1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уништена гардероба

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 29 јануари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Дали често ви се случува да уништите облека или акцесорис?
    Тоа може да е уништено од перење, од пеглање, да го скинете, да направите флека која не се чисти, да скинете ланче, алка, обетки, прстен, да ја скинете рачката на чантата, штиклата да ви се скрши, ремче итн.

    Дали спаѓате во групата на несмасни па често ви се случува тоа :)
    Што правите на таа облека?
    Дали пробувате да го поправите уништеното? Посебно ако е многу уништено.
    Дали правите ново парче облека од тоа додавате лепенки, нитни и слични додатоци и ја прекривате флеката да речеме или лепите, сечете, шиете сеедно.
    Дали сами пробувате да направите или носите на чевлар ил кројач.
    Или фрлате во ѓубре, евентуално имате нова крпа за бришење дома :lol:

    Некое омилено парче облека кое сте го уништиле и за кое сеуште жалите?
    Да споделите ваши успешни методи со кои сте се справиле и уништената облека сте ја направиле повторно нослива? Или да кажете како сте исчистиле некои флеки. :)
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Уништена гардароба

    Облека и не ми се случувало во последно време да уништам (фала богу :) ) но порано ми се случуваше почесто.Едни бели хеланки си ги направив лом поради пеглање со неисправна пегла.Зелени купачи,чисто нови откако ги исправ еднаш во перална се собраа и не можев повторно да ги облечам а дали еднаш ги носев.Многу ми беше мака за нив.
    А сега скоро си изгорев една тренерка која ми беше поклон за матура и баш ми беше убава и комотна за по дома но сега е како партал од назад.Што да правам кога сум несмасна :) .
    А од акцесорис пола од венчињата кои ги имам ги скршив :) .
     
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Уништена гардароба

    па не,мислам дека не ми се случило да уништам грдероба,најчесто внимавам на тоа што го носам и алиштата кои неги носам ми се мали па затоа не ги носам ги давам на помали братучетки,а ако ми се свиѓа ншто премногу си оставам за мене си го чувам за успомен :lol:
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Уништена гардароба

    Oблека до сега не се секавам да сум уништила,но кога станува збор за чевли јас сум вистинска Hемасница :wasntme: сите чевли до сега или сум ги изгребала,или некои од тие напред како аксесорис кај балетанките ми испаднале,ми се одлепиле,па кај сандалите морам да имам проблем со ремчето |( или па тие одоздола на сандалите како мали топчина што се,да се изгуби едното па кога ке одиш гребат или цвичкаат,се надевам знаете за кои велам топчина.....

    A не можам да се сетам дали сум уништила некој аксесорис,само дефенитивно од секој чанта ми пагаат тие патентите или железните мали додатоци :devil:
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Уништена гардароба

    Многу пазам на облеката и скоро никогаш не ми се случио нешто да уништам. Може да ми се скине од износеност само и ако ми е мака да го фрлам пробувам да го оправам како знам и умеам.

    Еднаш само имам изгорено со пегла едно фустанче. Го купив, го исправ и земав да го пеглам. Незнам како се занесов и ја задржав пеглата на едно место. Кога гледам- дупка кратерска на сред грб. За малку солза ќе пуштев, ниту еднаш го немав облечено.
    Поправката беше сложена за моите аматерски способности и го однесов кај мојата шнајдерка. Алал да и е на жената во секунда и текна како може да се среди.
    Имено, фустанчето беше со затворен грб. Таа го исече до под дупката и ми дојде отворен грбот. Купив од Битпазар многу убави траки со цветови и ми ги соши како прерамки, позади на грбот вкрстени. За пола саат го среди, а јас си добив ново фустанче 1000 пати поубаво од фабричкото. И го утепав од носење. За летно време ми е супер лежерно и лелеаво :) .
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Уништена гардароба

    Мислиш на штиклите тие што ги има?
    Поточно флекниците? :)
    Тоа не е уништено, туку и може и убава чевла да е но ако многу ги влечеш нозете пак тоа да се оштети.
    Се менува за 5 минути кај чевлар.
    Јас стално менувам, дури во повеќето чевли има и резервни.
    Е сеа ако мислиш на нив, дека ако ги немаш гребе доле :)

