Незнам точно какви се ама зошто да не ги пробаш и јас претежно користам ОБ но имам користено и други и исти се внатре сите нема никаква разлика...
Леле и јас ги обожавам,не ги користам редовно сега почнав само кога излегувам некаде по дома не носам поради што чувствувам болка кога ке го наместам мислам додека го местам и потоа некоја напнатост во стомакот долу,кај вас се случува тоа или јас само имам ваков проблем.иначе доколку оваа болка не би постоела без размислување би ги користела редовно.
нема ништо страшно,и јас бев скептична на почетокот сега неможам да се оделам од нив дури и во проблематичните денови се чуствуваш убаво заштитено и чисто...
Убави се,јас ги користам,но во обилните денови преферирам влошки,не знам зошто?! Тоа е навика,на почеток не можев да ги поднесам никако,ама кога почнав правилно да ги ставам (изгледа предходно не сум ги ставала доволно длабоко )навистина не се осеќа ништо и не сметаат. Па ете важно е што можам да ги поднесувам и немам проблем никаков. А знам дека има девојки на кои едноставно им смета, ама ги разбирам, зошто и јас до пред неколку години не можев и викав големо НЕ за нив
Не е во ред да се користат, бидејки лесно може да се закачи инфекција, не е само за хигиената.А прашање е колку девојките во Америка се грижат за своето здравје.
Гледам често спомнувате инфекции, на какви инфекции конкретно мислите? Освен тој синдромот што се случува еднаш во милион и знаеме од кои причини, не знам за какви инфекции мислите, секако дека не можам полова инфекција да фатам од тампонот, може ли да ми објасните?
Лелел јас не користам тампони само влошки бидејќи сум чула дека се губело невиност со тампони. Инаку ако некој има спомнато за ова погоре се извинувам ама не ја читав темата само земав да одговорам.
Може ли на тампони рокот да им помине? Имам О.Б дома, ама може 2-3 години ми стојат така.Го гледам пакувањето, не пишува никаква дата, ништо...Упатството е цело на германски и ништо не разбирам.
Може да помине рокот на амбалажата сигурно има дата кога се произведени и колку имаат рок на употреба ако ти се седени толку ти препорачувам да ги фрлиш не ризикувај за 100 денари...
Неможе. Користи си ги слободно, без разлика колку време поминало откако се купени. Нормално, ако не се оштетени. Пишува таму некаде на кутијата или во упатството дека имаат неограничен рок на употреба.
Како успевате да го ставите тампонот незнам. Мене само пола ми влегува и после штрчи . Па и со помада го мачкав да клиза повеќе деме нее нема шанси решило не влегува и не дрш недај (Сега неможам тампон да ставам а ако имам дечко црнец сум наебала хааххаа)
Јас досега никогаш немам користено тампони,ми е страв некако.Не знам дали правилно ке го ставам,што ако после не можам да го извадам?! Вака влошките ми се посигурна варијанта,иако се по непрактични и по нехигиенски.
Уф, и јас богами се мачев со тампониве. Првиот пат го ставив ПЕРФЕКТНО.Не го чувствував, абе супер ми беше. Ама после...се мачев дур ги ставам, де легната, де станата, јок не оди и не оди!Едвај, едвај некако ги ставав! Ама ако ги ставиш убаво, супер си се, а не со она влошкине, да се спури човек.
Исто и јас, ставив само еднаш, ама изгледа не го наместив убаво и го осеќав кога се вртев од една страна на друга, не цело време ама на моменти го осеќав. И оттогаш па наваму не ставив пак, еве цела кутија си стојат така Ај може ќе се предомислам некогаш, па ќе си ги искористам.
Во секој случај да тампоните се супер и похигиенски и практчни и секоја девојка после првиот сексуален однос треба по обавезно да ги користи. Јас ги користам и сум многу задоволна што оние денови ми поминуваат без да морам да внимавам што носам како седам, колку се двизам. И, што е најбитно не сум целата ушлапана во крв, како да сум заклала 10 кокошки наеднаш.