Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на тампони

Дискусија во 'Тело' започната од Secilly, 10 декември 2009.

?

Употребувате ли тампони?

  1. Да, редовно

    177 глас(а)
    12,8%
  2. Да, но ретко

    359 глас(а)
    25,9%
  3. Не

    848 глас(а)
    61,3%
  1. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    ^Баш како што рече Нана.
    Разбирам да пробаш и да не ти одговара, да ти е полесно со влошки (макар да не гледам како е тоа можно)... ама да си против уште пред да пробаш? Зошто да не?
    Повеќето овде се сексуално активни, а од тампони ќе се плашиме :D Кончето не се кине не берете гајле, земете тампон пробајте да повлечете ќе видите ;)
    Јас да ви кажам од немајкаде пробав тампони, кога ќе добиеш на одмор (а ти трае 5-6 дена) или ќе ја пропуштиш цела забава или ќе научиш да ги користиш.
    Првите неколку пати не бев баш воодушевена, понекогаш ги чувствував и се чудев како е можно некој да сака со тампони да се замара ако не мора.
    На крајот сфатив дека не сум ги ставала доволно длабоко.

    Оттогаш немам никакви проблеми, чисто уживање ми е, исто како да немам менструација. Посебно летно време благослов се, ни да се познава под тенка облека, ни да ти смета на жештини... Пливање, сончање, трчање - не бројам денови унапред дали ќе можам или не. Колку пати само имам испуштено одење на базен или пливање на море :fubar: :x
    Сега влошки користам само ноќе, некако ми е страв преку ноќ да ми стои тампон иако во упатството на о.б пишува дека може и да се спие со нив.
    спанка сум и спијам повеќе од тие максимални 8 часа колку што е препорачливо да се носат ]:) .

    Користев о.б. на почетокот, а последно време често ги користам и оние од кам маркет, и тие не се лоши а се далеку поефтини.
    Баш ме интересира некоја феминка дали има видено различни големини од нив бидејќи јас имам видено само една :?:

    Жени пробајте, што има да изгубите? Ќе викате после како не пробав порано само де :lol:
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Немам некое искуство со тампониве, неколку пати имам ставено и тоа пред 2 год. бев на одмор па морав. За неколку дена одам на одмор а најверојатно ќе ми дојде, па сакав да прашам дали овие тампониве o.b. се добри? и колку пари се?
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Со тампониве воопшто не видов мака летово. И по најголемите горештини одев на плажа и немав никакви проблеми.

    Користам исклучиво ОБ тампони, во нив сум најсигурна и најбезбедна. Никогаш не сум имала проблем со кончето, вадење, прокапување и сл.

    Најбитно е да се стави правилно и навреме да се истави.

    Јас го ставам на тој начин што го ставам врвот од тампонот внатре и со прстот го гурам одздола најдлабоко додека може да ми влези прстот, ама гурам без прекин, до в крај, зошто така е најлесно, ама и најбрзо. За 3 секунди завршена работа.
     
  4. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Ги има некој користено Flirt тампоните? И ако има како сте задоволни од нив? :)
     
  5. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    И јас до пред да отидам на одмор бев против користење на тампони т.е ми беше страв да не ми се скине конецот па да ми остане внатре. :rofl:
    Мозок тоа ти е. :D

    Али сеа кога бевме на одмор ми дојде уште првиот ден (кој баксуз сум еј |( ) и бев принудена да ставам тампони,бидејќи сигурно нема да седам на плажа со кратки панталони и сите да знаат што ми е. :)

    Се изненадив како ни една капка не прокапува и воопшто не ги чувствуваш.
    Сега ќе почнам што почесто да си користам,убавина. :wasntme:
     
  6. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Јас сакам да ве прашам дали некој од вас има користено „менструални чашки“ (анг. menstrual cups, не знам дали точно преведив) :) оти јас сега случајно дознав дека постојат, се зачепкав по интернетов и така чисто ме интересира искуство ако некој користел. Еве за што станува збор:


    http://www.youtube.com/results?sear...j6j1.8.0...0.0...1ac.1.11.youtube.gtq9ZOgWwWc
     
  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Денес првпат се решив да пробам да ставам!
    Немам никакво искуство па ме интересира дали треба да се гледа тампонот малце или само кончето? Јас го ставив ама претпоставувам дека не е баш наместен како што треба го чувствувам по малце...
    И ме интресира дека физички сум активна,т.е одам на базен да тренирам дали може да има некаков проблем? Друга работа кога одам да мочам како да почнува да излегува по малце...? :?: Ви благодарам однапред :)
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Стави го подлабоко, ич не треба да се гледа од тампонот, бутни убаво нагоре со показалецот, така едно добри 4цм нагоре плус откако веќе целиот тампон влезе, и само кончето виси надвор. Откако го извадиш прстот веќе тампонот нема да го осеќаш. Одење по мала нужда нема вака да ти е проблем.
    За пливање не е проблем, стави нов тампон пред да влезеш во вода, и замени го откако излезеш.
     