    Последната флека мене од која срце ме болеше е од мастило.
    Не се вади за жива глава.
    А и да кажам каде беше, на омилената бела кошула, која ја барав 100 години, со пумпарести ракави и оп мастило од печат, мислам до срце ме здоболе кога ја видов флеката.
    Но има една добра работа, над градите ми беше и си купив брош, па со брош ја носам.
    Како и да е не е сеедно кога знаеш дека имаш чиста и исфлекана кошула :)
    А пред некој ден гледам конче на ролката, го повлеков абре цела блуза отиде :lol: ама добро е се средува тоа конче и игла и готово :)
    Ланските гладијаторки кои ги носев цело лето ми се скршија на пола. Тоа е ради квалитет ексима. Гладијаторките сега ги прават како дрвено-пластилно доле и тоа пука, сум слушнала и на други. Толку им е векот на кинеските кондури.
    Најглемиот ужас ми беше пред 10тина години и јаче море, кога најк патиките мајка ми ги стави во машина но згрешила жената на вриење ги ставила. И оп на парчиња ги извади, си ја рикнав јас ко крај на светот да е и одма вечерта добив нови поубави патики :wasntme:
     
    На LittlePinky и wolf4e им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Уништена гардароба

    Несмасна сум за облека и воопшто не ја пазам, но делумно се вадам и на неквалитетот кој врие денеска. :lol:
    Кога бирам нешто поголемо, задолжително ја земам мајка ми ако е во можност да дојде, мојот инспектор за проверка, она ќе го преврти да речеме целиот капут или фустан и ќе му ја најде и таа минимална фалинка, ако ја има, а јас сум како некој слепчо, би го земала и со расшиени рабови и без едно копче.
    :D
    Понекогаш дури и со инспекторкава кога доаѓаме дома, при втора проверка наоѓаме маани и тогаш она збеснува, седнува на машина и го поправа.
    Кој квалитет го имаме денес бре, си доаѓаш со ново парче облека - и седнуваш да го поправиш, ниту еднаш необлечено. :^)
    Менување флекници, поправање рабови, замена на копчиња тоа ми е нормално, тука не подразбирам дека е уништена гардеробата.
    При перење ретко се уништува нешто по дома, освен едно џемперче, се смали премногу, па го дадов на 4 годишното девојче од пријателка, си го изнаноси.
    И ич не ми беше криво.
    Ако нешто се скине, јас благо очајувам демек (половина час ми трае тажачката обично, некогаш и помалку) :D , а мајка ми иноваторот го поправа со некое парче, марама, брош, некаква лента, со што може, и потоа е во состојба да се носи.
    Ако се направи некаква флека, прво пристапувам со свинскиот сапун од баба :D или со вениш.
    Ако не успее ниту едно од двете, а не може да се прикрие или замаскира, се збогувам со парчето облека.
    Немам навика да носам алишта на хемиско. Ги гледав капутите на колешката, ко изџвакани и ветви, моите ми ги пере мама, и изгледаат пофино.

    Ах ќе заборавев, минатото лето ми падна целата штикла од еден пар чевли. Значи не само флекница, замислете како се одвојува целата штикла од 12 см, со шајчиња и се тоа (една бизарна, смешна и несреќно пијана случка :D ).
    Другар ми херојски ја најде утредента и чичко чевлар ја поправи, ништо страшно, страшен беше епитетот Пепелашка една недела после тоа. |(
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Уништена гардароба

