^ Прво, за невини не се препорачува тампон. Не дека ќе си одземеш невиноста со него ама општо не се препорачува. Друго, тампонот е гнездо за бактерии. Значи доколку се користи, за време на обилна менструација посебно (значи првите 2-3 дена) треба секој час да менуваш. А за да го ставиш, треба прво да ги рашириш усните, да го истргаш кончето (нај битно) за да остане надвор, бидејќи ако се пикне и кончето внатре ќе свршиш голема работа, и потоа го туркаш со показалецот, ако е правилно поставен ќе си го најде своето место и воопшто нема да го чувствуваш. А доколку не е правилно ставен, ќе те боцка, непријатно е. Е сеа, зависи и големината, исто како влошките има големини. Си бираш сама која големина. Јас на пример до сега 2 пати имам ставено и одма бактерија си накачив, и од тогаш на памет не ми паднало да ставам. Отворив на интернет, и прочитав, тампоните се гнездо за бактерии, внатрешната топлина едноставно е уживанција за бактериите. Затоа, додека можете влошки да си носите, нема потреба од тампони. И тоа памучни влошки, не синтетички. А тоа дека чувството кога имаш тампон било како да имаш пенис внатре, нема врска. Ако е правилно поставен воопшто нема да го почувствуваш дека е внатре.
н најдобри (Ob) се 90ден. а има 8 внатре а и чувството е совршено како да не ти се оние денови кога имаш мензис
Употребувам тампони, но само во одредени ситуации на пример кога одам на одмор...и мењавам на 3 часа а доколку не го сменам за толку време почнуваат болки..ама сепак задоволна сум ,секогаш ме спасуваат за време на одмор
Користам редовно тампони,најдобри ми се Оb super за првите денови и за после си зиам нормал. И супер ми е од ко почнав да корстам тампони,исто како да не сум со тоа Дури и за низ град,тампон и секојдневна и литам у шопинг
Ако ти доаѓа точно на време, таман додека појдиш на одмор, ќе ти заврши. Ако си невина, не се препорачуваат тампони, а и да сакаш да ставиш, тешко дека ќе го направиш тоа успешно, за цел одмор да го поминеш со тампони. Постојат контрацептивни средства кои се пијат секојдневно. Со нив можеш да го прекиниш доаѓањето на менструацијата, а откако ќе се вратиш од одмор, да ти дојде. Ама, ги препишува исклучиво гинеколог, и тој најубаво ќе ти објасни. Пред се дека имаш само 14год. Така да, последново ти е најдобро решение, а и многу девојки го `користат` кога одат на одмор. Тоа со врела вода и слични работи, може имаат врска, ама индивидуално и малку, повеќе се работи за митови.
Јас многу ретко употребувам тампони бидејќи од медицинска точка не се баш најпрепорачливи.Тампонот пикнат внатре во таква средина и таква пх како што има вагината е вистинска можност за населување на голем број бактерии.Значи крвта не циркулира никаде едноставно тогаш бактериите имаат најповолна средина за размножување.Значи тампоните нема ама баш никој гинеколог да ви ги препорача во замена на влошките,без разлика дека чувството кога носите тампон или влошка не е исто.Според мене тампоните се само за во некој x момент,но не и за секојдневно користење!!!
Девојки, мене ми се паѓа да добијам менструација баш ко ќе тргнам на одмор, на 5ти Јули! Па сакав да прашам за тампониве, досега не сум користела, па малце ми е страв зашто негде имам прочитано или некој ми кажал, не ме фаќајте за збор, дека имало случаи на колапс?! Можно е?
Лепе колапс или токсиколошки шок се дешава ако долго го носиш тампонот, односно ако не запазиш на времетраење и не го смениш за 2 часа, поготово ако си на сонце. Значи може да ти се сврти, да ти се повраќа народски кажано да ти се слоши. Мене вакво нешто не ми се случило, меѓутоа колку што знам тоа се случува само во погореспоменатата ситуација. Ако прв пат користиш малце ќе ти биде језиво, додека навикнеш и додека се уходаш како да го местиш. Не му се нервирај ако првите неколку ти бидат неуспешни обиди, и ако го осеќаш како да те жуља. Ништо страшно, појди извади го и одново. Пази на врвцата, и убаво бутни го, да си најде место и „да легне“, е тогаш кога ќе го чуствуваш при ептен нагли потези значи дека ти е добро наместен. За да запазиш време, особено ако одиш на плажа, намести си аларм на секои час и половина до два, и обавезно менувај го и не би требало ништо не посакувано да ти се случи.
