Многу ретко во посебни случаи. И повеќе од 2 часа не. А ако се плашите дека ќе протече ставете кај отворот свиткано памукче, тоа нема да дозволи уште некое време да ви протече на гаќи ако тампонот е утоп. И ако ставам ставам втор или трет ден ако ми е, после веќе ми се исчистува и боли на суво ако се става.
Леле од вакви размислувања мислам коса ми се крева- Одам на плажа, си ставам тампон и уживам во водата. Другарка ми ме гледа, сака да влезе ама страв и да стави тампон. Ајде некако ја убедувам да проба, и го давам, 10 минути ја чекам пред вц и излегува разочарано, страв и било да го стави А не и е страв да прима пенис над 10цм, божее И цел ден си го преседе на плажата кукајќи дека не е можно да влезе и жалејќи се на остатокот на друштвото- демек сака да влезе во водата ама никако не е можно- ми се идеше пред неа нов да ставам да види дека дека е можно да влезе во вода и од тоа задоволство ја делат 3 секунди. Не знам зошто толку се изнервирав- ама само помислив, ако и е страв од еден тампон, значи никогаш нема да преземе ризик во животот. Смешна метафора можеби, ама така е - барем според мене. Зарем сите тие спортистки, пливачки секогаш се натрпеваруваат кога немаат добиено. Аха, така е. Сигурно користат тампон- па никому ништо не му се десило- е сега токсичен шок. Тоа се случува на една девојка на милион, да не речам и повеќе- ама со правилно користење и менување на 3-4 часа се ќе биде во ред, а вие ќе си уживате во задоволствата на животот. Па не сме 16 век па менструацијата да ни биде пречка во нормалното одвивање на нашите предвидени активности . Морав да си кажам, се изнервирав вчера многу.
јас користам тампони посебно кога идам на одмор....ептен е убаво.ништо не се осеќа и ги користам во текот на целата менструација
досега не сум користела, па не можам ни да ги фалам ,а ниту да критикувам ама имам читано дека е е баш хигиенски да се користат , од причина што крвта за време на менс е нечиста и треба да истекува ,а во случајот со тампоните останува подолго време на тампонот, внатре и можни се инфекции поради тоа ...
mmm па што знам не сум читала за тоа....голем бр на девојки и жени ги користат,а и сум немала никаков проблем до сега
Сесилијо,шо ти е ма на тебе,ти шлапнам два шамара?! Ај не се курчи и не ме курчи! И мене ми е страв због два разлога!На другарка и се деси токсичен шок добиен по прописно користење на тампони,како и зошто,бог знае.Ама кога кажуваа другарки како почнала да им менува бои и да им се тресе на плажа,мене ми се снеможи.На друга и се откачило кончето (епа се дешава де,сигурно не им прават тестови пред да ги пуштат у продажба,логично) при вадење и шта да ви причам.Кога раскажуваше,ми се чини до лакти у крв била! Абе живи луѓе,се се случува. Нејќум да ве плашам,ама еве бе,со гол гз по жилети ќе се лизгам ако треба,ама ова...долго време ќе ми треба да се одтрауматизирам од овие лоши искуства.До сега,у моја кариера,не сум ни имала потреба да го ставам чудово,ама важно лани една убедив на плажа и излегува и ми вика,ти си ненормална,ми порасна у мене,да напнам ќе го родам!Ахахахаха...а овој мојов па уште злобно ме гледа,му викам па што бе,сто пати ме праша,дали,дали,ми се бања,епа ако ти се бања не ме замарај и оди бутни го,шо да ти кажам! Ама па стварно,јас поштено си реков,јас не сум употребувала до сега,а и некако не сум баш присталица,ама ако ти се бања и имаш *муниција*,тоа ти е решението,не смарај. А и друго нешчо,имајте на ум,тампон ил не,кога имате добиено посклони сте на инфекции,а преку вода се закачуваат многу сочни кожно-венерични болештини.Опрез,опрез мај лејдис! Ехеее шо одмори сум имала,јас напатена душа.Од сите другарки (абе да не се подречам) никогаш не сум имала добиено на одмор,а другиве имале.И сега некоја по сончњето е,па не замара,ама друга и по бањањето е.Невини и млади на одмор и морав да надгледувам да не ќе видам плутеча влошка у вода.Купача,куси панталони и тера,па после излагаш ти,даваш пешкир се мота и трчате заедно до најблискиот тоалет.Абе спорт на плажа!Сега се смеам колку сме биле глупави.До душа што јас,они. Ех времиња...
