Форумџика на годината

Употреба на тампони

Дискусија во 'Тело' започната од Secilly, 10 декември 2009.

?

Употребувате ли тампони?

  1. Да, редовно

    177 глас(а)
    12,8%
  2. Да, но ретко

    359 глас(а)
    25,9%
  3. Не

    848 глас(а)
    61,3%
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Тампони можат да употребуваат и тие што немале односи, така ?
     
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    ^ Да може...:)
     
  3. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Сакав да ве прашам дали циклусот ви се менува кога користите тампони? Јас кога користам влошки имам пообилни крварења, кога ставам тампон како да си ја прекинувам менструацијата...
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Така ти се чини бидејќи тампонот многу впива а неможеш да видиш колку за разлика од улошка. Ако така мислиш тогаш ставај на последните 2 дена. Јас понекогаш така правам зашто ме нервираат тие последни капки (цееел ден 1 капка :$ ) на последни денови
     
  5. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    И јас тоа си помислив.. Ама ми е језиво оти и од кога ќе го извадам тампонот ( некна на втори ден бев со тампон ) после 8 саата К од крв не видов.. ќе одам наскоро на преглед па ќе го прашам и гинекологот, па ќе ви пренесам, во случај да има некоја шо паничи ко мене :))
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Никако да не го носиш друг пат тампонот толку долго :fubar:
    Повеќе од 4 саати не се препорачува :!:

    Ме исплаши девојко, знаеш ли колку може да биде тоа опасно за тебе, втор ден меструација, а ти 8 саати со истиот тампон... :x
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сеси погрешно ја сфати изгледа, она го носела и откако го извадила 8 саати не и течело крв. Така барем јас ја сфатив, дека нели и збореше како и влијаел тампонот, т.е.и ја скртувал менструацијата.
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Дај боже да сум сфатила погрешно, затоа што искрено се исплашив дека некој не го вади тампонот 8 часа :|
     
  9. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Немам користено тампони досега. Ама пред некој ден со мајка ми бев на некакваа си презентација кој беше одржана од медицински лица. И кажуваа како користењето на тампони било многу штетно,а и самио чин на ставање и вадење на тампонот било доста штетно. Јас се зачудив искрено.

    Сакав само да ви пренесам тоа што слушнав.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Е што би било штетно вадењето и ставањето на тампонот.Обичен памук, потенко и од другото што се става и вади :D Ќе си измиеш пред и после раце и нема што да е штетно.Глупости |(
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Сум пробала неколку пати да носам тампон ама сознам едноставно ми пречи, го осеќам, ме боли кога ќе седнам. Незнам можеби не го ставам како што треба , односно недоволно длабоко па затоа или пак тоа е нормално. Ако е нормално тогаш дефинитивно неможам да поднесам :) а, ако не е дајте некој совет. Си гу поштуем улошките ама нели некогаш во посебна прилика...
     
  12. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Значи почнав да користам тампони сега и се уверив дека се супер порано само влошки ама убаво се информирав и сега знам како се користат, ама сакав да ве прашам за ноќе што правите? Користите тампони или влошки, затоа што нели се менуваат на секои 3-4 часа, а јас на пример спијам од 6 до 8 часа и не се будам преку ноќ. И уште нешто можеби ќе звучи ова чудно, ама ете уште беше рано да го извадам тампонот, а ми се приоди по мала нужда. Јас слушнав дека можеш слободно да си вршиш нужда и пробав навистина и после тоа морав да го извадам зашто мн чудно се чувствував. Ако може совет за ова?
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ноќе користи влошки, а јас кога одам по нужда не го вадам, само конецот го тргам на страна, не знам како ме сфаќаш :D
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ако те боли кога седнуваш сигурно не ти е наместен како што треба, пробај повнатре да го ставиш :o
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Те сфаќам и јас така направив ама после тоа нели се полни тампонот :?:
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    исто и јас преку ден носам тампони и кога одам по мала потреба го тргам конецот бидејќи нема потреба при секое одење по мала потреба да се сменва тампон јас го носам по 3 до 4 сати знаеме дека урината се исфрла од др.место да не навлегвам во детали да забегвам од темата,а за навечер еден туш и си ставам влошка сепак мн.сати се спие и не е пожелно со тампон да се спие...
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Аха е сега ми е јасно :)
     
  18. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Ги користам веќе една година,порано бев скептик и ми беше страв оти слушав разни приказни,поубаво се чуствувам со нив како да немам добиено си се осеќам,ама к оспијам морам со влошка :( никогаш сум немала тешкотија при местењето можеби само првите 2-3 пати додека научам како што,после тоа немам мака
     
  19. la.diva

    la.diva Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    немам којзнае колку обилна менструација, па затоа си користам влошки, не сум голем љубител на тампони :)
     
  20. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Првите три дена не користам тампони поради обилноста. Во последните неколку дена-ДА, ама не секогаш. Некако, не ми е згодно ни ставањето, ни вадењето :worried: