Употребувам само кога ми е втор или трет ден а треба да бидам излезена, било каде, надвор од дома. Обавезно ги комбинирам со влошки бидејки крварам прилично многу. Најбитното е што никогаш не треба да ги оставите подолго од 3 саати. Треба редовно да се менуваат. Јас од кога почнав да комбинирам, се спасив од протекувањата, што кај мене беа редовна појава поготово во првите денови.
Дефинитивнооооо, нешто подобро од носењето на тампони за време на менструација, НЕМА. Им препорачувам на сите кои сакаат удобност за време на менструација да пробаат тампони. Создаваат чувство на удобност и сигурност
Имам 16 год. и се мислам дали да користам тампони одам на пливање и сакам да ги користам само кога пливам! може ли да ми дадете некаков совет и информација за ова?
Не знам бе луѓе за вас, јас ова никогаш не би го ставила. Не знам оти, мене косата ми се крева од самата помисла.
Леле и јас купив демек да пробам да употребувам абе ме боли незнам зашто и непријатно ми е чувството многу + имам страв дека кончето ке се скине па потоа си викам како ке го вадам
Јас ги користам. За по дома не, нормално со влошки на мене сум, ама за надвор од дома се почесто сум со тампон. И да, се осекам почиста, не ми е страв дека ќе претонам некаде кај шо не треба, не дека имам некое обилно крварење ама...поубаво и посигурно ми е со тампони.
ги зимам само тогаш кога треба да сум присутна на свечен настан, и за долги и за кратки фустани, ми даваат безбедност инаку во никој други услови не би ги носела. Згора може и со влошка да се комбинира ама многу обвиено се чуствувам така
Првите пати додека ја научиш техниката може да ти е чудно и непријатно, ама ќе видиш дека не било ништо страшно. Потоа ќе си ставаш тампон без проблем. А, кончето не би требало да се скини. Многу е силно вшиено за тампонот. Е, сега зависи и квалитетот на тампонот. Но, и да се скини, што верувам е голема реткост, има и за тоа начини како да го иставиш тампонот. Јас користам исклучиво по потреба, не редовно. Научив по 2-3 обиди како се става, и сега веќе не ми е проблем. Согледувам дека било многу лесно.
Смееш милсам дека ама од најмалите!Ама не ти препорачувам дане дојде до несакана случка.Најубаво користи си влошки(мое мислење)
кога ќе почнеш да имаш редовен секс, ставање тампон ќе ти биде гола вода, верувај јас прв пат кога ставив, од паника заборавив убаво да го отворам, го ставив сосе целофанот (об имав земено). после неполна минута и крварев и плус ми излезе....си се смеев на саба себе си сега после 10 години....тампон? пфффф....
леле луѓе не, еј! летоска земав као ај за во случај да не имам дури сум на одмор па да си видам уште од дома шо и како абре не да ме болеше и едвај го стаив, туку ко ненормална одев и седнував (ама најверојатно го немав добро ставено од страв да не ми се скине тоа врвцата при вадењето па да треба да се резилам по доктори, кај по доктори туку и мајка ми дома кој ќе ја слуша -.- ) ама остајтеме мене брачеда ми беше хит така се немам смеено никогаш во животот