Немора да го вадиш само малку подрашири ги горните усни за да не ти подлизува мокрачата и нема проблем. Инаку и јас користам тампони, супер се на почетокот имав чувство како да ми пречи но потоа се навикнав, А што се однесува до ноке користам улошки бидејки лежам со тампон неможе да има добар проток.
не користам тампони-самиот процес на користење ми е , сметам дека е подобро со улошка п.с. тампоните се добри ненадејно на одмор ако добие девојка,па за во вода
Тампонот е туѓо тело, кое задржува менструацијата во организмот и става поле на инфекции и бактерии. Често е тоа жени да одат на доктор, поради инфекции од тампони. Синдром на токсичниот шок (СТШ) е заболјавање, кое може да се добие после неправилна употреба на тампон или по точно тампонот остане по долго време во телото. СТШ се добива кога бактериите се размножуват и попаднат во крвта во следствие на туѓо тело и задржане на менструацијата. Добива се бактериална инфекција и токсините навлизат во крвта. Имуната система понекогаш наделјава над СТШ, но има случаи во кои исходот е тежок. Симптомите на СТШ се висока температура, гадење, диарија, низок крвен притисок, обрив... Алармирането за евентуална опасност од СТШ се засили след като во светски рамки неклоку жени починаа точно од Синдром на токсичен шок во следствие на женски тампони. Се разбира опасноста од од СТШ е ништожна за жени со добри хигиенски навици и правилна употреба на женските тампони. -Секогаш ставајте тампоните след като сте си измили рацете! -Не држете тампонот во телото повеке од 4 сати! -Редувајте употребата на тампони и дамски улишки , за да се пречисте наполно телото! -Подбирајте размера на тампоните според силата на менструацијата. Тампон “супер„ не се користи за подолго време, а за по силно течените!!! -Никога не оставајте тампон во себе цела ноќ! -Ако тампонот го усештате, значи не сте го ставили правилно и не е достатачно навнатре. Поставениот правилно тампон не се чувствува. Јас лично не користам тампони, мојот гинеколог ме посоветува токмо тоа, затоа што може да ми навреди, бидејки сум била чуствителна на нив.
Имам користено тампони, но само по потреба, кога не сум била во можност влошка да носам, (свадба, прослава, летно време зошто ме поти влошка) но еднаш, бев на факултет памтам, и толку неубаво го имав наместено тампонот што ми се слоши.... Спојлер многу повраќав и ми се вртеше, и на крај изгубив свест... и се ми се смири кога го извадив,а докторката подоцна ми кажа дека е можно да е тоа од тампонот. Од тогаш немам ставено тампон. :/
Женски јас никогаш не сум користела тампони "сум немала потреба" ..Но сега добив менструација баш пред новогодишната ноќ, а веќе си купив тесно фустанче кое што веќе знаете не е баш, поточно не е воопшто за со влошка. Така да се сетив на тампоните, но немам врска како се стават и сите тие ствари. Прееска пред да купам ги читав мислењата на форумов, но ќе ве замолам ако знае некоја поубаво и подетално да ми објасне како да го ставам точно, зашто малку и се исплашив од тие некои си несакани реакции и тој синдромот... па затоа ве молам за совет!
Другарке јас пред да почнам да користам тампони, исчитав свашта по интернетов, и на крај поразговарав со гинекологот. Не ти се слошило зошто тампонот ти бил лошо наместен, во таков случај народски кажано би те жуљал, јас имав такво искуствово првиот обид. Ти се слошило заради токсиколошки шок, зошто најверојатно не си го променила повеќе од 3 часа. А при користење на тампони, задолжително мора да се внимава на ова, и да се менуваат на 2 до 3 часа, максимим 3 ипол 4. Од овие причини не е препорачливо да се носат тампони за спиење. Симптомите на токсиколошкиот шок се тие, вртење, гадење, повраќање понекогаш и губење свест. Јас користам веќе неколку месеци, мирна глава . Преку ден менувам 4-5 зависи кога како, и си имам секојдневна, но никогаш не ми се случило да ми протече, или да имам некои контраиндикации. За спиење влошка Always night, и уживанција. Никогаш почисто за време на менструација не сум се чуствувала. Носам што сакам, не ми шушка влошката како памперс да носам, не ме спурува, не ми протекува па ѓаќички и се останато лом да ми е. На почетокот е малце зезнато она ставањето, додека му влезеш во шема. Сега и со затворени очи би си го наместила, се е пракса и навика . Единствено е што мораш постојано да внимаваш на саат, и да пазиш на време да го извадиш, ама па милина е бре.
koristam tamponi veruvajte raat se, i nie devojkite si znaeme deka malku se dosadni tie denovi osobeno vo leto no so tamnponi sekoj problem e resen.Ja oblekuvate koja obleka sakate bez da se mislite dali ke se cuvstvuvate sigurno i toa deka se stetni odnosno deka doveduvat do nekoi infekcii e kompletno ne tocen fakt barem spored mene sto redovno gi koristam pozdrav devojki
Тампони користам редовно веке неколку години но користам само вториот ден од циклусот и тоа кога не сум дома т.е.кога одам на работа.Ако сум дома не користам . Исто така ги користам и за спиење но го менуванм во текот на нокта .До сега не сум имала никакви проблеми . И додека се користат тампоните може да се оди по мала нужда бидејки од бешиката има друг отвор нели ? Тампонот треба да се стави толку длабоко да не го чуствуваш дека до имаш .
Мене пак влошките ми се раат и никогаш не ми претставувале проблем и со нив секогаш си ја носам облеката што ја сакам и не ме ограничуваат. Тампон имам користено само еднаш на одмор и ми беше ужасно бев во Аква парк и цело време си мислев дека ќе ми протопи.
Сакам да ве прашам за мислење. Заради еден здравствен проблем ми дадоа природен лек кој треба да се става со тампон. Имено , мешано маслиново масло и кантарион се става на тампон внатре да речеме 5 6 саати во текот на ноќта . не знам дали тој синдром може да се случи поради тоа што времето е подолго од 3 4 саати . фала
Koj ти го даде тој лек, баба ти ? Не си играј играчки девојче, си има вагиналети што се ставаат во вагината против инфекции, а вакви работи како маслиново масло на тампон немој да применуваш, ќе си направиш уште поголем проблем од тој што го имаш сега
Епа штом цел живот го има тој проблем значи лекот не делува Не си играј со здравјето, оди на гинеколог и примени ги неговите совети, оти гледаш секој ден има се повеќе трагични случаи на млади жени кои што сериозно си го нарушиле здравјето, а некои завршиле и фатално, затоа што изигравале надри лекари и пробале сами да се лечат.
а да прашам дали ако имаш мнооогу обилна менструација можеш да носиш тампони или лом ке станеш? ме интересира зашто и јас се мислам да носам
Земи од тие што се со повеќе капки и ако ги менуваш на 3-4 саати ќе немаш проблем. Тампониве се измислена работа. Со нив не ни приметувам дека имам добиено. Многу почисто, похигиенски од влошките.
За многу обилна менструација земи си од најголемите тампони, и носи си и секојдневна влошка за секој случај. Тампонот менувај го на 2-3 саати.
Ааа не таква работа.Мене ми делува малце гадничко,мислам да буташ нешто 'таму доле' ... не не. Јас си се држам до влошките.
јас речиси секогаш користам влошки, освен ако ми дојде додека сум на одмор, па сега не сум цел живот таму, и времето и уживањето ги користам максимално, па не дозволувам ни една ден да не се изнабањам во морето, и само тогаш користам тампони, оти со влошка неможам се познава преку костуми за капење