиш на самодоверба,и не им ставиш до знаење дека тоа што е на тебе го носиш со љубов и полов орган не те боли за нив.

    Пример:
    Летото женско не видов да не е облечено у цветно или nautical.
    Зошто?
    Оти диктирано е дека тоа е тренд а никој нема муда да облече нешто поинакво.
     
    На TS-310 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.406
    Пол:
    Женски
    Самото тоа што во продавниците се носи нешто ново на некој начин не примамува. Реално кој може да остане имун на прекрасните високи потпетици во боја? Верувам ниту една девојка што може да си дозволи да има повеќе пара чевли во плакар.
    Фармерките цевка не се хит 2,3 години, веќе повеќе од 7,8 се. Но, не верувам дека баш секој ги носи. Кај нас е лошо тоа што ако некој сака ѕвонарка или едноставно нормална права фармерка потешко ќе најде зошто нема таков избор.
    Униформираноста колку што е наметната, толку и новите парчиња се попримамливи за женското око.
    Би рекла униформираност е ако баш секоја сезона ги оставаш старите парчиња и купуваш нови, трендовски. Но, доколку новите, трендовски парчиња ги комбинираш со нешто многу постаро не би рекла дека носи униформираност.
    Затоа не мислам дека сум униформирана. Да, чевли во јаки бои имам; да, имам кошули и фустани од времето на мајка ми; да , би си купила гумени чизми. Но, сето тоа не го носам за да бидам во тренд, туку едноставно ми се допаѓа.
     
    На Sanniii, Artemission и TS-310 им се допаѓа ова.
  8. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Тоа се главните причини.
    По продавниците истите работи се продаваат,истите модели само мали разлики.И нема многу избор.А кога еден ќе купи нешто,па и друг и после сите ќе купат.Па и да сакаш нешто друго нема

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еве еден пример
    Колку верзии на овие сино-цвени-бели фустањчиња се појавија?И колку луѓе имаат барем едно?Во секоја продавница се продаваа
     
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Униформираноста кај нас дел е од фактот дека имаме 2 асални продавнци за купување и дел од тоа што повеќето девојки не се информирани за што би им стоело на нивното тело, а што не па сите по шаблон купувааат исто. Ако една има некој фустан и знае да го носи не значи дека и другарка и ќе може да го носи. Цените исто така играат голема улога при купувањето. На пр. ако имаш можност да купиш убаво фустанче од 1000 и ПРЕубаво фустанче од 6000 кое ќе го избереш? Тоа од 1000 секако иако тоа го има половина град, зошто секој размислува на кој начин со ограничен буџет да се облече комплетно, не сите сме моќни да купиме фустан од 6000, кондури од 4000 и сако од 3000.
    Многу ми е глупо ко на пример одиш во дискотека и гледаш сите девојки до една облечени во црно кратко фустанче, небитно дали во него изгледаш ко прасе во фустан или ти стои како закачалка, Нема да најдеш некоја девојка облечена во розево или плаво ама апла да трешти, никој не се осмелува да ризикува, никој не сака да излезе од својата зона на комфор.
    А што се однесува до кондурите слободно може сега сите да купуваат во боја каде беа они кога јас за полуматура носев дречливо розеви кондури и шарено фустанче, да напоменам дека бев единствена така облечена.
     
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не патам од таков комплекс дека сум униформирана. Невозможно е да имаш парче гардероба кој никој ама баш никој друг нема да го има. Неретко се случувало да не купам нешто што е на мода бидејки не ми се допаѓа. Ако случајно ми е допага тоа што 95% од девојките носат, зошто да не си купам и јас? Ке речете криви се продавниците кај нас. Да, криви се што носат се исти парчиња гардероба, ама еве на пример во Македонија женските не носеа толку интензивно венчиња додека не се појави Госип Грл и Блер, една мочана серија го наметна тоа дури и кај нас, земја за која повекето воопшто и не слушнале. Излези во град, сите венчиња, шешир-шноли, па пердуви со шљокици и циркони- кичерај у пм, ама нели Блер го носи де.. Јас носам венчиња од 7 одделение, да не речам секојдневно. И сега измислив топла вода ли?

    Се е прашање на вкус. Има девојки кои не следат мода, кои со години немат ништо купено, не бидејки не сакат да бидат униформирани туку бидејки старите парчиња гардероба од мајка им или сестра им, им се допага и чувствуваат сатисфакција кога ја носат неа повеке одколку чевли на опасно висока потпетица.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила дека ако носам високи салонки дека спагам во етикетираните „униформирани“.
    Факт е дека се прати моменталниот стил и тренд, и врз основа на тие проценки што ке се носи следниот период, се купува облеката и тоа според мене е нормално, бидејки го следиш она актуелното, мегутоа примарен фактор е сопственото око и сенс дали нешто ти стои или не. Е доколку некој е во втората група, парчето да е „ин“, но ниту знае да го износи а најстрашно не му стои, а упорно е за тоа парче, тоа е веке пуста желба да го носи и поседува.
    Не се сложувам со насловов и примерите за чипка, салонки, фармерки, бидејки ние живееме на овој свет и во овој момент, а во него актуелни се горенаведените, сепак не се очекува да се носиме според модата од 1952 година во времето на Сулејман, и тоа отсекогаш било така и ке биде, да кога е нешто убаво, се пронаоѓаме во тоа моментално ин парче, сметам дека не е прав знак дека си униформиран.
    Два прста во вис за постепените чекори и напредокот во модата, а тоа подразбира постојано исфрлање на нови интересни партали( можеби модефицирање и заживување на старите), од година во година ми се допаѓа се повеке стилот кој се претставува било од искусни и стручни лица, било од Запад, било во нашава држава.
    Што се однесува до насловов, јас под униформираност подразбирам 2-3 или повеке девојки, страшно некреативни, и облечени налик една на друга, во исти парчиња, само можеби различни бои, па ке си речам како во униформа да се, а инаку за моменталниот тренд, на високи потептици со платформа не го сметам за униформа, бидејки тие се во моментов ин и секој кој се пронага во тој стил и вкус, и знае да ги износи со сите нивни(евентуални) предности и негативности, само напред.
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Никако сите ако фрли некој во бунаро не значи дека и ти треба...
    пред се нема брендови со пристапни цени од една гледна точка а од друга гледна точка срам да не ти се смеат овие „модерните„ :)