Можда затоа што школото е во друг град и затоа што во школо (основното) им рекле дека само електронски може да се аплицира.
ОК не се нервирај, полека, цел живот е пред тебе Мојот упис беше одамна и не знам точно ама се мислам дека и лично таму се аплицира може грешам не знам. Како и да е со среќа Едит: и школото кај ја шо се запишав беше во друг град па отидов, ама па ќе речам тоа беше пред неколку години... За се има решение
Ја не се запишувам, грешка си ме сфатила. Подобро е што е онлајн од аспект на тоа дека не секој може да издвои цел ден за да го однесе детето да се запишува, ама од друга страна системот на Мон а ужас.
Не е само системот на мон ужас, сите можни системи шо постојат у државата не функционираат ни 20%. Затоа мислам дека е посигурно да се оди дирекно таму, е сега малтретирање е да ама сигурно си е ситигно...
Jas uspeav, no toa sepak bese na pocetokot dodeka ne bese preokupiran sajtot Za zal ne e do nas, tuku do ministerstvoto. I mene bi mi bilo poubavo so fizicko prisustvo da se zapiseme i onaka ednas se zapisuvas vo sredno uste online da go pamtis ama taka go napravija ovaa god
Добро, но што ќе прави училиштето со ова што врти цело време? Не е проблем најавата и пополнувањето, проблем е системот.
Јас на 13ти вечерта аплицирав без никаков проблем. Е сега од вчера им е преблокиран системот, и незнам како ќе го решат и притоа сите што сакале да аплицираат ќе имаат успешни апликации..
Preliminarnite rang listi mozete da gi vidite kaj vasata aplikacija kaj bodovite, ama izgleda utre ke izleze konecnata lista nz mnogu gluposti napravija ovaa god
Nekoj sto aplicirase za Orce, mislite ke ima priemen? Ima skoro 100 deca poveke od kolku sto mozat da primat
Од претходни генерации што сум била сведок скоро секогаш има повеќе и на крај ќе се спомне приемен одма родителите ќе се кренат на протест и се тоа ќе пропадне во вода. Јас кога завршив 4та, 2019 беше тоа тие што се запишуваа тогаш во прва исто беа околу 30 плус од бројката и ги примија сите. Наместо 34 деца во клас како што е дозволено беа по 37-8, зошто свесни се дека дел од тие бргу и ќе се префрлат , барем тие што мислеле дека е се мед и млеко и дека 5ките паѓаат од небо. Исто така варијанта е да отворат и нова паралелка така што не верувам да има приемен ама времето ќе покаже, сепак 100 деца и не е мала бројка, малтене тоа се добри 3 класа од по 32-3 деца, така да не знам. Е сега ова за класични паралелки ти праам муабет, за билингвална англиска секогаш ако има над 90 ученика има квалификациско тестирање по англиски јазик, зошто таму има само 90 слободни места. За француска последниве години мислам нема тестирање зошто не се исполнува бројот, ма да не е исклучена можноста и за таму. За класичните сум скоро убедена дека не би имало гледајќи ги примерите од претходните години што правеа родителите. Па и згора на тоа протестираа кога се функционираше нормално. Сеа со ковидов и штрајкот и online наставата плус аргументи ќе имаат секако . Како и да е со среќа нека ви е на сите полуматуранти кај и да се запишете. Организирајте и користете го времето правилно, најубавите години се пред вас!
Fala mnogu za ova. Zaokruziv na 100, ama se okolu 60 i nesto deca poveke, i toa 90% se prijaveni za bilingvalna, a dobro znam i deka barem 10 deca ne otvorile kniga site ovie god. Roditelite pak se mislea za buntuvanje ama ke vidime kako ke ispadne. Sepak fala uste ednas
Нема за што ова е мое скромно мислење само. Инаку за билингвална има навалица секогаш. Ма да тие што не би ги примиле во билингвална мислам дека по default ги распределуваат во класичните паралелки, или како што кажав ќе повторам пак можно е и плус паралелка да се отвори(ако дадат од МОН). Децава лани што завршија IV што ми беа во смена беа 10 паралелки, онака по 9 се стандард, така што не е исклучена ни таа варијанта.