За мене се каде каде похигиенски од влошките. Најважно-нема крв гледање, нема миризби(ако некој си мириса од повеќе за време на циклус). Менување на секои отприлика 3 часа. А најтоп момент, е што ја нема онаа зелена упс фаца како кога ќе носиш влошка и стануваш наеднаш по подолго седење и се осечаш како Нијагарини водопади да протекле меѓу нозете.Трчај,скокај, што сакаш носи си, биди си само на раат. Е заради ова 10 плус им давам.
Какви влошки, тампоните се закон. Нема крв насекаде, почисто и посвежо се чувствувам. Во почетокот додека да се стекне навика е малку непријатно. И ставањето и вадењето и се'. Многу е важно да се погоди големината на тампоните. Првиот пат појма немав и земав од тие најголемите. Ми се чини дека Господ го видов. Која болка човече. Ама не се откажав, си купив помали и тие ми се супер. Дури не ги ни чувствувам веќе. Единствена причина што не ги користам постојано е тоа што кога сум излезена колку и да мијам раце не се чувствувам целосно чиста, па ми е страв да не внесам некоја зараза.. Обично ставам тампон и секојдневна влошка пред излегување, после некое време го тргам и ставам влошка, па менувам влошки додека да се вратам дома.. Во последно време чистам раце со антибактериски гел, ама па страв ми е од него да не ми се оштети слузокожата или слично. И посакувам да можеше да се користат и во текот на ноќта, вака лом сум насабајле..
Тие за кои велат дека се најдобри (Ob) се 90ден. а има 8 внатре јас лично не ги употребувам затоа што не сум имала односи до сега.. а некако ми е страв .. :/
Најчесто користам влошки,но минатото лето имам користено и тампони,бидејќи имав добиено,а многу сакав да идам на базен..и затоа
Дечки јас нема користено тампони .. и сакам да прашам дали се навистина ефикасни затоа што сакам да си купам и да почнам да користам .. воопшто ли нема шанси да ти протечен и дали може да носам бели хеланки ??? ајде ве молам кажете ми
^Нема да ти протече ако добро го наместиш. Уште подобро е ако користиш тампони во комбинација со секојдневна влошка. Апсолутно ништо не се познава.
Баш приметив на моето пакетче од ОБ, дека рокот е неограничен. Секако, ако се чуваат заштитени во кутијата на суво, затворено место.
Jas nemam upotrebuvano tamponi,nekako mi e strav,kupiv za na probam ama nemozev kako da me glocka nesto tamu celo vreme ic ne mi bese udobno mozebi ne sum go stavila kako sto treba ?
Јас немам никогаш користено тампон, но како што си прерачунав летово кога ќе одам на одмор (на море) треба да ми дојде, е сега не сакам да го пропуштам одморот, или да ми се зафркне заради циклусот. За таа цел сакам да користам тампон, знам дека пишува дека го користите за пливање..дали има некоја разлика затоа што е во море со солена вода или нешто слично? И да, немам никогаш имано секс...па малку ми е чуден тој дел со ставањето на тампонот...некој совет?
Ве молам за совет.. баш менстуацијата идна ми се паѓа точно 6 дена додека сум на море,а имам само 14 години,и несакам да пробувам со тампони,пошо сепак сум мала уште,не сум имала сексуален однос и незнам како иде тоа со ставање тампони и не ни сакам да знам..:// и несакам да си го пропуштам одморот ( нешо чув о врела вода на длниот дел од стомакот за да ми почнел циклусот порано..вистина ли е?кажете ми нешто слично,за побрзо да ми дојде..нескам да си пропуштам одмор фала ви однапред
Ова и јас знам дека е ефикасно. Незнам дали го применуваш ама бара упорност, огромна хигиена и верувај ке имаш резултати. Исто намали стрес колку што можеш. И не се секирај со тампоните не е ништо страшно
Не користам тампони , и нема ни да користам , инаку знам доста личности кои користат и ми велат дека се задоволни , јас не можам и не сакам , а што ако не можам да ја извадам врвцата потоа ??
Ќе вадиш со клешта Такво нешто не може да ти се случи, па тоа е обичен тампон, лесен и од памук, не влечеш цигла со врвцата.
Овака изгледаат? Јао боже, ако некогаш ставам, ми се чини дека ке се чуствувам ко к*р да сум си ставила А може да пообјасните детално како се става. Читав 15 тина страни уназад и никаде нема како се става. Значи ги ширите усните па ставате или со туркање.. И како ке знаете дека е ставен точно на место без да го скинете хименот, за оние кои уште сме невини?