Неможам да трпам некое страно тело во мене толку долго, дали јас незнам да го наместам или не сум си земала соодветни тампони, незнам само знам дека ужасно ме нервираат, а потрошив цело паковање трудејки се да се навикнам, ама неиде . Заради тоа не ги употребувам, и не планирам освен во некои екстремни ситуации т.е. ако морам за на одмор или доколку навистина морам кога ќе носам нешто, во друга ситуација НИКАКО !!!
и мене ми беше така на почетокот,ама после се навикнав,Јас мислам дека за на лето се створени тампоните затоа што кога е жешко влошките ме вадат од такт не знам ко пелена да носам одвратно се осекам со нив,треба тампонот подобро да го подпикните за да не го осекате како страно тело.
Користам ептен кога морам, најчесто заради облеката поради некоја пригода. Ако го наместиш како треба, не се осеќа, дури и забораваш дека имаш тампон. Меѓутоа, мене ме плашат некои случки, како: на една другарка од обилното крварење и излегол тампонот, а на другата и протекло крв. Не знам дали е ова можно, ама ми ствара малку сомнеж и страв при користењето, иако многу девојки со гооодини користат тампони и се презадоволни. Иначе користам исклучиво ОБ, само во нив имам доверба, во комбинација со секојдневна влошка.
Летно време почесто користам тампони и многу ми е удобно, ги менувам на 3-4 часа, баш како што е правилно, ама сепак ми е страв од TSS (toxic shock syndrome). Само заради тоа понекогаш сум скептична во врска со употреба на тампоните.
jas retko koristam tamponi bidejki me stra imam slusano deka mozelo da se predizvikat bolesti a nz dali e tocno [mod-kirilica:yfw1keeq][/mod-kirilica:yfw1keeq]
Не се добиваат болести од носење тампон. Да, има мал ризик од токсик шок синдром доколку го носите тампонот повеќе од 8 часа. Препорачливо е да носите влошка еднаш на ден, кога спиете на пример, посебно ако имате навика да спиете повеќе од тие 8 часа. За длабочината на ставање, доколку немате тампон со апликатор, со врвот на показалецот го мушкате нагоре и практично целиот показалец влегува. Значи должината на тампонот откако влезе целосно и плус добри 5 - 6 сантиметри. Не се плашете, нема кај да отиде, отворот на утерусот е многу помал и од најмалиот тампон. Врвцата е направена доволно долга да штрчи. За демонстрација и ваше осигурување, ставете го дното од тампонот на врвот од показалецот и премерете ја врвцата. Тампонот сам нема никакви шанси да ви испадне. Може да се спушти пониско одколку што сте го ставиле, затоа што натежне и тогаш всушност почнете да го чувствувате, што значи време е да го смените. Врвките на тампоните се доволно дебели и убаво ушиени по целата должина на тампонот, така да ризикот од кинење на врвцата практично не постои. Тампонот кој е прилично наполнет многу лесно излегува. Доколку е присув дава по малку отпор додека го теглите. Може да протопи. Исто и како што влошка може да ви протопи. Доколку носите тампон недоволно голем во случај на обилно крварење, или доколку е веќе преполнет и нема кај веќе да собира. Ако се наполни за 1 до 2 часа тогаш ви треба тампон со поголема абсорбна моќ. При користењето тампони јас би препорачала носење секојдневна тенка влошка за секој случај. Доколку протопување се случи самите ќе го осетите и имате доволно време да реагирате.
имелда, баш супер објасна, браво па драги феминки, не му се мислите многу летово, ставете си тампон и уживајте
тампони ДА користам редовно и не само во лето туку преку цела година мн.ми е практични хигиенски и се осеќам свежо дури и во тие денови влошки користам мн.ретко а во лето пази боже така не можам да се поднесам не влошка да имам на мене (а да не спомнувам за потта и миризбата што се создава ова време) господ здравје да му дај на тие што ги измислиле тампоните само то ќе надополнам
Огромно БРАВО за тој што ги измислил тампоните. Поудобно и похигиенско нешто за време на менструација од тампон не постои. Во лето обавезно носам тампон без разлика дали имам добиено за време на одмор или дали ќе носам гардероба прилепена за задникот. А тоа што на некои девојки му е страв да не му протечи или во краен случај прочитав Тампонот да излезе од вагината мислам дека е невозможно. Освен тоа што се знае дека тампонот треба да се менува на секои 3-4 часа , ако е полн за пократко време тоа се гледа на врвката (на крајот е обоена црвено).
Јас имав многу страв од тампони но летово на одмор бев приморана да ги употребувам и морам да ви кажам дека многу се практични посебно ако имате обилни крварења како мене бидејќи со тампон е многу помала веројатноста да ви протече отколку со влошка. Нема ништо страшно само клекнувате и тоа е тоа.