Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на тампони

Дискусија во 'Тело' започната од Secilly, 10 декември 2009.

?

Употребувате ли тампони?

  1. Да, редовно

    177 глас(а)
    12,8%
  2. Да, но ретко

    359 глас(а)
    25,9%
  3. Не

    848 глас(а)
    61,3%
  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас треба да добијам, а мислам дека тоа ќе биде утре, и бидејќи не сакам да пропуштам на плажа да одам, башка и колешка од источна ќе ми дојде утре неколку дена на спиење, и сега нема смисла да не се оди на плажа, сакам тампони да си купам. Арно ама немам искуство со нив, не сум користела.
    Какви да купам не знам? :?: помали, поголеми, кои се најдобри, тие О.Б.?
    И можам слободно да си се капам? :?: Цело време умот таму ќе ми биде, да не ми протече. :D
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Јас други освен ОБ не сум пробала и сум задоволна. Ако имаш обилно земи супер, ако не нормални. Не се секирај ништо нема да протече, ако си втор трет ден и имаш повеќе менувај ги на 2ипол саати, ако не можеш и на 4 :)
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ако ти е прво користење на тампони, земи си ОБ pro comfort normal - ако имаш најнормален мензес, ако ти е пообилен можеш и од поголемите, мада со пообилен мензес - мислам ниту тампон не те спашава :)

    Ама овие кои ги напоменав мене ми се таман. Ем лесно се ставаат ем можеш да си се бањаш без проблем.
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    За деновите кога ти е пообилен циклусот само со тампон нема да можеш дефинитивно би протекло.
    Инаку за почеток мислам дека О.Б. супер ќе ти бидат големи, јас одамна користам, па сеуште неможам да се навикнам на нив, затоа најдобро да земеш нормал.
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Немам обилна, добив одма после постот кога го напишав, и ајде денес ќе паузирам. :D
    Утре ќе одам на плажа. :sun:
    Фала ви.
     
  6. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    девојки сакам викендов да ги испробам тампоните.ама ке бидам на еден семинар.затоа што досега не сум имала искуство ме интересира дали тоа ке мошам да го правам во вецето во хотелот,дали е едноставна постапка?заради хигиена на рацете ке имам антибактериско сретство за раце.ме интересира како ке знам дали е доволно длабоко и дали е едноставно вадењето?и за тоа конецот што зборувате,што ако ми се повлеци внатре? :o .колку е долг конецот?планирам да поцнам со об нормал.
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    нормално дека во вц ќе го наместиш и дома да си во вц ќе го наместиш нема ништо не хигиенски ги миеш рацете ќе го извадиш најлончето во кој тампонот е сместен врвцата сама ќе падне ќе го наместиш тампонот во каналчето а врвцата надвор ќе ти виси ќе ги измиеш рацете и готово тампоните се најхигиенски за време на циклус не се правиш лом нема непријатна миризба во лето посебно и се осеќаш многу по комотно и посвежо барем кај мене така е а за подетално местење на тампонот внатре имаш упатство со сликички ќе си го прочиташ цело ќе ги видиш сликите ништо комплицирано едноставно е...
     
  8. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    фала многу.ке пробам.ама извини не ми одговори на мозеби најглубото прашање :lol: .како кезнам дали е доволно длабоко?
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Пробај си прво дома, т.е. во соба, ако не е доволно длабоко ке ти смета кога ќе седнеш, се става како вагиналета, таа длабочина,односно и сама ќе осетиш до каде можеш да одиш
     
  10. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
  11. lovely-jublee

    lovely-jublee Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6

    инфекција не се добива туку така. со правилно користење, хигиена на рацете и редовна промена на тампонот не гледам причина за инфекции и умирачка ко шо спомна друга феминка :) тие чуда се дешаваат кога премногу долго се оставаат внатре. во америка повеќето девојки користат тампони а мнооогу ретко влошки :D
     
  12. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    јас 7 год користам тампони и тоа да не речам редовно и никаква инфекција немам добиено ,јас мислам похигиенски е тампон отколку обична влошка,а од сто страв те фаќа srcekrsacka
    не е страшно,ќе го извадиш со врвката нема шанси да отиде кај што не треба ако мислеше да влезе внатре нема таа си има стандардна големина барем мене ми се никогаш тоа нема случено,тампонот ќе го ставиш дабоко да не го осеќаш а врвката си стои од надвор
     
  13. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    И мене ми беше страв од почетокта,ама послето се навикнав. Сега со години си користам само тампони и ми е раат,исто како да не сум со тоа. Гледам само тие на Оb да ги користам,најсигурни ми се. Иам 1-2 пати пробано други,ама не се сигурни како Оb. Така да смело напред,раат ќе си видеш :)
     
  14. InnaA.B

    InnaA.B Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Sakam da prasham vistina li e deka devici ne mozat da nosat tamponi ili?
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Можеш и ако си невина да употребуваш тампони, само што треба да земеш од тие со најмала големина.

    Инаку и јас сакам да прашам нешто. Некаде читам дека тампонот мора да се менува на 3-4 саати најмногу, а некаде читам дека може да стои и по 6-7. Е сега што е точно? Дали тоа значи дека сепак може и да се спие со тампон? Користам тампони понекогаш, ама многу се плашам од онаа болеста, не се сеќавам како се викаше, што се добивала од нив. :worried:
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Епа количински зависи колку ќе стои тампонот.
    Затоа во првите денови се препорачува да се менува на секои 3 часа (и помалку), додека последните веќе може да стои 6-8 часа. Според мене, повеќе од 8 часа не би требало да стои па макар и една капка да е.
    За спиење, сепак не би ризикувала лично јас, ако сметаш дека ќе се разбудиш за помалку од 8 часа можеш.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Moментално сум со тампон и раат сум- не можам да замислам да носам влошка да ме поти на жештиниве, не, не.
    А ве читам ви протекувале, па зошто не користите супер, туку користите нормал?
    Јас користам супер, и плус секојдневна влошка и немам гајле.

    Ги менувам максимум на 4 часа, не сакам да ризикувам да стои во мене подолго.
    И пола одмор го истерав со тампони, и не осетив дека воопшто сум имала менструација- се бањав, шетав, спортував на плажата, правев се` што би правела девојка која нема добиено.
    Не дозволувам менструацијата да ми биде пречка во нормалното функционирање кога некој измислил тампони.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Исто :)
    Се погоди летово еден викенд кога бев до Охрид да имам добиено, се наоружав со тампони, абе не осетив дека сум имала воопшто добиено тој месец. Алал да и е на жената што ги смислила :D
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    17.917
    Пол:
    Женски
    досега немам користено ама кога ќе одам на одмор може ќе ми дојде :@ па ќе треба да ставам, сепак дај боже да не ми дојде ама ќе си се опремам за секој случај :!: :lol:
     
  20. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Девојки видов во Кам маркет тампони, не се сеќавам на производителот ама ист е со тој на влошките што им се. Пакувањето беше прилично големо а беше 140-тина денари. Дали некоја ги има пробано?
    Јас имам користено само ОБ тампони и ми е страв да се префрлам на овие. А ептен се исплатливи.
    Искуство некоја?