Абе мечка страв мене нема страв - жени, не се страшете, не се плашете Лилит, се согласувам, се случуваат секакви работи ама ако почнеш така да се плашиш од се и сешто - и саксии на глава паѓаат па сега под згради нема ли да проаѓам? И скелиња убиле луѓе сегде низ светов... Тоа ти што го наведе не е баш честа појава јас би рекла. Мене ми е тампонот незаменлив. Кога бев помлада, разбирај кога имав 19 требаше да идам негде дотерана, во тесно си викав - тампон му е мајката. Мачи се, поти се никако да погодам да го ставам. Зборувам за оние времиња кога се употребуваа оние глупине Тампакс. И така, отидов со тесен фустан и со убаво дезенче на дупето скоро ко хемороидче да сум фатила, да ми простите. Другарка ми ми вика, што шушка тука. Ништо викам, лисјава нешто, ветровито е. Шумите шумат После времињата се сменија. Господ да ми го поживее оној кој ги измислил ОБ pro comfort па уште и со оние елипсоидни рецки за полесно ставање. Јас без тампон не можам да замислам нитуеден менструален циклус. Ко прво и прво похигиенски се. Се менуваат на 2 - 3 часа. А не влошка која собира се и после си стои тоа тука, реа и мириси за мерак особено во лето Ок да, ако ја менуваш улошката нема реа, признавам, ама чуството е буквално ко да имаш пелена залепена сегде, па и на дупето, па кожата околу убавицата се воспалува, а во лето да не правам муабет. И за 5 минути јас веќе се чуствувам неубаво со улошка, валкано, исполепено. Да не правам муабет дека со одење и во обилните односно во првите денови везден имам чуство дека ми претекло лончето од лево и од десно Сума сумарум за мене лично улошките се големо бљак - освен за спиење. Тука секако не сум со тампон. Преку ден - не можам да замислам без тампон и искрено се чудам на тие девојки кои ми викаат - ау јас тампон не ставам, срам ми е пред моите, што ли ќе ми речат?! Се ќе разберам. Ама ова не. И со вакво сум се сретнала За бањање јас искрено кога имам мензес не се ни бањам, баш од причина - инфекции едно со друго. Ама пологично ми е да сме повеќе подложни, да не речам отворени на инфекции кога сме сосема отворени, овај разбирате нели? Ма јок, 21 век е, ако не ај да ставаме вата - на постарите генерации ваљда ќе им текне на вата у некое мрежиче ли у што беше собрана, мх мх мераци Кај мене се работи само за 4 дена у месецот ама тампон ме спасува. Шетам, скокам, рипам, што сакам праам бе и ништо не се прелева а и газот не ми изгледа ко да кријам машки топчиња позади ко во Ace Ventura
Пирамидо,ти само за на реклама на об тампони си,седната на бела,кадифена гарнитура! Чекај да извадам формулите за веројатност или тоа беа хазард кога свесно влагаш у ризик,саксијата е чиста веројатност?! Абе можда,ама секој со своето.Мојата несреќна околност е што имам две блиски искуства вакви и сега,тоа е. Психа бе,психа! Ако дојде зорт ќе се земе предвид можноста,а вака ко за летно време,со овој одлив (таква е темата,не туку ми се гадете),тампон и влошка задолжително,па исто ми се фаќа,а си најдов погодни влошки кои не спуруваат,а и хигиена молим.Хигиена подразбира менување на 2-3 часа,а не ко што знам дотични особи една влошка,еден ден...аааугхххх!
