Универзално упатство не ни може да има, зошто секој има свое гледиште за среќа и своја дефиниција за добар живот. Од моето досегашно искуство би издвоила само - кога навечер ќе си легниш да имаш чиста совест и мирен сон.
Целосно се согласувам. Плус да ја намалиме нервозата и стресот.Уште во ова да успеам ќе бидам по здрава и по среќна.Најверојатно нели?!
1. Секој ден шетајте 10 до 30 минути. 2. Седете во тишина најмалку 10 минути. 3. Спијте 7 часа. 4. Живејте со полна енергија. 5. Прочитајте повеќе книги од минатата година. 6. Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како питач. 7. Повеќе сонувајте будни. 8. Обидете се секој ден да насмеете некого. 9. Не ја трошете енергијата на глупости. 10. Не размислувајте негативно и за работи кои не можете да ги контролирате. Наместо тоа вложете ја енергијата во позитивните моменти и сегашноста. 11. Животот е прекраток за да го поминете мразејќи некого. 12. Заборавете на минатото. Не се потсетувајте на грешките во минатото. Тоа ќе ве направи среќни во сегашноста. 13. Сфатете дека животот е училиште и сите сме тука да учиме. Проблемите се едноставно дел од тоа учење кои се појавуваат и исчезнуваат исто како учењето алгебра. Но, лекциите кои ќе ги научите ќе траат цел живот. 14. Не се споредувајте со другите. Не знаете каков е нивниот животен пат! 15. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболите. Вашите пријатели и најблиски ќе го прават тоа. Бидете во контакт со нив. 16. Што другите мислат за вас – не е ваша грижа. 17. Заборавете на се' што не е корисно, убаво или забавно. 18. Без оглед на тоа како се чувствувате – станете, облечете се и излезете.
значи во денешно време повеќе од пола од напишаново низ коментариве е тешко изводливо затоа и нема 100% добар живот