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу! Претпоставив дека не е ставено доволно внатре ;)
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.091
    Ужас. Памукот е катарртофа, земи си ОБ, ако се поскапи, подобри се. Овие плус се дуеа и ги чувствував по 1 саат.
    Инаку, веќе неколку години користам тампони, редовно, освен кога имам страшно крварење, па ми е подобро со улошка, вториот ден. летно време ми се чини дека ќе зовријам со неа. Тампон ти е чиста и хигиенска работа.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Женски, ај малку помош, плиз!!!
    Значи вака, тампони користам од време на време и можам да кажам дека се феноменален изум. Со влошки сите гаќи ги направив лом, се ми е исфлекано, а кога носам тампони се е толку чисто и хигиенско, немам зборови. Е сега, кога го ставам прв пат кога ќе ми дојде, убаво се, ќе си влезе, не го ни осеќам. По неколку саати го вадам, се мијам, и нели се спремам за нов да ставам. Ама поради тоа што првиот тампон ја собрал сета влажност од вагината, вториов некако не ми влегува. Суво е, не лизга, и гребе. Заглавува - ни горе ни долу после :(
    На крајот пак морам да ставам влошка :( и по неколку саати можам пак тампон. Ама не сакам веќе да користам влошки - ич! Пробано ми е со повеќе фирми на тампони, истото ми се случува (вклучувајќи и о.б.). Инаку задоволна сум со тие од Кам, многу се убави и убаво упиваат.
    Ама дајте некое чаре за мојов проблем?
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Годинава за прв пат се осмелив да пробам да ставам бидејќи ми беше при крај првите денови од одмор (а не можев да дочекам да се избањам) и никогаш повеќе нема да ми текне. Не поднесувам јас такво нешто, самата помисла дека нешто ти стои внатре и плус ептен го осеќам, не можам ни да седам ни да пливам на раат. А да не збориме колку се канев пред да се осмелам да го наместам внатре. :lol:
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Истото се случува кај сите пред да го ставиш тампонот само лижниго малку за полесно да го ставиш посликовито незнам како да ти опишам :$ и јас користам тампони редовно но последните денови првите 2 дена остави нека ти течи не се заигрувај цело време со тампони и тие не се мн.корисни мој совет
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Прекрасна и многу хигиенска работа се ова тампониве.
    Ги користам и воопшто не ми сметаат како што велат некои.
    Еве на пример мајка ми ми вели дека не и било удобно да носи тампон,дека цело време го чуствувала таму долу и дека ја нервирал.
    Јас па спротивно од тоа си се чуствувам океј и после 5 минути од ставањето на тампонот дури го заборавам дека го носам. :)
    Затоа девојки пробајте нема да зажалите,ќе се чустувате хигиенски,а и нема да се грижите дали ви протекло или не. :clap:
     
  15. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    и според мене најдобро е влошка. Имам слушнато дека ако немаш имано односи можеш сама да се скиниш со нив.
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Другарка ми (која е невина) летово беше ставила тампон за прв пат. Се беше океј и после тоа дојде кај мене целата испаничена и ми кажа што се случило. Мислам дека никогаш нема да ставам тампон после тоа што ми кажа. :o

    Кога сакала да го извади тампонот и заглавил на пола, не можела да го извади бидејќи многу ја болело. Одма отишла на гинеколог со баба и (мајка и не беше во државата тогаш) и докторката почнала да и се дере и и кажала дека можело да се скине хименот. Одма ја пратиле во Струмица на гинеколог и таму некако го извадиле. Инаку во меѓувреме и било многу лошо, дали од паника или незнам што но за малку не се онесвестила. :|
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не е за тампони ама да не отварам тема посебна, овие кај нас ги нема нели?
    http://en.wikipedia.org/wiki/Menstrual_cup
    http://www.wikihow.com/Use-an-Instead-Softcup

    Интересно, јас до пред некое време не ни знаев дека вакво нешто постои.
    Додуша тие софт капс ми изгледаат поудобно и попратикично,али пошто ова се празни не е ко тампон и влошка да апсорбира па да се фрла посла употреба се поекономични ама не знам колку се похигиенски од друга страна пак...


    Нема потреба за толку гадење и став од тампони, со редовна употреба се учи како правилно да се става и не се осеќа. Во летно време и на одмор посебено е идеален тампонот. И јас бев скептична додека не пробав затоа што мислев дека нема никако брзо да научам да го ставам ама среќа брзо му влегов у штосот.
    Мислам 21 век е е*аго, срамота е да се плашиме од тамапони и да ги гледаме како баба роги. Плашење од типот ќе се скинеш со него немој(за сексуално некативни) или немој се пренесуваат инфекции само за неинформирани, на воздрасни и полнолетни особи не, срамота е да верувате уште во тоа и да дозовлувате на база на неинформираност да ве лажат.
    Само јас не се согласувам дека 8 часа може да се користи, јас на 4 преку сила ги менувам, првите два дена дури и на 2 часа, ама затоа и тогаш ги избегнувам зашто на штрек сум за во вц. И влошка не е хигиенски да се остава повеќе од 4-5 часа посебно у прв ден.
    Според мене најголемата предност на тампоните-нема непријатна миризба добро и плус поудобно што се осеќаш.

    Туку кои се тие со апликатор, овие ОБ се сите без апликатор, по секоја логика со апликаторот се нанесува уште полесно и попрецизно ако не се лажам. Ги има кај нас тие или и тоа ни е луксуз?
     
    На renata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Неможам да разберам зошто во МК ги нема тампоните со апликатор, стварно не разбирам.
    Може во поголемите маркети?
    Јас користам Tampax од P&G и има два вида апликатори едните се собираат а другите не. Мене ми е исто и со двата.
    http://farm4.staticflickr.com/3125/2557915855_a57fc47c07_o.jpg
    http://www.google.fr/imgres?imgurl=...tlUpvgJMbR0QX534HoDg&ved=0CDwQ9QEwAg&dur=1468
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Јас се откажувам од тампониве. Мислам, многу се добри, како да немаш добиено, ама мене ми сметаат некако, почнаа да ми се јавуваат грчеви во стомакот, така што ќе се вратам на старата добра улошка.
     
  20. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    563
    значи тампони може да користат и девојки кои се невини само треба да се претпазливи, а тоа што неможела да го извади тампонот е најверојатно затоа што не бил доволно мокар, навлажнет или како сакаш наречи го.
    ако не сака да излезе не треба со сила да се тегне, туку по некое време пак ќе се проба, неможе да не излезе.