е ич не ми текна на магнезиум. А стварно ми помагало. Ќе комбинирам со парацетамол. Знам нема многу тоа да ми помогне за болка ама ај,за секој случај.
Што може да се напијам за дијареа додека дојам, и дали треба да прекинам со доењето, смета ли нешто на бебе или?
@Annath треба да вадам 8ца, а дојам, па може некако да се изведе да го извадам и да продолжам да дојам, па и истиот ден, не знам и колку часа треба да минат од анестезијата? Секако бебево има еден подој, кој е пред спиење.. ^ќе ја распрашам убаво и матичната и на клиника, ама сакам и твое мислење, една др категорично ми рече дека морам да го одбијам, па да вадам.
Слободно продолжи со доење, ни пауза не треба, нема влијание анестезијата на млекото, не се ни лачи во него.
Чекај за 8ца станува збор, на Клиника би ме пратиле нели, па таму не вадат со опивка, тоа малтене нели е операција? Или некоја инаква анестезија ставаат што и со неа може да се дои? А за анестезија за поправање заб знам дека смее.
Истата анестезија е, и на клиника и било каде. Не се ништо поинакви анестезии за осмици отколку за било кој друг заб. Само што процедурата на вадење може да трае подолго, оти осмиците често се неизникнати, па мора да се сече и коска. Ама генерално, исто е.
Лелеее фала ти најмногу, ама ме тресна една докторка, а мене забов ме боли ме корне, па си викам што ќе правам
Мамички ај совет од искусни. Ја дојам малата има 14 месеци е сеа ќе мора да ја оперирам жолчката. Совет да ми дадете не сакам да ја одбијам
Сега кога си ок односно пред операција да се одмолзуваш и да складираш млеко. После операција ќе се одмолзуваш за да стимулираш лактација но тоа млеко нема да го даваш. Незнам дали после операција ќе си на антибиотик тоа д-ри ќе ти кажат и доколку си под цела анестезија колку време му треба на организмот да се прочисти (обично се 24-48 часа, но сепак прашај си).
Мислам дека не даваат антибиотик после операцијаа само даваат апчиња иеа против болки, само кои смееа да се пијат за време на доење ако знаеш да ми кажеш. И за одмолзување не верувам дека ќе извадам мн со пумпата оти и претходно слабо вадев а бебе машала мн цица. Тиа 2 дена на домашно млеко ќе биде и после операцијата дај боже да биде се во ред пак да си ја дојам. Знам дека се 2 вечери во болница пак ќе кажам само да помине се океј
За болки Бруфен смееш да пиеш. Ако даваат, мора антибиотик советувај се кој би бил најсоодветен. Јас од родилиште со Панцеф искочив, мојата докторка сметаше дека е ОК, секако доев. Слободно по 2дена продолжи да доиш, не ни верувам дека би ти престанало или намалило млекото. Не се измолзувај, но ако ти надојде многу ќе мораш. Секако по 2те дена држи ја можеби повеќе на града за да стимулира, ама не верувам дека ќе има потреба од тоа. Со лесно да мине
Слободно дои го детето. Јас ги примав после царскиот и дома, не само во болница, си доев без проблем.