Не сум носела до сега, но верувам дека оваа лето ќе бидам принудена доколку ми дојде за време на одморот и мора да признаам, ме преплашивте со тоа дека може кончето да се скине
Повеке од 20 години користам исклучиво тампони,од влошките добивам некоја алергија ,црвенило и чешање.Со тампоните е спас.Треба убаво да се постават,мала техника и вежба ,откако ке го отворите тампонот треба да го повлечете конецот наназад за долниот крај на тампонот да се рашири малце а врвот да остане ист.Ако не го направит ова може да дојде до пропуштање на тампонот.Не се плашите дека ке се скине кончето ,јас после толку години никогаш ми се нема случено такво нешто.кога тампонот е полн дури сам испага,само кога е недоволно наполнет треба тампонот да се повлече посилно и полека.За користење во лето ,поготово на одмор за во вода не се препорачува.Ама ако сепак се одлучите со тампон да се бањате по излегување од вода мора да се замени и тоа ведаш.Менувањето на тампонот зависи од обилноста и деновите ,прв втор ...Затоа има и различита големина на тампони.Дури можете да комбинирате ,јас помалите ги користам за навечер и последните денови од циклусот.Секако на секои 6 до 8 часа најмногу треба да се менуваат и секогаш со чисти предходно миени раце.
Барам совет од вас Во петок ќе дојде една другарка од друг град ваму со цело друштво за на базен.. А јас во четврток треба да добијам.. Планирам да ставам тампон за на базен ама многу ми е страв да не ми протече па да се срамам пред цел народ Има ли некоја што има користено тампон за време на пливање, протекува ли, на колку часа треба да се менува ?? Ништо не знам, ве молам за помош
Епа вака...на први одам на одмор, а мене треба да ми дојди на 28 некаде. И ке имам и на одмор некој ден, па планирам да си купам тампони, е сега на колку време треба да ги менувам? и дали се познава под бикинито тампонот? ://
За девојките на одмор погоре. Ако прв пат ги користите, тешко да знаете кој ден на колку време треба да ги менувате самите, а најмалку може некој друг да ви каже. За да нема несакани протопувања, менувајте почесто , на два три часа пример, додека сами не процените дали може за подолго да го носите наредниот, се додека се држите до најмногу 8 часа со еден како што е препорачано во упатството. Со правилно ставен тампон, не треба да има потреба од менување при влегување и излегување од вода. Но доколку веќе минало некое време, во зависност од количина на крварење тој ден, ако самиот тампон натежнал од абсорбирана крв и стои пониско, па со тоа што влегувате во вода има шанса да навлезе вода и во него и да се поднаполни, а со тоа и да протопи. Пак, за да нема несакано протопување и срамови, ако не сте сигурни, сменете го по секое излегување од вода првиот ден додека се навикнете, а брзо ќе навикнете кога треба а кога не. Не се познава дека носите тампон, оти е внатре, а врвката приберена меѓу усните за да не штрчи, оти е единствено што може да се види на мокри бикини посебно ако се со некој тенок материјал.
Пожелно е да го извадите тампонот кога ќе излезете од вода, прво, затоа што не е здраво да се држи мокар тампон подолго време во вагината и второ, затоа што кога ќе упие вода се шири и повеќе не е удобен за носење а исто така ја губи и способноста да упива понатаму. Доколку немате обилна менструација, тампонот е супер решение, а ако го ставите правилно нема воопшто да се познава. Единствено може да ве боли малку кога ке го ставате. Јас не тргам на одмор без тампони.
Јас менструација имам од мојата 12-та година,сега 30 имам и секогаш сум употребувала влошки и така ќе си остане засекогаш со мене затоа што не планирам да давам тродупло повеќе пари за нешто што ќе го употребам и ќе го фрлам потоа како што се влошките! Мајка ми ги употребуваше заедно со една подебела влошка,а братучедка ми постара што е од мене исто никогаш не ги употребувала затоа што влошките биле за неа многу поудобни,па јас цврсто и дефинитивно решив никогаш да не ги употребувам!
