Ќе ги бараш по генеричко име, во случајот е high risk. За болка можеш парацетамол или бруфен да се напиеш.
Парацетамол е најбезбедно. Мене ми рекоа може и ибупрофен (Рапидол С, Блокмакс) и Кетонал, кога имав бубрежна болка. Ибупрофен е подобро од кетонал ми рекоа.
Козметички третмани што вклучуваат ботокс или филери дали сте правеле? https://www.e-lactancia.org/ вика дека е безбедно.
Мајки, испив риностоп за прелада и после 1 час го доев син ми, аптекарката ми рече дека смеам да дојам ама да пројдат 4 часа после пиење на лекот. Многу се нервирам оти скроз заборавив… инаку на комбинирано сме давам и АД. Да не ќе му се случи нешто на син ми од лекот? Многу сум загрижена…
Добро утро мами. Утрово примив инекција кетонал + дексазон, имам гнојна ангина и неподносливи болки, нит јадам нит пијам, притоа дојам бебенце од 9м, др. ми рече денес цел ден да не ја дојам, но таа е зависна од цице, шише не прифаќа, каши слабо јаде, неможе да заспие без цице Совет што да правам мајки бебето плаче, таткои и даде шишенце млеко не прифаќа, ја заспа в раце и само што ја легне одма се буди и вришти.
Да пробаш ко во поза за доење во затемнето со шише ти да и дадеш млекце? Со лажичка млекце ли, нешто мора да внесе денес... кашичка направи и со адаптираното пробај исто, др идеи немам ама нешто мора да внесе шишенце кај што треба да влече, калма на медела пример да пробаш ? да и дојде послично со града?
Им кажа дека доиш и они ти ја дадоа терапијава? Стварно не ми се јасни, во депресија паднав, истово кога ми го направија, поише они ми направија проблем што ми дадоа терапија да не можам да дојам него ли проблемот што си го имав. Не се секирај ќе помине. И мојата не пиеше од шише, не јаде каши саглам, вода исто, потполно иста ситуација, на 8-9 месеци беше, многу ми е жал што ја поминуваш. Пробај со шприц да дадеш млеко пополека, во образ ќе пушташ не директно во грло и ќе голта. Мојата од бебе витамините ги прима во лажичка легната, тогаш не ми текна така, ама пробај така да даваш водичка или млеко, легни го и со лажиче по малку. Пробај од отворена чашка млеко или вода. Стави си аларм на 1ч да нудиш, ако многу малку ти јаде ти пие. Ти викам вода како алтернатива пошто не знаеме дали ќе сака ад или замрзнато ако имаш, мојата не го сакаше, ама ако прифаќа нуди млеко колку може повеќе. Кашички јадевме на тераса во скут некако да и одвлечам внимание, ја заигрувавме нешто да се смее и и пикав. Разреди сокче, пробај и со чајче, нешто да хидрира. Јас дадов 3 готови кашички дента и 20 мл вода дали испи не знам. За спиењево не знам што да ти кажам пошто мојата не заспива на цицка, ама чим маж ти ја заспал и станала веројатно е од глад, така што со кашичкиве ако се засити ќе си спие. Долг е денот во вакви моменти ама ќе издржите.
Дој си ја, јас пијам лекови за притисок едниот very low risk другиот low risk, и дојам. Аман со лекариве! Пиши што си направила.
Ја доев одма штом ми пиша @macalavica после толку плачки само два три пати цицна и си заспа како јагненце
Ти благодарам мила ме спаси вчера И дадов да цица веднаш штом прочитав, се имав измолзено претходно, си се скроти и заспа за миг
Мајки доилки, ме боли грло и отечен ми е крајникот, мојава матична одма Оспен ми препиша, мене ми е страв тоа да пијам ради бебе, некое ваше искуство да споделите што пиете кога ве боли грло
И јас си синко голем од породување со гнојна ангина завршив, многу ме болеше грло, изгинав, ми препишаа и мене Оспен, безбеден бил.