Кажете нешто за настинка? Пијам парецатамол и витамин ц, бедоксин, цинк, чај со мед. Плус спреј за нос. Не ме боли грлото само ми е суво и се закашлувам, и носот ми тече, малаксана сум, а слушам и бебето ми кива, страв ми е да не се разболи.
Izvinete za latinicata, nemam opcija sk makedonski font. Dali smee da se pie diflazon za kandida dodeka dois?
Се чуствувам толку виновно и се плашам за бебче. Кога излегов од болница со малата ми препишаа антибиотик поради корона. Сега бебе е безмалку месец, пак ми препишаа оспен поради мастит. Дали може да има последица за бебето?
Не, дозволен е Оспенот при доење. Сум го пиела два пати ради мастит и јас. Биди без гајле,и побрзо нека минува.
Здраво девојки имам едно прашање моја другарка дои бебенце, но бидејќи има јаки болки во бунрезите и препорачаа да направи некој чај со литро ипол вода некои билки и 1сода бикарбона да се стави внатре... Но мене ми е во мисла сега дали доилка смее да пие сода ?
Мамички пред недела ипол испив цела доза амоксиклав поради оток на забот. Денес ми дадоа пак антибиотик но сега цефалексин и серапептазе поради компликации со истиот заб. Многу брзо две дози антибиотик, се мислам дали да продолжам да го дојам бебче 3 месеци има или да се одмолзувам. И пишав на педијатарот уште не ми врати ништо
Јас бев во слична ситуација 3 дози антибиотик испив во рок од 5 месеци. И доев. Педијатарот ми даде зелено светло и ми кажа дека оспенот е нај не токсичен.
Фала ти многу. Ќе продолжам да го дојам малото. Не сакам да го фрлам моето млеко и да треба цел ден да е на ад само. Се надевам се ќе биде во ред
Смеам серапептазе за оток на заб? Болка имам плус која не се издржува а немам на кого да го оставам малиов и да појдам на забар, а и со отоков ниеден забар не би ме фатил.
Ако имаш оток најверојатно забот е загнојан и би требала да пиеш антибиотик безбеден за доење. Најчесто е оспенот го даваат. Јави се на забар за совет па на педијатар . Серапептазе незнам колку би ти помогнало