Минатото лето можеби ја направив својата најголема грешка во животот.Заминав на летување со група во Црна Гора.Друштвото не ми се погоди.10 дена бев изложена на малтретирање и потсмевање од сите дури и од инструкторот и неговите пријатели.Постојано плачев скришно и со душа чекав одморот да заврши.6 ден голтнав малку вода,но бидејќи морската вода содржи јод имав голем напад од гушење за кој се разбира никој не поверува.Се обидуваа да ме смират и дури и во тие моменти ме исмеваа,додека јас мислев дека готово е со мене.Тоа беше страшно. Завшри одморот си дојдов дома,но самодовербата ми беше уништена Не можем да јадам од пусти страв да не ми залетне,сликата од поддавувањето цело време ми беше пред очи.Јас сум професионален пливач веќе 4 години членувам во 1 пливачки клуб,но кога се вратив од одмор не можев ни 100м да испливам.Ајде,како така пеколот помина се заборави.Сега по скоро една година имав посета од една моја другарка која исто така годинава со истиот инструктор ќе оди Црна Гора.Таа прашуваше како си поминав и искрено ми беше многу тешко да зборувам за тоа.Ми кажа и дека дури и ден денеска инструкторот и неговите пријатели се потсмевале за мене и ме третирале како некоја будала.Тоа ми беше тешко да го слушнам.Посебно овој момент кога имам запознато многу нови пријатели за кои се плашам дека ќе ги изгубам ако дознаат што се случуваше минатото лето.Навистина почнувам да се навраќам на минатогодишниот одмор и сфаќам дека духовите од минатото сешуте ме прогонуваат.Не би му пожелила ни на најголемиот непријател да помине низ овој пекол.Ве молам за совет,бидејќи еднаш се уништив самата поради другите и 2 пат не сакам.Како да си ја вратам изгубената самодоверба?
Не е тоа твоја грешка. Ти си отишла таму и не си можела да претпоставиш дека така ќе бидеш третирана.Во случајов, инструкторот и останатите треба да се засрамат. Со други зборови, вршеле психичка тортура врз тебе. Исмејувањето, омаловажувањето и намалувањето на самодовербата кај другите, не ги прави нив појаки и подобри личности. Сфаќам дека ова за тебе било едно непријатно искуство, но со тек на време ќе го заборавиш. И не дозволувај да ти влијае многу во животот, зошто сите сме луѓе и никој не знае утре во каква ситуација ќе се најди.
Христинче, не е доцна, ама мора МОРА со твоите да разговараш и да се пожалиш на односот на инструкторот, а тие ќе треба да поразговараат со него и „да му го дотераат паметот“ ако не лиценцата може да му летне. Другарките ако ги изгубиш заради тоа што некој недозреан ти се потсмевал, тогаш тие не ти се ни другарки. Вистинските другарки нема да подпаднат на такви влијанија и знам колку е лошо таквото однесување од околината кон некого. Ти не си направила грешка што си отишла на одмор, напротив, тоа ти е животна лекција, за да знаеш какви луѓе има во околината. Оваа лекција ќе те направи посилна, и не дозволувај да те омаловажуваат еден куп невоспитани дечишта и недозреан инструктор. А тоа муабетот дека ти се подсмевале и ден денес, батали, не мора на се да веруваш, а најдобро ќе биде ако покажеш дека и воопшто не ти е гајле ниту пак ти е стало до нивните коментари! Прв чекор родителите, втор чекор си ти, помогни си самата на себе си и не дозволувај никој да те гази, верувај во себе!
Божеее, без причина некој да ти прави таква тортура, а си отишла за убаво, на одмор? Што не било во ред со нив? Ај еден таков да се најде, ама сите.... не ми е јасно. Како и да е, не смееш да дозволиш ова да те кочи во животот и да ти ја намали самодовербата. Ти си знаеш самата колку вредиш и колку те почитуваат луѓето околу тебе, зашто неколку насилници би го промениле тоа? Зашто да се плашиш да не дознаат твоите пријатели? Ти не си направила ништо лошо, доколку си била за исмевање ќе те исмевале и сегашните другарки, тие се свесни за тоа. Можеш дури и слободно да го раскажеш на блиските, ќе ти олесни. И кажувај го како да зборуваш за бог да чува луѓе, а не како за твоја траума. Еднаш кога ќе собереш сила да раскажеш во кратки црти без грутка во грлото, веднаш ќе сфатиш дека е тоа само еден лош спомен зад тебе кој не вреди за сеќавање, а камо ли за да ти создава трауми во животот.
Ви благодарам на советите.Сфаќам дека морам сама на себе си да си помогнам затоашто тоа е мој проблем,и самиот клуч е во мене.Се надевам дека еден ќе биде само лош спомен,но знам дека е една голема животна лекција.Ќе смогнам сили и повторно ќе се насмевнам пред тие лица,без разлика колку духовите од минатото ме прогонувале.Сакам да ја тргнам вината од себе затоашто знам дека не направив никаква грешка.Сепак животот продолжува.Ве благодарам што ме разбирате,затоашто тешко кој би разбрал.