Тогаш сигурно си земала некој со нормална величина. Јас прв пат кога пробав да ставам тампони(последната менструација) земав и од тие мини што се и нормал. Е сеа, тие нормал на мене не ми се чинеа многу нормални кога пробав да ги ставам. Абе ни до пола не влегуваше. А кога ги отворив тие мини...е тоа веќе беше друга приказна. Прцули на олкцки се пикаат кај сакаш. Сега планирам следната менструација да ја поминам цела на овие мини па ќе видиме дали ќе издржам. Ако да тогаш пак ќе пробам со нормал, ако не влошката ми е лекот.
Тампоните може да се користат и при првата менструација. И НЕ, не сум скината. Не планирам на 16 да имам односи. Сметам дека уште ми е рано
Јас мислам дека тампони неможат барем не правилно да се користат без дефорација(кинење на хименот) и апелирам до девојчинјата кои сеуште се невини да не го следат овој твој пример бидејки може да се повредат на тој начин. И не ме чуди што велиш дека тампонот неможе да влезе до крај, па нормално дека нема да може да влезе, влегува само 1-2 сантиметри и кога ќе стигне до хименот нормално дека неможе понатаму. А и така неправилно поставен не гарантира никаква заштита бидејќи може несакајки да се извади или да протече освен ако на користиш и улошка па да го држи, инаку онака тешо дека ке можеш нормално да функционираш без да се грижиш дека со клекнување или на други активности може да дојде до испаѓање и непријатни ситуации.
Добро ти стварно мислиш дека јас пред да ги купам и користам тампоните не истражував и распрашував детално? Како прво и најосновно во самата кутија на тампоните има упатство за употреба, кое што ако не си го прочитала најверојатно и не знаеш дека тие мини тампони се измислени баш за девојки кои што уште се немаат скинато, а сакаат да водат нормален живот и покрај добиеното. Тука под нормален живот мислам на пливање во лето и воопшто спортување во било кој период од годината. Како второ ти како мислиш дека на нас ни тече кога имаме добиено? Околу хименот? Како па да не! Самиот химен има едно дупче доволно големо за низ него да помине крвта и тампонот, а да не не скине. И како трето многу луѓе ми имаат потврдено дека ако носиш тампон не можеш да се скинеш. Вклучувајки и два гинеколога,тетка ми и мајка ми(со која што сум многу блиска и во животов не би ми дозволила да направам нешто со што ќе си го загрозам здравјето). На крајот на краиштата сите си имаат свое мислење за некои работи, а тампоните се башка опширна тема кон која што мора внимателно да се однесуваме.
Револуција во женскиот свет O.b pro comfort ми се најубави , не ни осеќам дека ги носам ( додуша освен нив само едни други имам пробано , врска немам како се викаа, како хартија беа ,ама таа аптекарката земи ги па земи ги ) Ги практикувам постојано, особено кога сум излезена . Влошки практикувам единствено кога спијам, и некој пат по дома . Само треба внимателно да се ракува со тампониве, да се менуваат стално , бидејќи ако останат подолго време се создаваат услови за размножување на бактерии
Леле бе Михаела дај прочитај малце низ интернетов пред да кажуваш вакви работи, тампони можат да користат и невини девојчиња.
^ Мене ми е смешно ама озбилно, тампони за невини девојчиња... мислам такво нешто не постои. 100 % кинење од прва рака... Инаку, тампонот треба да се бутне пола прст, за нели да не падне и да се чуствувате пријатно ... за недопрените со самото пикање на тампонот се кине и хименот пошо нели се наоѓа посе 2 сантиметри во вагиналниот отвор, а колку шо знам најмалите тампони се до 3, 30 -4 см . Ако грешам еве може да ни го смениш мислењето и да ни пратиш линкови, каде си прочитала, за да знаеме... Ама озбилно, грешиш cecilia . Поздравки. И + нема дупче или дупчиња на хименот па да протекува крвта, туку тоа е целосна мембрана ни која поминува крвта и други вагинални секрети,
Баш така нема теорија невина девојка да користи тампони, ти благодарам што го појасни ова во детали. по нивната теорија ако девојка може да користи тампони без да се скине, тогаш ќе може и секс да има а да биде невина, или во најмала рака со прст да се задоволува.