исто и јас редовно ги користам и нема ништо подобро од тампон, посебно кога патувам ( а често патувам) а и за спиење, а од влошките и мене понекогаш ми се појавуваат мали црвени мозолки и ме чешкаат
девојки ми треба помош. Јас за 3 дена одам на одмор а за 5 дена ке ми дојде. Значи сакам да се бањам па планирам да си купам тампони. Па колку е препорачливо да се бањам со тампони. Овој одмор мора да ми биде најјако бидејки прв пат одам со друштво но менстуацијата ми уништува се. До сега немам никогаш користено. Иначе сум имала сексуален однос. Ке ми требаат повеке совети. Благодарам оданпред
Јас лани за време на одмор добив и користев тампони уште од првиот ден,речиси по секое излегување од вода ги менував од страв да не ми протече, се задржуваав највеќе до 1 час во вода и немаат гајле
Користам тампони веќе некое време и дефинитивно од тогаш менструацијата не ми е веќе толку проблем. Нормално е дека на почетокот ти е страв да не се скине врката, шубе да не се заглави и незнам си што, но сето тоа поминува, а за време на цел циклус се осеќаш чисто Но мене ме интересира некоја од вас девојки дали ги има користено тампомите од кам маркет, доста се ефтини а внатре има многу, доколку некоја ги користела нека каже збор два
Јас до сега не сум користела, но ке морам сега за одморот... Ме интересира само кои тампони користите, кои се најквалитетни (за тоа конче да не се скине) и колку чинат ?
Јас не сум пробала до сега бидејќи бев невина а невините девојки нели не ставаат, а сега кога ке одам на одмор нема да го имам така да на тоа останува, но сум гледала како става мајка ми, ке чучне и ке го бутне полека но кончето да виси, еве ти некои слики http://menstrupedia.com/images/quickgui ... tampon.jpg http://menstrupedia.com/images/quickgui ... tampon.jpg
Да се пофалам прв пат ставив тампон и тоа два пати доста успешно, не ми сметаше и многу убаво ми беше што немав влошка на мене да ме поти на ова топло време... само што го ставав лежејки и со огледало за да не си го промашам дупчето А за вадење беше лесно, во чучната положба и само го повлеков кончето он излезе
ОДГОВОР ЗА СИТЕ Ви ги препорачувам О.Б Тампоните јас ги користам а сега цената е различна во одност на тоа дали ке купите кутивче со помалку или со повеке инаку мислам големото беше околу 160 ден но навистина се ефикасни и каде каде по хигиенски и подобри од влошките...За користење прочитајте го упатството иако не е кој знае колку тешко едноставно го одмотуваш тампонот од фолиичката во која е завиткана го истеглуваш конецот надоле, го фкас конецот со псоледните прсти а со првите три прсти го држиш доле крајот на тампонот и го ставаш во тебе не боли , го гурнеш убаво внатре за да ти биде удобно кога седиш и конецот си остамува доле да си виси и нема логига да влезе во тебе и конецот, можете слободно да носите бели панталони да се баљате и башка тоа хигиената е 100 % поголема.Нај препорачливо е да се носат околу 4-5 саата и да се сменат но некој може и помалку време некој повеке зависи од обилноста на меснтруацијата но колку почесто ги мењате тоа е подобро . Кога ке дојде време да се извади тампонот најдобро е да клекнете да го фанете кончето и слободно повлечето го полека и бидејки тој е полно како сунгер омекнат е и лесно ке излезе.Незнам зошто да не би користете, ако некогас во старите вреимиња не постоеле и луѓево неможеле да ги уживаат благодетите кои што им ги нуди животот денеска можеме ,. немора ни да го одложиме базентот., немора да ја замениме облеката која што сме испланирале да ја носиме за некоја која што не ни стои.Искрено одкако полнав да ги користам некако влошкие ми се демоде , со тампон имам и спиено значи нема никаков проблем