    И јас спаѓам во категорија малку несмасни, ама кога се работи за флекање, па и за кинење.
    Мајка ми порано беше махер за уништување во машина, колку пати од бела блуза сум имала "нова" сива, колку розеви маички ми станеле темно виолетови |(
    Нај трагедија беше баш со розеви купачи и маичка, кои ми ги стави да се перат по грешка со една тегет маица :(
    Трагедија беше за маицата, ми беше Pepe Jeans и фрлив 1500 за маичка на брители :^) и ми се уништи.
    Глупава, кај се дава толку пари за маица, али тоа е детски мозок.
    Али после 10 перења се поодбри стана барем нослива :D
    Често уништувам фармерки кои многу ги носам се кинат, се лижат ама ги носам додека да се скинат :)
    Еднаш една сукња си ја скинав тотално несакајќи и неочекувано, беше доста тесна, бидејќи ми беше постара, и јас само се наведнав да го земам клучот и само се слушна едно-крррррц :$ останав со пола гол гз :lol: Среќа бев пред излегување, па одма се пресоблеков и суќнава правац во канта :)
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Несмасна сум и тоа многу.
    Облека најчесто уништувам со храна. Не можам да јадам, а да не се покапам. Е сега, ако флеката се чисти со перење или со некое друго средство-океј, ако не се чисти, блузата оди во канта. Добро, не само блузата, јас можам и пантолони да извалкам со храна.
    За скинати работи зависи. Не фрлам се. Ако штетата може да се поправи т.е. да се сошие, го шијам ако е на некое не многу видно место, подскриено. Е сега ако се на пр. фармерки на сред колено скинати, тие одат директ во канта. Но, ако е маичка малку скината под пазуви, тогаш мама ја зашива и ја носам до следното кинење.
    Или на пр. ако се скине копче и тоа го шијам. Нема да фрлам цела блуза за едно копче...
    Од аксеросис најчесто ми се кинат нараквици и ланчиња. Тие ми ги лепеше и поправаше дедо ми бидејки работеше со сребро односно правеше и поправаше накит, па ем ги земав од кај него ем ако нешто ептен ми се допаѓаше-го поправаше, ако не ново ми даваше. Сега, ми го нема мајсторот, па скинатото оди во канта кога нема кој да го поправи. И многу ми е жал кога на нешто ќе падне камче или цирконче. Имам накит кај кој баш камчето или цирконот е убавината. И за нив дедо го наоѓаше лекот, а сега прво пробувам да видам дали јас можам да интервенирам и бидејки се испоставува дека не можам, се збогувам со предметот.
    И гребам штикли. Прво облекување, се враќам дома, штиклата изграбана. Најчесто ако сум во гужва.
    Не знам да ги пазам. За флекница ако падне не се секирам, тоа е нормално кај моите чевли, ама со гребењево ептен се нервирам. Штиклите на мајка ми и после 20 години се без ниедна гребнатинка, а моите за два дена се како в планина да сум ги носела...
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    И мене ми се има истово случено само што ја немав таа среќа да сум дома :lol: :$ Ја свртев од страна како шлиц дојде и правац дома со такси.
    Иначе многу кинам хулахопки.Не знам што човек ќе бев, ама стално или јас ги закачувам или некој друг ќе ми ги суреди. Редовно имам резерва во ташна.Ми се има откачено штиклата од несмасно газење на скала, па и тоа беше жив циркуз.

    Иначе за вадење на флеки од домашниве финти, восок се вади со весник и пегла. Ако сте закачиле мастика никако гребење, туку се става коцка мраз на местото за да замрзне мастиката и полесно да се одлепи. Флека од црвено вино се посолува и потоа се чисти. Крв се пере исклучиво со ладна вода.

    rossonerka за мастило знам дека се вади со млеко, ама со оглед на тоа дека флеката ти е одамна, не знам колку ќе успее.
     
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Како дете многу се флекав , но сега пазам и повеќе си јачувам гардеробата... А и нели кога нешто сам ќе си пружиш повеќе го пазиш :geek: ... Летово купив една ташна марка беше и поскапа ја платив, божем италијански квалитет ама за неколку недели ми се скинаа рачките онака буквално не да се откачат туку тоа кожата не знам како толку неиздржлива , yes да беше стално преполна и од тежината не издржа, ептен ми беше криво и ја дадов на кондураџија и ми ја преши со појак материјал на тоа место , ама сеа гледам од друга страна ми се лупи :@ среќа што е тоа внатрешната т.е. ја носам со таа страна накај мене свртена па ќе тера уште....
    Инаку порано фрлав кога нешто ќе ми се скине така , сеа си викам што сум била будала , многу е лесно некои работи да се преправат........Летоска прв пат отидов на кондураџија кога едни сандали што ми се во срцето , ги купив пред некоја год. и се НАЈНАЈУБАВИ ми беа на штиклата која е кожна испогребани....Самиов кондураџија ме убедуваше да ми ја смени кожата само на штиклата дека другиот дел бил како нов, и да не ме кошта многу , но не сакав да ризикувам да ми се разликува, им ја смени целата кожа на ѓонот и иако за парите што ги платив ќе си купев други просечни кога си ги видов ми се насмеа срцето :inlove: како повторно да си ги земав од продавница :)
     