Да знаеш дека сум - поточно јас сум онаа што рипа у секакви гаќички, танги, боксерици, обични, бели, црвени, целени, со вокменот во рака и слушалките на уво и баш в’там г’зот пошто ми е топ со тампони Не ми е до ОБ-то туку ми иде сите да ве опуштам и да ви кажам дека нема потреба од страв Жими све на медитација ќе ве носам за опуштање. Него, психа. Чудно а јас толку и верувам на таа психа. Ама психа е и ако си речеш - ништо нема да ми биде па! Немој да кажеш дека не Мх, е тоа исто не можам да го разберам, цел ден со улошка зарем има такви? Сакам да кажам на темава, дека навистина со исклучок на првиот ден кога ми е обилен водопадов, па дури и тогаш со помош на + секојдневна улошка евентуално оние малине нели као осигурање, само тампон ми врши работа. Дури не ни осеќам кога ми пробива. Ставам сабајлечки тампон затоа што пу пу на саат точно знам кога добивам и после не ни чуствувам. Да не беше болката во стомакот немаше ни да знам дека сум добила. А и онака не познавам никој у моја околина кој не употребува тампон. Ма измислени се
Употреба на тампони оф можам да кажам дека и јас како и голем број на феминкиве се раководев од она познатото море влошка си е влошка, помнував голем број на одмори каде што како непишано правило на марфи добиваш баш на сред одмор и нема во вода. Море што не сум правела сечев крилца за да не ми се познаваат, не се бањав на одмор од 15 дена јас 6 седев на плажа ох дете си е дете сега така викам. Се додека годинава не си ставам прст на чело. Ох мори карак си дојде на одмор и марфи со мене а јас натоварена со куфер влошки ќе ја правам старата шема. Море си викам како не трк у маркет и зимање пакетче тампони. Мечка страв мене не страв. 100 пати прочитај упаство еднаш намести, разглобување од начин на ставање па се до несакани последици, море еднаш се живее дали денес или утре пак ќе умрам (знам чуки сум), земав тампонот море се раширив како тројца да ќе ми влезат и начинот за ставање на тампон е ист како што ставаш вагиналета( за тие што ставале), и ајде влезе првиот пат но не до крај море страв ми беше и ајде на плажа ем со тампон ем со влошка си влагав во вода и ептен му ја потресов море ќе тече или не, бев досадна со прашањето види да не сум црвена а нема шанса да претече упивало чудото. Боже боже.. Вториот море го наместив перфекно и секој нареден се подобро и подобро. Единствено нешто што научив од овој одмор и од моето размислување за тампоните е дека од сега за одмор ќе ми бидат верни другарчиња а марфи може да се е*е не ме заебува он мене веќе и конечно сватив дека додека ги имам тампоните може без грижа да одам на одмор и да уживам.
Јас гласам за тампот. Господ зрравје да му даде на тој што ги измислил Во зимо користам влошки, ама во лето неможам, гледам што помалку ствари да имам на мене, а пелената на газ не помага. И јас на почеток коа почнав да ги користам имав страв од тоа да не ми се скине конецот па да остане внатре па да треба да го вадам, па недај боже по доктори да идам...абе цели филмови холивуд стајл. Ама си има решение, пред да ставам тампон го влечам силно конецот и си проверувам дали е цврст. До сега ми се нема десено да го извлечам, а пробувам со сета сила п.с излегувам од темава зашто во глава ми се мота "иста влошка цел ден на 40 степени"
Ај и јас да се вмешам во муабетов...користам и јас тампони а за на одмор ич не размислувам одамна ми се пријателчиња. Само имам едно прашање...незнам дали сум била во право со однесувањево или не и немојте да ми се смеете Јас после излегување од вода го менувам тампонот, имам некое налудничаво чуство дека ми впива вода и дека вака е правилно...ќе ве замолам за совет да си знам за догодина
bozica не неможе да ти влезе вода се додека цел ти е ставен внатре. слободно седи си 3 саати со тампонот и прави си влези излези од вода и после три саати извади си го и стави си нов. не е препорачано повеќе од 3-4 саати да стои внатре еден исти тампон.
