Смееш: парацетамол, аналгин, кафетин, кетонал и бруфен,но од бруфен мене глава конкретно не ми поминува. Бруфен и ибупрофен е исто.
Си велам да не е различно дека претходниот пат се напив ибупрофен прожитав на нет дека смее па после кога кажав на педијатарот ми рече никако ибупрофен.
Само парацетамол и бруфен (ибупрофен). Првото е во занермарливи количини, второто не се лачи во мајчино млеко. Други аналгетици не се дозволени, а посебно не аналгин (кој е забранет за користење во многу земји) и кафетин, кој содржи кодеин.
Кафетин и аналгин ми даваа за главоболка после анестезија, а кетонал за болки после царски. Гарантирано се дозволени.
Даваат првите 3-4 дена после царски зашто мораат ради матката да дадат кетонал. Кафетин и аналгин ни во болница не ми дадоа кога барав за главоболките. Само парацетамол и бруфен. Инаку за време на доење не се препорачуваат зашто се лачат преку млекото. Еве ме дојам скоро 11мес и освен парацетамол и бруфен, друго ништо не ми дозволија да пијам кога имам проблем со притисок, главоболка или настинка.
Кетонал ми даваа после царскиот, и баш прашав дали смее и дали се лачи во млекото, сестрата ми рече многу малце и во трагови и дека е дозволено. Ако го пратите педијатарот Џек Њуман тој вика дека скоро сите лекови се дозволени за време на доење, има и листа ако најдам време ќе ја постирам. Јас пијам кетонал при главоболка, не чекам да земи замав.
Силна главоболка имам, многу силна, на нозе не можам да стојам , цел ден трае. Парацетамол не помага, да пробам со аналгин??? Знам дека не се препорачува, ама не можам да издржам, децата не можам да си ги гледам.. Од една таблетка анлгин би се случило нешто???
Јас би се напила штом е јака главоболката. Јас кога се измолзував и кога давав мое млеко на бебуш, имав страшна главоболка и се напив аналгин зашто и мене парацетамол не ми помага.
Јас два пати се имам напиено пола аналгин бидејќи не ми поминуваше од парацетамолот. Знаев дека не смее ама не можев да си го чувам бебето а сама сум. Се надевам без последици ќе е. Педијатарот ми рече да пробам со парацетамол ако не поминува тогаш аналгин само да не претерам. @Troi и јас не знам зошто. Во моментот си реков по грешка да не сум прочитала друг лек, но на следна контрола баш ќе прашам зошто не.
Девојки имам гнојна ангина. Малку чудно бидејки немам ни температура ни болка во грло, само црвено ми е и има гнојни чепови. На др ми препишаа оспен, како варијанта која е и ефективна, и најмалку пречи при доење. Ве молам совет што друго можам да превземам...? Гаргари, бетадине, проанги, што и да е.
Исцеди сок од три лимони во подлабок сад, стави лажиче сода бикарбона во сокот. Ќе пени многу. пената изеди ја, а со сокот прави гаргара и голтај.