Мајки има ли дозволен колаген за доилки ? скроз се упропастив веќе, коленото и кичмата ми скинаа... ама страшна болка имав вчера и денес на коленото, неможев ни да седнувам ни да одам цццц... имам дископатија одамна па се мислам да не ми е од тоа, да не ми се враќа пак ама сакав да земам и колаген.. а и лицето ми се упропасти, на чело куп акни ми се појавија, не знам со што да намачкам ( а никогаш во животов не сум имала таков проблем )
Колагенот е протеин кој е составен дел од нашите ткива, нема зошто да не е дозволен при доење. Само барај некој што почист, да не е со некои плус додатоци кои не се препорачуваат при доење.
Женски некако овие денови се осеќам мн изнемоштено, бебка спие доста лошо, дојам обилно и навечер на 2ипол часа и преку дена на 3 -3ипол и некако се осеќам омалаксана. Ми излезе и афта а тоа кај мене е генерален знак за ослабен имунитет па сакав да почнам со некој додаток инаку пијам pregnacare + цвит и двит jameson. Денес од зегин земав marnys ампули со матичен млеч, шитаке прополис колострум вака како што читам може да се користи при доење - аптекаркара ми ги оредложи, матичната ја прашав ми рече ако пробај /// онака чисто дали некој ги има користено?
Здраво женски, дали имате нешто да препорачате за зарипнат глас при доење? Ме болеше грлото два дена, и од вчера почна да ми го снемува гласот, а денес е и полошо Што би можела да користам? Друго ништо немам, не кашлам, не ми течи носот.
Од таблетите за лижење само пантенол смеело така доктор ми кажа. Е колку помага за глас не знам, но пробај. Ако е ларингит повеќе ладно одговара...
девојки од вчера сум со тт, црвено грло имам ко и ко имам чепчиња гној ама не сум сигурна. Денес цек ден сум со ракија и бибер врзана околу грчло а за тт почнав со парацерамол на 4 сати ама ни немаше дејство па зедов бруфен и пак сум со тт …до 38,8 тера. бтв малото ми е 4 недели плус прскам прополис и гаргара со бетадине ,,,,,нешто друго да ми предложите и дали ако ми де влоши состојба можам да пијам антибиотик?
Најверојатно ангина имаш, ако го доиш уште поубаво, му пренесуваш антитела. Има антибиотици кои се дозволени со доење, јас пиев Цефалексин.
Јас би ти рекла да претрчаш на доктор. Јас така дома се лечев на крај и јас и бебо завршивме со антибиотик и тоа јас со сумамед. 6 месеци имаше тогаш он и го доев. Има лекови што се дозволени за време на доење, подобро да се излечиш за 3 дена одколку да се мачиш со недели.