Ствар навике Користев редовно и не сум имала никаков проблем никогаш (зборувам во минато време бидејки откако ја ставив хормонската спирала речиси и да немам циклус). Во првите денови користев од најголемите, покасно од помалите. Кај нас купував само О.В. но секоја прилика во странство си купував залихи од Тамрах со апликатори. Самите тампони се сместени во картонски обвивки па нема потреба да пикате прсти за да го турнете тампонот туку само го ставате апликаторот и притискате, како шприц - 100% хигиенски. Не е точно дека крвта се задржува подолго внатре - ке се задржи толку колку што вие ке ја оставите... Со редовно менување на 3-4 часа, да не се проклетите стомачни болки, не би ни почуствувала дека сум со циклус.
Божица и јас одма го вадам и ставам нов...не знам зошто ама и мене ми е шубе да ми стои, ништо не ме кошта ако го сменам...мислам дека ќе се растечам ако не ставам нов , ама јас па многу седам во вода, ако ми се угодЕ не излегувам дури не ми се збрчкаат рацете
Ќе ми траат подолго догодина кутивчињата Ти благодарам! Да, правиме муабет за правилно ставен тампон целосно внатре, а за 3-4часа знам си ги читам упатствата секогаш, и стално оние најстрашни контраефекти ми остануваат во памет ама не им се давам
Се развила темата Лилит конкретно за твоите другарки- јас речиси сум сигурна дека на онаа што и се скинал конецот многу нагло во има повлечено тампонот а треба пополека онака “да ја расцветаш пупката“ и да го повлечеш (барем јас така правам ) А другата другарка што доживеала токсичен шок- јас колку што имам читано тој настанува најчесто ако подолго време се носи тампонот (пример го заборавата на спиење), па се си велам дека го има носено подолго време иако таа го тврди спотивното- и мене да ми се деси тоа сигурно дека ќе негирам дека сум го носела на пример 8 саати Ова ми се логични објаснувања што не мора да се точни Е сега тоа не значи дека ти не треба да пробаш- ако некој пример паднал од мотор не значи дека и ти не треба да возиш, едноставно ќе бидеш внимателен и тоа е се. А секогаш постои шанса да те удри некоја кола во движење по колку и прописно да возиш- како што кажа Пирамид, ризик дека нешто ќе ни се случи постои секогаш. Мене најмногу ми смета тоа ограничување - демек ако имам менструација не можам да се капам, да спортувам или не знам што- hell yeah Секој се соочил со тој страв- ама секој страв се победува со акција, па сите оние кои се плашите при следна менструација трк до продавница, купување тампони според видот на крварење (да не се жалите ко една другарка дека и протекол а купила од оние мини за последните денови, а имала обилно крварење) и пробајте. Се додека осеќате некоја нелагодност значи тампонот не е убаво наместен. Штом веќе не го чувствувате значи дека сте го наместиле убаво. Внимавајте кончето да биде однадвор. Ако мислите дека може да протече ставете една секојдневна влошка и веќе можете да облечете што сакате и да одите каде сакате Леле веќе не знам што да ви пишам за да пробате , ама се надевам барем некоја ќе проба и после ќе ја читам задоволна по темата И така Нешо нејасно дечки :geek: ?
јас планирам да пробам,а пусто страв ми е досега сум испробала неколку пати ама мислам дека грешно го ставам се ми претекува па го чувствувам па како дегенчце на сред плажа прокрварувам сосе тампон се исфрлам од мене ако има некој корисен совет нека сподели еве јас скоро патувам и планирам да седам на плажа и да се бањам а треба да добијам тоа време!