Јас прв пат ставив тампон летово за на одмор оти си бев баксуз најголем . Само што стапнав Охрид на земја ми дојде . И нормално неќев да ми се расипе одморот па морав да ставам. И си се бањав исто како да немав, ама јас не го држев ни 3 часа. Немав проблем со вадење и ставање. Лесно беше. И пак би го користела ако имам потреба од него. На одмор, на некои свечености и такви ствари би ставила пак, а да ги користам секоја менструација не, бидејќи стварно нема потреба. Како и да е, за некои важни настани се супер тампоните, ако не беа тие којзнае што ќе правев, така ќе си го преседев цел одмор. Дигам палче за нив :up:
Не сум била во ситуација за да користам,но ако некогаш морам,би пробала Едит; МОРАМ мислам на тоа кога сум на одмор да ми дојде,или пак кога имам а на свадба,роденден во халинче треба да одам и сл.
Јас прв пат ставив тампон ова лето но имав проблем , го мушнав но за брзо време ми излезе се бањав во езеро и незнам што беше проблемот дали не го мушнав доволно?? што мислите вие?
Ако при движење го осеќаше тогаш не си го ставила убаво или пак не си го отворила како што треба па затоа брзо ти испаднал
Пробав денес да користам тампон, ама изгледа не го ставив убаво па во рок од 30 мин го извадив. При седнување и станување чувствував болка. Утре ке пробам пак
Многу често користам тампони, посебно после 2 ден и онака е лигавење и поедноставно ми е со тампон. Како да немам добиено. Нормално и јас почнав да ставам тампони пошто првиот одмор со дечко ми вечерта само што стигнавме добив за да се бањам ги ставав, али си продужив и после тоа, супер ми беше Само об тампони сум пробала до сега и не би ги менувала.
Не бива и не бива Нормал пробав не бива, буткај буткај па го чувствувам. Купив и мини и тие па не бива.. ај наредниот циклус па ке пробувам, додека не ги потрошам тампониве
Никако неможам да користам тампон,имам обилна менструација и некако не се чуствувам пријатно,имам користено неколку пати ама во последните денови од циклусот,едноставно не ми се удобни.
Не знам за каде е прашањево...тампоните во КАМ маркет ги има уште? Во сина кутија, 46 или 56 тампони беа ако не се лажам. Барам некое време веќе, не сум ги видела :/
Значи ама сум баксуз, ми дојде баш сега и нема врска најдов тампони, во претходните страници прочитав дека немаат рок на траење меѓутоа јас баш проверив пишува 3 год. од датото на производство и сега немам од каде да купам, што мислите ако ставам од старите, ќе го менувам на два саати за секој случај Спојлер освен ако не се опијам и не заборавам
Сеуште немам пробано и искрено имам некое грдо чувство околу нив. И мене некои глупави филмови ми се прават во главата како можи да ми заглави и да излези конецот. Што си е сигурно - сигурно си е. Влошки
Исто и јас имам некое грдо чуство и страв за тоа да не заглави и да се скини конецот и сл.А мислите дека се похигиенични за разлика од влошките ама не е така,бидејќи тоа се става длабоко внатре и се тоа што е непотребно и треба да се исфрли ти се збира а згора на тоа што јако мириса менструацијата,замислете тоа сето во вас што е штетно по здравје.Па затоа и јас се сложувам за некои поквалитетни влошки
Не користам тампони.Некако не сум сигурна во одржувањето хигиена со нив,а и мислам дека ќе ми пречат.Влошките се наменети за надворешна употреба и имате чувство и котрола кога треба да ја смените.
Во лето редовно сум со тампони освен првите 2-3 дена.Не можам со влошка бидеќи се нафрлувам целата од жешкото и од кога почнав да ги користам се преродив. Кога е вакво времето кога-како.Ги носам пример за викенд ако имам и сакам да ставам нешто тесно ми се чини дека сите во влошката ми гледаат па ова ми е алтернатива. А инаку не се плашете заради тоа со конецот,има мноооогу мали шанси да се скини не се ненормални тие што ги произведуваат а и да ви се скини кога ќе се накисни убаво тампонот само притискајте како за во вц и самиот ќе се излизга до точка каде што ќе можите да го фатите и извадите надвор.
И јас би им препорачала на сите тампон. Штом можев веднаш почнав да ги користам и чувството е мн подобро од влошка нема мацање шлапање и прорекување. И може да се трча со нив. .