Абре девојки ќе ме натерате да им дадам втора шанса на тампоните. Првиот пат немав баш некое добро искуство, воглавно лош впечаток ми оставија, едноставно цело време чуствував дека имам нешто во мене и ме жуља, а и како да секој момент ќе испадне. Сега читам и сфаќам дека не сум ги местела како што треба, ќе се обидам пак, зошто преку глава ми е од влошкиве, грозни ми се, цела испошлакана сум . И така имам менструација, а и тампони по дома, па утре ќе пробам повторно, па ќе кажувам впечатоци .
Си ги купив најновите сега со подобрен апликатор, додуша повеќе место зафаќаат ама стварно се подобри. за иновативниот тим на Тампакс
јас не сум за тампоните бидејки од лично искуство ви кажувам ми направија таква инфекција што дури и рана ми се појави такада само во посебни прилики да 1 во годината на бели пантолони инаку никако.Ова ви го кажувам како мајчински совет.
и моиве тампони собираат прашина имам пробувано повеке пати но иста приказна секогаш ми сметаат не верувам дека е до местењето како и да го наместам самото тело ми го врака назад и некако ми е незгодно чуството но сепак продолжувам упорно да ги навикнам се додека не се изморам е сеа незнам дали е до местењето или пак до нешто друго што кога ги местам и длабоко да го турнам тој пак се врака подолу и ми смета и при одење и при седење ??? кога користам ги користам мини тампоните
Не практикувам да користам тампони,само кога сум на одмор па ептен да ми се бања или на некоја свадба па морам да носам танга
неможи ако го имаш убаво наместено да се враќа назад ниту пак телото да ти го одбива,сигурно не го местиш убаво во кутивчето има инструкции до детали опишано како се местат па земи убаво прочитај и ќе видиш дека некаде грешиш...
на една и се случило некој малер и одма другите се заплашуваат треба правилно да се стави, редовно да се менува, секогаш со чисти раце. ТОЛКУ Исто како и со влошките.
па нормално дека детално читам упатствата и не сум увидела некоја грешка до сеа не пробувам јас од близу време пробувам веке 2 години
Јас користам тампони со апликатор. Вакви беа порано и некогаш се заглавуваа, мислам клип системот знаеше да не го исфрли тампонот па да мора да се повтори постапката, јес да беа помалечки и попрактични за во ташна. Сега новите имаат само опција да го исфрлат тампонот, значи назачки неможе да оди апликаторот така да секој обид за поставување на тампонот е добитен. Проблемот е што зафаќаат повеќе место. Еј мајката тешко е да се објасни ама се надевам ја сфати разликата.
Епа ете јас кажав дека ќе пробам повторно и пробав. Резултатот е позитивен, првите три дена додека имав обилна менструација користев редовно, и сфатив дека не сум ги ставала доволно длабоко. Сега сменив 10, и со сите 10 имав позитивно искуство, не ги ни чуствував, а башка и го немав она спурено чувство меѓу нозе. Палче нагоре за тампоните давам од сега :up: , и склучуваме договор со овие ОБ дека од сега па натака редовно ќе ги користам .
може ти е смешно но некому не му е го местам сам се лизга надолу и сеа незнам само што е чудно и смешно
Мене сега летово ми дојде на одмор. И решив ќе ставам тампон ама никако неможев да го ставам не влегува а и ми беше страв плус. Другарка ми си почна сеир со мене вика а ако имаш дечко црнец што ќе правиш еден мал тампон неможеш да ставиш. Мене ми беше страв пошто невина сум.. паа кога имав обилна менструација си седев по шорцеви на плажа и влошка, а влошката на жешко ПЕКОЛ! не се трпи. После последните денови влегував во вода и после одма влошка ставав знам дека е лошо да се капеш кога имаш менструација посебно во езеро нечиста вода и плус ладна, ама пуста желба. И сега ме болат јајниците...
малку ке бидам off топик но со менструација не било убаво да се влегува во вода баш тоа ко бев на гинеколог прашав и ми рече дека така можело да се добие инфекција било со влошка било со тампон е сеа колку е во право незнам. се извинувам за off топикот
Треба деновиве да добијам и јас би тампони да ставам . Не можам по жешково да со влошки . Сакав да ве прашам колкави се шансите да ми протече ? И ставате и влошка , макар дневна ?
Стави си ако сакаш за секој случај во деновите кога имаш повеќе, инаку ако менуваш на 3 саати и немаш баш препремногу, нема да ти протече
не ти влегува доволно или кога ќе го ставиш ти се лизга сам ти излегува....оти ако доволно не влегува можно е матката да ти е многу долу затоа..... мене ми е долу многу матката и едвај го ставам..... си го прашав гинекологот и таа ми кажа вака..... затоа што има некој на секое одење во веце не го менуваат бидејќи доволно длабински влегува и нема гајле, ама јас кога ке одам да мочкам морам да го менам пошто ми е долу.... иначе раат си сум со тампоните веќе долго време ги носам и само со нив по цел ден а имам обилни крварења и ми е супер, само за спиење со влошка иначе никако влошка особено летен период практикувам да ја избегавам.... П.С. ако ти се лизга да не не го вадиш најлончето или пак не го вадиш целосно.....
да овабезно тампонот во вода веќе е наполнат имам ставено неколку пати кога сум се капела ама во последно претпочитам пред одмор да го одложам циклусот и тампоните се во ред но сепак и нив треба да ги менуваш и нема рает на одмор