DEVOJKIIII!!! Tamponite se nesto najstrasno za upotreba!!! Ve molam procitajte ja statijata, a ova ne e ni prv ni posleden slucaj!!![/color] http://www.lepotaizdravlje.rs/tekstovi/ ... og-tampona
Баш летово за прв пат употребив тампон зошто добив само што пристигнав на одмор. Бев скептична околу тампоните, ама за се има прв пат. Бев желна за да влезам во вода по сите тие пеколни горештини па затоа се осмелив на овој чекор. Ги земав О.б нормалните. Другарками што беше со мене кога дојдовме ми кажа како да го ставам. Пустата јас цело време бев стегната и не ми влагаше Потоа се опуштив и се препотив додека го ставам. Станав, малце чудно чувство сепак, другарками ме прашуваше дали некаде ме набива, ако набива треба да се стави малце повнатре. Тоа беше се океј, го преживеав првиот чекор, ама сега дојде време кога се враќаме од плажа и време е да се извади. Пусти страв ми рече оди во вц пробај да одиш малце во вц (да мочам) да се натопи и полесно да го извадиш. Тампонот беше надуван од водата и беше огромен. Кренав паника неможев да го извадам почнав да паничам дека ќе ми остане внатре. На крај другаркава ме легна на кревет, ме расчепи и ми го извади. Колку лесно се почувствував ааааааааах
Срамота е 20 годишна девојка да дозволи другаркаи да и го вади тампонот, како да е тоа спејс шатл. Тоа е глумење лудило, што не си ја викала другаркати и кога си имала прв пат односи да ти ги држи нозете.
Како и да е сум немала искуство со тампон , Јас си го влечев нанадвор несакаше да излезе. Почна да ми се поткинува врвцата па морав некако....
После толку години и илјадници тампони никогаш не ми се врвца поткинала, што е практично невозможно. Очигледно имаш челични вагинални мускули да тоа ти успее при првиот користен тампон, затоа или не ги користи или нареден пат врзи го со некоја подолга и подебела ортома
Да ги чита човек коментариве одма му доаѓа инспирација хорор да сними,се заглавувале,стрчеле,конците се кинеле... Или пак,морам да помислам дека сум генијалец штом од прво сум немала никакви проблеми при употребата на тампони.Мислам,во ред е првиот пат поради неискуство да не го ставиш доволно внатре,па да го чувствуваш и малку да те боли,али овие работи што ги прочитав.... Како и да е,ни сега не можам да кажам дека често ги користам,само во одредени инцидентни ситуации како на пример на одмор,некоја поспецифична гардероба итн.,но сум махер,за дел од секунда го ставам,не го чувствувам ич и без проблем го вадам...тампонот. И спаѓам во оној дел од женската популација која е свесна и ги цени придобивките од овој мошне корисен изум.
Мислам дека на секое пакетче со тампони има нагласено да не се остава повеќе од 8 часа , а јас мислам дека секоја девојка треба да биде информирана дека пожелно е на секои 2 - 4 саата се менуваат тампоните. И дека треба рацете да бидат чисти, добро измиени со сапун дури и пред да се посегне по тампонот. Стафилококите ( тие што предизвикуваат токсичен шок синдром ) ги има секаде , па и на нашата кожа , а многу убаво се размножуваат на подлога со крв.. па внесете ги со валкани раце, и оставете ги повеќе од 8 - 10 часа ( да не речам преку ноќ ) и гледајте што ќе се деси.. Тампоните се совршено откритие, но многу мора да се внимава при нивното користење
Не можам да се изначитам од г коментари. Ало бе, па имаш упатство за употреба прво, во секоја кутија имаш прирачник, чекор по чекор. Како така ставате а не знаете како? Никогаш не сум имала проблем ниту пак сум испаничила.