Ако доиш, не. Подобро чист парацетамол. Бруфен можеш исто. Во сок од три лимони во висока чаша/сад стави лажиче сода бикарбона. Ќе испени убаво, пената изеди ја, а со течноста прави гаргара. Ова може неколку пати дневно со свежо спремен раствор. Одма ќе осетиш подобрување.
Се напив Налгесин форте едно ради забоболка... што може да се последици ?? Многу сум во паника , од болка не помислив на последици
Мајки, дали некоја од вас пиела Оспен од 1500 при доење? Морам да ги пијам грлото ми е лом, изгорев од температура.
Мајки веќе некое време се борам со затнат нос од сабајле, гребење на грло, ден два па подобро, па пак. Во меѓувреме само пантенол за лижење и цедени сокови, чаеви и сл. Меѓутоа од сабајле сум со главоболка, кашлам, грлото ме чеша/гребе и носот затнат. Што можам да земам? Смеам ли прополис спреј? Капки какви може, мералис (сум слушнала за нив дека се добри)? Нешто за грло освен пантенол?
Мајки кој е најбезбеден антибиотик? Матичната ми пиша амоксиклав, во случај да мора да земам. Веќе сум во таа фаза една недела ме држи, кашлање, грло гребе, затнат нос, главоболка. Читав тука ама пак не сум на чисто, смеам амоксиклав или подобро цефалексин или нешто друго?
Здраво мајки. Многу настинав. Ми препишаа инекции Linkosol I Deksazol заедно комбинирано напоменав дека дојам ми кажааво ред било,ама малку ми е шубе?
Има врска да. Линкосолот може да влијае. Исто така како што знам дексазонот бидејки е кортико проаѓа во мајчиното млеко.