Тампони користам само кога веќе сум 3-4 ден со менструација, а пред тоа никако бидејќи имам обилно крварење.
Одкако почнав со тампони редовно ги користам ги менувам на 3-4 часа зависи кога како а за спање ставам улошка....тампон- поголема хигиена, нема страв да не ви протече, слободно носете бели панталони нема несакани дејства
Користам тампони само летно време кога имам добиено а сакам да се бањам и сончам.И мене на почетокот ми беше страв ама морав не сакам на плажа да седам со облека.Потешко го вадам и малце ме боли али тоа е секунда ништо страшно.
Nemam probano,malce sum skeptik okolu toa stavanje-vadenje.Mi e strav da ne napravam nekoja belja,pa da ne mozam potoa da go izvadam.A i ne sakam da se burickam tamu dole koga e krvavo!
За сите оние што прашувавте какви се тампоните од Кам- исти како и сите други, а многу поекономични. 56 тампони за 150 денари мислам, за таа цена се продава пакување со 16 од О.Б. Не знам дали во сите маркети на КАМ има само нормал, сакав да земам супер, ама немаше. Како и да е, задоволна сум и ги препорачувам.
До пред една година и јас како повеќето од вас девојки бев скептик,но имаше ситуација каде што ми беше неизбежо да носам тампон ( бело кратко фустанче, и долга журка) и ставив и да ви кажам си поминав без грижи и без нелагодност и неред. И одтогаш редовно си користам,а понекогаш и за спиење но прочитав дека не било добро да се носи тампон при спиење па ке почнам да не практикувам во спиење да носам. Инаку не се двоумете,навистина се одлични,а ако имате страв или не знаете да ги употребите ке видите во самото пакување има упатство со слики.
И јас не користев, ама ова лето вториот ден од одмор ми дојде и забодев 8 евра во Грција за тампони Ob оу јее Првиот ден бев малку како скептична, како патка одев, неможев да правам ништо, страв да не потече, ама менував на 3 часа и немаше проблем. Е вториот ден веќе почнав и во вода да си влегувам со него и немаше проблем. А најјако беше кога на сред пливање гледам еден лебди во водата, и мислев мојот е па ме фати паника, ама излезе дека некоја друга несреќничка била таа.
Прв пат тампон си ставив лани за нова година. 31 декември ми беше втор ден , а фустанчето кое го купив за вечерта не беше баш за да се носи со влошка, така да одлучив да купам тампони. Уште првиот правилно го наместив и воопшто не го осеќав, е тоа беше чудното што воопшто ништо не осеќав После сфатив дека така и треба. Верувајте нема ништо поубаво и почисто од тоа да се користат тампони. Не чувствуваш дека имаш менструација.
Вчера падна муабет за тампони и оп темава. Абе нема шанси. Да пикнам тампон и да знам дека ми стои таму, дека има нешто, ќе умрам јас така со таа помисла. Влошка је права ствар за мене. Ова пикање, вадење тампони, ух ќе се расплачам, на вакви работи сум многу емотивно нестабилна.
london-girl Сигурно не го ставаш убаво,иначе не се ни осеќа. Јас многу пати сум се изразила За тампони,јас толку многу време ги користам,мислам нема веќе да издржам ако се оставам само со влошка тие денови. Користам само од тие секојдневните влошки шо се. Повеќето шо се против не знаат шо испуштат,не е онака гадно како со си го представувате. Мене пак ми е погадно и нехигиенски да се сетам како ми беше првите денови порано само со влошка-лом се правиш,незгодно ти е кога одиш,се секираш ако си некаде настрана или патуваш да нема некоја незгода. Со тампонот се знае-чисто е,сигурно и на раат.
Такоџе „ЗА“! 100 пати ми е поубаво со тампони, отколку со влошки да се расправам. Го вадиш, виткаш фрлаш и таман е, не си исполепена целата наоколу како што знае да се распореди на влошката Единствено мака ми е да си ја погодам големината, пошто последниов пат зедов едни од КАМ ама изгледа ми се многу малечки тие, па кога кашлам знаат и да ми подизлезат затоа тука одма реагира секојдневната и спасува живот последниот пат кога имав нив ги ставив ама не ги користам повеќе, пак ќе си земам О.B.. скапички се тро, жал ми е што немам начекано кај нас некое си хипер хипер пакување за цела година да си купам (освен еве ова од кам што не ми одговара, а не видов да имаше разни големини..). Да не имате некаде на друго место видено така поголемко пакување?
Имаш во ДМ, не знам што квалитет се, не ми се пробани, ама на ум сум да пробам. Јас цело лето раатот го видов со нив, најверојатно и зимава пак ќе си продолжам, само за навечер ќе ставам, еве веќе два пати како се оставам само со влошка, ама не ми е удобно.
сигурно никој нема да ми верува дека сеуште во ДМ немам отидено и покрај печеесе канења дека „утре ќе отидам“ фала за информацијва, прво слегување накај центар ќе се отампонам )
Пред да останам бремена речиси цело време користев тампони оби презадоволна бев од нив слободно се движиш и ги вршиш сите секојдневни активности исто како да немаш добиено
Поубаво ми е со тампон, него со улошка. Посебно во лето и кога спортувам обавезно. Нема шанси на аеробик со улошка, цело време ќе се местам и на крај на часот ќе бидам лом направена. Ги користам исклучиво О.В. некако најнежни ми се, сум пробала со други, ама овие ми се најдобри