babylove овошни кашички

Упатство за добар живот

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 27 септември 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    291.091
    Упатства по нет, по весници, на телевизија, по филмови..
    Дали се придржувате на некое упатство за убав и квалитетен живот или го почитувате она на што сте навикнати ?

    За некои таквите ,,формули,, се инспирација да сменат нешто, ама постојат и такви кои постојано го бараат вистинскиот рецепт.

    Што ве инспирира вас ?
    Дали имате да поделите некој рецепт за кој сте сигурни дека може секој да го примени ?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.551
    Пол:
    Женски
    1. Ќе избегате од се што ви влијае негативно.
    2. Ќе изберете цели што сакате да ги постигнете.
    3. Ќе почнете да штедите,но само ако навистина сакате а не со сила и со искушение да земете пари од касичката.
    4. Да се откажете од она што долго време велите дека ќе се откажете.
    5. Да уживате и да му се посветите на семејството (доколку имате).
    6. Да се посветите на себе си.
    7. Да бидете храбри и да бидете и слаби.
    8. И последното да не ве интересираат туѓи животи ако вашиот е убав.

    Бидете си оригинални и свои. Ова е за мене лично добар живот.
     
    На Milobebence, flower30, Mr.Lover и 9 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    51.222
    Пол:
    Женски
    Не се водам по упатства,туку по интуиција. 8)
    Решив претежно да се слушам себеси,а оние кои ме повредиле или добиле бокс :punch::punch: (во вербална смисла) или завршиле во игнор ол. :)
     
    На H.VAGA, GirlLove и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.314
    Допаѓања:
    291.091
    За секого рецептот е различен:)
    Сите потекнуваме од различна средина и окружување и имаме различно воспитување.

    Да знаевме сите формула за успех, немаше да се мачиме:)

    Статиите кои се појавуваат со бомбастични наслови не ги ни отварам, не кажуваат нешто ново кое некој не го знае.
     
    На Milobebence, Mr.Lover, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.881
    Допаѓања:
    141.275
    Правило број 1 - Не се замарајте за туѓите животи.
    Правило број 2 - Не можете на сите да им угодите, затоа воопшто и не пробувајте...
    Правило број 3 - Сакајте ги најблиските, најблиското семејство. И направете се за нивната среќа.

    Толку.
     
    На Milobebence, flower30, muchacha_a и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.602
    Пол:
    Женски
    1.Поставете си цел во животот и бидете истрајни да ја достигнете иако можда ќе имате сопки
    2.Гледајте си за себе не за некој трет
    3.Не се замарајте со тоа што ќе кажат другите дали ве сакаат или не
    4.Започнете си со хоби/спорт
    5.Помагајте на секому кому му треба помош
    6.Бидете оригинални и пружајте ги нозете колку ви е долга чергата
    7.Гледајте да не створите лоши навики (пример пушење јер вам не треба)
    8.Сакајте го ближниот како самиот себе.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.972
    Допаѓања:
    15.324
    Пол:
    Женски
    Добра тема за којашто не би знаела што да напишам :lol:
     
    На Herrera, WildMk, LanaSGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.507
    Пол:
    Женски
    Ако човек премногу се замара во животот , истиот ќе му биде полн со нервози а нема да му е добар. Клуч за добар живот според мене е умереноста во се. Потребно е и време за работа, за одмор, за семејство, за себе итн. Меѓутоа животот денеска е многу брз и стресен и ретко кога се може да се постигне. Постојат и стресни денови но, и релаксирачки па тоа прави некаков баланс. Што знам. Фокусирајте се повеќе на позитивните работи отколку на негативните. А и бидете свесни дека исто така и позитивните и негативните се дел од животот, како и успехот и неуспехот, среќата и тагата... Нека не ве обесхрабрува тоа. Најдете инспирација која ќе ве мотивира да бидете подобри, поуспешни т.е да не запаѓате во депресии ако нешто не одело по план. Бидете упорни секогаш и не се откажувајте. Најдете време за семејство и блиски. Прегрнувајте се почесто, кажувајте ги зборовите Те сакам на оние кои ви значат. Помогнете некому - прекрасно е кога на оној на кого сте му помогнале ќе ви возврати со насмевка. Кога шетате по улиците главата нека ви биде исправена, насмевнувајте се на луѓето... Знам дека е понекогаш тешко но, изборете се во тешките ситуации, најдете некој начин да го решите проблемот. Немојте предолго да држете во себе негативни емоции. И не знам што уште би додала. Би можела уште многу да пишувам ама не ми текнува на се. :)
     
    На flower30, buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    71.390
    Статиите се прилично површни, ама затоа книга знае да ме допре. И чудно, некогаш навистина откривам нешто што ми било пред очи, ама не сум го видела.

    На пример преку една таква книга сфатив колку врмето поминато во природа ми е важно за да функционирам како што треба. И за да бидам посреќна и посмирена.
     
