Јас од пазар купувам. Кесичка цветови невен е 50 ден. А смирува повеќе од било кое апче што сум го пробала.
Невенот е убав само треба да се пази да не се претера и мн често да се конзумира , имал негативни влијаниа , така ми кажаа . Додека маточината е мн добра за смирување и со добра арома , понекогаш и босилокот ми помага и тој има смирувачко дејство .
Прв пат слушам за тоа за невен. Матична не смее секој да ја пие. Пример за време на циклус не смее. Ако се пие аспирин не смее... Валеријан е исто добар.
Искрено за невенот не сум знаела и јас првпат пред една недела ми кажаа , постари што собираат тревки и се занимаваат со чаеви ,, баш ќе се распрашам подетално иако не верувам да е грешка со книги , искуство со се располагаат, мои блиски се , цел живот природни чаеви берат самите , башка и моите исто , и имаат билни книги ќе разгледам баш поубаво во нив ме заентересира , за маточината треба претпазливо исто да , мерка точна и како се приготвува , за низок притисок ако имаш ќе те падне скрос , замалуши , при циклус можда сум а пиела незн не сум приметила нус појави од неа до сега , аспирин немам пиено никад. Валеријана и Рузмарин ( кој е добар и за концентрација , фокус , што вели тетка ми да ти се крене умот ) и тие се супер , нормално како и секое апче и билките се така треба претпазливо и знаење при конзумација со се .
Апсолутно. За зелен чај ако ти кажувам... Човек отиде од што претеруваше со зелен чај. Ај баш види за невенов и јас ќе се распрашам мада мислам шоља од 200 мл кога си под стрес не е штета.
Дали има некој искуство со канестен маст за време на доење? Ми го препишаа за габични инфекции, но на упатството пишува делжка се излачува во млекото?? Што да правам? П.с. напоменав дека дојам!
Се излачува ама во мали количини. Безбедно е сосема, не се грижи и на бебиња ја препишуваат кога има потреба.
Дали некоја пиела кордипин хл? Ми го препишаа во филип втори за притиспл, напоменав дека дојам, а вп упатството пишува да се прекине со доење. Дали на сите чекови пишува вака? Матичната заминала на одмор.
Мамички само што примив анестезија за поправање на заб, ми рекоа првото млеко да го исфрлам. Има ли некоја со исто искуство? Колку време треба да помине за да се одмолзам? За колку време потоа ке можам да дојам?
Препишани ми се две кутии вагиналети Полигинакс. Докторката рече дека делуваат само локално и дека не сметаат при доење, но на упатството пишува да не се употребуваат. Ги купив ама не знам што да правам
Јас ги користев во првата бременост иако пишува дека не се употребуваат во бременост и при доење, гинекологот сепак ми ги препишуваше (исто ми велеше дека делуваат локално и не сметаат на плодот) и ги ставав.
Majki dali smeam da pijam caj od kantarion dodeka dojam, vekje kje polni 7 meseci.Mnogu mi pomaga za zeludnikot i za kiselini ama ne znam dali smeam?
Што пиете за менстурални болки? Добив денес, после една година од пораѓај. Засега немам болки,земав Рапидол 400мг, но претходно дека пиев Ефридол,или користев Кетонал супозитории, страв ми е да не не ми делуваат Рапидолов.. Секогаш сум имала неподносливи болки, а сега не ни осетив дека добивам.
Може Рапидол или Кафетин Менструал. Ама најверојатно нема ни да имаш болки. Од неподносливи менструации пред да родам, сега не ни осеќам дека имам.
Велат тие што имале многу болни менстурации по пораѓај станувале безболни. Кај мене се потврди за точно, јас имав болни менстурации, не поминував без апче, а после првиот пораѓај не ги ни осеќав.
Јас исто, сега прв пат добив не ни осетив. Па ќе видиме понатаму. Порано често на инфузија завршував.
леле жени што смее и дали уопште нешто смее да се пие против главоболка за време на доење? Не можам да издржам. Морам да мавнам еден аналгин.