  12. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    уф ,,,,, ако почнам да раскажувам ке треба 2 страни да напишам,никогаш не сум се накапувала или слично ,али кога сакам да исчистам нешто ја зезнувам работата,се ставам во машина за перење оти таму најдобро се чистат ,а имам уништено 3 пара обувки ,и тоа едни летни чевли (бели) беа :$ затоа ги ставив внатре и излегоа еден број помали и и ги подарив на сестрами не се барем фрлени,потоа папучи ,па сандали (тие излегоа целосно уништени),патики ноонстоп перев и ништо не им беше испаѓѓаа како нови,и затоа сее во машината,колку само маици на мажотми сум му направила розеви или зелени хахаха :D :rofl: ,на друг начин не сум уништила облека освен во машината,а :!: и ке заборавев ,тогаш купено џемперче го ставив бело го извадив розево е тогаш ми дојде да плачам ;( затоа женски внимателно со машина за перење (совет од мене)
     
  13. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Најчесто ми се кинат алките, не знам зошто и имам едно златно ланче искинато. :D
     
  14. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Најчесто мми се уништува гардеробата од перење во машина.
     
  15. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    еве и ја да пикнам прсти во оваа тема

    денес си ги уништив омилените панталони :doh:

    а убаво се вика НА ПРАЗНИК НЕ ПЕРИ |-)

    ми беа исфлекани од зејтин, мајка ми ми ги помина со сјај(стави сјај на лочките) се намалија, и ја денес ги докрајчив ;( им ставив сјај и вениш и си реков нека постојат на суво и сега од маслинови станаа кафени :worried:

    ахххх срцево ме боли, неможам ни да ги погледнам :x
     
  16. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Секогаш на уништената облека и наоѓам некое решение бидејќи имам креативни идеа кје смислам нешто и тоа парче облека пак ќе го направам употребливо
     
  17. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Еее јас постојано уништувам по некое парче облека и тоа кога јадам,или готвам, абе мора да ја извалкам со масло за јаденје или нешто слично .... мајка ми постојано ми се кара :( ама тоа е тоа колку по внимавам толку повеќе ќе ја извалкам :$ :$ :$
     
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Дали знаете да ми препорачате добар кондураџија во Скопје кој може да ми обнови чизми од еко-кожа кои ептен ги обожавам..? Чизмите на мали делови имаат испукано, самата еко-кожа си го чини своето а сепак сум многу приврзана за нив и се прашував дали може да се реставрира тоа како уништен дел од чизмата?
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Несмасна не сум, ептен сум внимателна и педантна.
    Кога ќе купам некое парче облека во јака боја, обавезно прво го перам на рака, за да видам дали пушта боја. Ако не пушта, значи можам да го ставам во перална.
    И при пеглање сум многу внимателна, обавезно прво испитувам каков е материјалот. Имам некои кошули од многу нежен материјал, тие ми е страв директно да ги ставам на пегла, па користам марамче.
    Само еднаш ми се случи да изгорам една марама, ама сосема малку, затоа што одма изреагирав. Среќа ја потфатив кај работ, па после ја средив со конец и игла :) Ништо не се познава.
    Ииии една кошула малку ја подгорев (зимно време, 6 саат сабајле уште е ноќ, а јас си бев поспана). Ама не ја уништив, само се смени бојата. Среќа не е на видно место.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Ми се случи еднаш со розова постелнина ( патем беше перена повеќе од 10 пати , и не верував дека сеуште пушта боја ) , ставив блуза бела од маж ми и чорапи светло сиви , па сите испаднаа на розово од машината . Среќа , сите беа памучни , па растворив неколку 1/3 капаче доместос во голема количина вода во коритцето ( за бањање од маливе не го користам веќе за бањање бидејќи е мало за нив ) , го наполнив речиси до коре и ги оставив околу 20 минути . Ги извадив со нивната нормална боја , како никогаш да не биле исфарбани , а притоа принтот на блузата на маж ми е онаков каков што си беше , не се уништи :D . Маж ми никогаш не дозна за овај лапсус :D .

    Изгорев нов џемпер мој на термо печка зимоска ;( . А колку си го сакав ;( . Од бел , стана портокалов :doh: . За него немаше оправање , па го фрлив :( .

    Мистерија ми остана само , како успеа да се искине една блуза моја на петто перење во машина :^) . Веројатно материјалот бил тенок , или се закачила некаде :^) , друго објаснување немам :wasntme: . Важно и нејзе и најдов пренамена :D . Сега е крпа за бришење на колата :D