    На LanaSGirl, Mari*, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.743
    Пол:
    Машки
    Многу рецепти постојат но нели, секој човек е со различен вкус е а за вкусеви " не се дискутира "....
    Темава е прекрасна, има толку многу позитивни дискусии што нема крај и се надевам ќе продолжи да се развива така...
    Ќе дадам еден мал рецепт, универзален кој што за секој е добар а тоа е: - работа на себе - ; потоа следат - трансформации, после успех, кој што ќе се манифестира во некој сопствен рецепт за добар живот.
     
    На Milobebence, theunforgiven и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    1.476
    Не може, нема терк, нема правила.
    Уствари, некои златни правила можда и има, ама не сите од нас можат да ги применат. Сите си имаме различни патеки во животот, различни грешки, од кои највеќе ненамерни... Многу фактори влијаат врз тоа дали ќе постапиме на овој или оној начин.
    Често ќе чујам/прочитам за некој што го обвинуваат зошто не внимавал, па зошто постапил така... Ха... Колку и да ги знаеме правилата, некогаш се случува да не ги примениме. И не е тоа по наша волја... Едноставно... Животот е таков.
     
    На cresa-jagoda и La.loca им се допаѓа ова.
  12. happygirl11

    happygirl11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2018
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Нема правила, правилата се измислени од околината: мора да завршеш факултет за да бидеш успешен, мора да се омажеш до 25(пример) .... итн
    И на многу луге им е тешко да си терат по свое, да си го слушат сопственото срце.....
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.623
    Допаѓања:
    31.179
    Пол:
    Женски
    Јас не се водам од општи правила и шаблони што се универзално прифатени од останатите, па поради тоа за многумина сум чудна, мистериозна и несфатлива. Не сакам споредби и копирања на туѓото секојдневие зашто не делиме универзален пат. Различноста прави да имаме индивидуално искуство, потреби и очекувања што го создаваат личниот профил. А тој е толку разнообрзен, како и колоритноста на уметничките слики. Како што нема општо правило за добра слика, така нема ни рецепт за добар живот.
    Животниот прирачник по кој се водам се состои од воспитување, карактер и интуиција. Се друго е демагогија.
     
    На Briar Rose, Scott Weiland, toogood и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Според мене, нема некој посебен рецепт за убав живот. Само следење на своите цели и дружба со луѓе кои влијаат позитивно на нас. И работа на себе. Тоа е.
     
    На toogood, cresa-jagoda и La.loca им се допаѓа ова.
  15. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    1. Опкружете се со позитивни луѓе и исклучете ги сите што не заслужуваат да бидат дел од вашиот живот
    2. Патувајте и тоа многу :D
    3. Излезете од комфорот и пробајте нешто ново
    4. Надоградувајте се и научете нешто ново без разлика дали е поврзано со вашето образование или не
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda и La.loca им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.731
    Допаѓања:
    12.153
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да си најдам упатство за добар живот. Се нешто некои лоши работи ме снајдуваат и јас пустата од инат лесно излегувам од нив
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Упатство за добар живот е да те исполнува работата која ја работиш, а не да трошиш 1/3 од денот тапкајќи во место и мрзејќи се околу себе.

    Упатство за добар живот е да не јуриш слепо по пари.

    Упатство за добар живот е да не штедиш на љубов мислејќи дека е потрошен материјал, туку несебично да ја делиш.
     
    На marchi-cool, toogood, molikaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Upastvo za dobar zivot za mene e dobra organizacija.

    Rabota kako rabota, vo 4:02 ripam od stolce I pocnuvam so mojot zivotot, onoj poubaviot.
    Ne e deka nezadovolstvo vo rabotata ne ti crpi energija ama, j*biga ovoj pat sefot ne se pogodi ama nemam uste mnogu od zivotov pa sega ke sedam doma I ke ocajuvam. Sefot nema da se smeni ama jas ke ja smenam firmata :rofl: do togas ……

    Ne sum od tie tipovi koj mozat da dojdat od rabota I sednat, mora da se pravi 5 raboti po rabotno vreme.
    Nemozam bez vezbanje, citanje, seckanje hartii :D, crtanje, boenje, sobiranje pametni misli, setkanje bez nekoja potreba po prodavnici I cackanje se I sesto se dodeka ne si gi omirisam racete so nesto nepriatno sto mirisa I moram doma na komplitno banjanje za da se spasam od nekoja "kineska roza" :rofl:,rucek da se napravi za utre, da se iscisti najkasno do Petok 10 vecer za da moze da se bezdelnaci za vikend :lol:, mora da se iskaci nekoja planina za vikend, mora da se izmisluvaat proekti, pomali I pogolemi, niz kuka ili nadvor od kuka,.....

    Samo dobra organizacija na zivot mi pravi super raspolozenie (waiting)

    Zaboraviv, nemoze a da ne se sedi do 2 sabajle vo Petok, a koja e potrebava , neznam :D, isto toa spaga vo organizacijata.:tmi:
     
    Последна измена: 29 септември 2018
    На cresa-jagoda, worrieddd и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    8.475
  20. dm1991

    dm1991 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Движи се исклучиво во круг на позитивни ликови и се ќе си дојде на свое место!
     
    На cresa-jagoda, Elenche87, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.