Јас во последно време се почесто сум тампон. Многу ми е полесно на жештинава да си менам тампон на час/два одколку да се препотувам цел ден со пелената. Ми се иритира газето се мачи кутриот. Јас од страв ги менувам ги менувам така почесто, инаку ги оставам понекогаш и до три часа и сум нема проблем. Е подогло од три не го оставам па ако сака апокалипса нека се дешава
Mајка ми многу ги користеше.Jас пробав еднаш, не ми се свиѓа чувството, така да не ги користам Aма во некои хитни случаи би ги користела
Не ми дозволува мајка ми да ги користам, гледала таму некоја емисија во Америка жени умреле од тампони и оди разбери се сега. Инаку ги користам ама не редовно. Мене ми се подобри отколку влошките, ама пак сум скептик под тампонот ставам една улошка па макар секојдневна.
Видов во Тинекс дека има некои тампони со апликатор, ама не знам што фирма се, по 8 се пакувани - конечно и кај нас да дојдат такви. Ама се думам дали да ги пробам... на едни сум навикната, страв ми е да менувам ако некоја ги проба, нека каже.
баш прееска размислував на оваа тема тие чуда не сум ниту пробала да ги користам, ниту имам намера-страв ме фака, а добив со влошки на подарок-уште ми стојат ке го ставиш ок, а како ке го извадиш , или што ако тоа врзулчето отиде каде што не треба инфекција можеш да добиеш во најмала рака
Забележа ли каков им е апликаторот, од картон или пластичен? Јас секакви сум пробала, без апликатор, со апликатор и картонски и пластичен, ама тие со пластичен апликатор се најлесни за ставање. Ако е од картон, јас би препорачала подобро тампон без апликатор. Каде е исечен картонскиот апликатор на врвот цик цак за да е како конус кој се рашири нели, некогаш се осеќа гребање од него. Пластичните од друга страна, како подмачкани, едвај осеќаш дека ставаш тампон и најлесно се мести кај му е местото.
Мислам дека се Јасмин - Словенски (црвено-црно пакување). Ги гледав во Зегин. Словенските треба да се квалитетни. Додека не пробаш, не можеш да знаеш. Јас досега само еднаш имам пробано со апликатор, ама мисија неуспешна. Една другарка, ги набавуваше од странство и без апликатор не можеше, беше научена на нив, било многу брзо и лесно.
Многу е полесно со апликатор. Ај баш ќе видам, мислам дека е пластичен апликаторот, а тоа ептен би требало да го олесни ставањето Ама не ми е само за апликаторот, и за самите тампони ми е... од менување влошки си навлеков алергија, па сега сум ептен претпазлива.
а да ве прашам, можеби ќе изгледа глупаво од моја страна оваа прашање но не сум добро информирана во врска со тампоните. Дали е потребно да сум скината за да можам да ги користам?Дали ќе имам болки ако ги користам без тоа?
Е како бре ќе отиде каде што не треба, каде тоа??? Па големо е кончето и да сакаш неможе да остане внатре , а ниту пак да се скине, прилично е цврсто, а за влечење немаш ни потреба да употребуваш некоја сила, па со оглед на тоа многу брзо и лесно се извлекува. Инфекција сигурно неможеш да добиеш, посебно не со правилна употреба, тоа гарантирам. Сум ги употребувала и преку ноќ кога не сум го вадела тампонот и по 8ч, па сите пап-а тестови ми се уредни. Ако гледаме така тампоните се многу по чиста работа од влошките, зошто влошките по правилна употреба треба да се менуваат на секое одење во вц, па и мала нужда да е, а колку жени го прават тоа, па посебно кога влошката не е ни наполнета, ниту пак извалкана. Јас навистина не би се откажала од употребата на тампоните, посебно не 3-4-5-6ден од циклусот. Можеш да ги користиш и доколку не си имала односи, тоа е само пресуван памук, па со оглед на тоа не штети на хименот, а и не се става тампонот толку длабоко па затоа нема опасност.