Девојки за редовна употреба не се и не се препорачливи,значи нема потреба кога сте дома да ставате тампони или пак на работа,јас ги користам ако имам и ми падни да одам на некоја прослава или вечерно излегување,или за на палажа од причина што се мн практични и чуството е како да немаш циклус или пак во последните 2 дена од циклус но не се препорачува да се капиш со нив јас не влегувам во вода воопшто дури имам циклус,а и ако ми се годи цел одмор а имам биолошка подобро да се земи според мене таблети за поместување малку на циклусот ништо страшно,значи по потреба исклучиво и јас ги употребувам...Ми пишаја неколку девојки во врска со тоа како се местат или колку ги употребувам,еве одговор а и во тампоните како што кажав има ливце за упатство
Здраво.. Досега не сум употребувала тампон, па ме интересира колку длабоко треба да се стави (колку треба да биде надвор кончето), дали е можно при ваденње на тампонот да се скине кончето, и дали при движење може самиот да навлезе повнатре и да не може да се извади... Фала однапред.
alexandraa нема никаква потреба да се плашиш дека кончето може да се скине. Поцврсто е отколку што мислиш. И намерно да сакаш да го извадиш тешко дека ќе успееш. Исто така неможе тампонот да навлезе подлабоко, нема каде да оди. Нема шанси да неможеш да го извадиш. Може да те фати паника само ако се стегаш. За тоа колку длабоко ќе треба да го поставиш ќе почувствуваш самата. Не се плаши да го бутнеш тампонот. Мислам дека е подобро малку да клекнеш кога ќе сакаш да го ставиш, а правилно е наместен тогаш кога веќе нема да го чувствуваш дека е во тебе. Треба да ти биде сосема удобно како да не носиш ништо. Кога ќе се наполни ќе ти биде многу лесно да го извадиш Истиве прашања ги имаат сите што сакаат прв пат да употребат тампони, и јас бев таква. Но од кога ќе пробате 2-3 пати ќе видите колку е смешно што волку се плашиме. Ќе ви стане една нормална работа на која што нема да обрнувате многу внимание.
Ти благодарам многу, пробав 3 пати, вториот и третиот беа успешни значи научив, и не ми е сега толку страв... но читав пред некој ден за оваа болест, токсичен шок што е... и таа ме заплаши малце
Токсичниот шок всушност е многу ретка појава. Во минатото се случила еднаш, кога тампоните апсорбирале многу повеќе и при останување во организмот на девојката предизвикал токсичен шок. Денес тампоните не се такви, меѓутоа сепак на секое пакување мора да го пишува тоа предупредување „да се менува на 3-4 часа за да не предизвика токсичен шок“. Иако како што кажав, тоа не се случува така лесно, без грижи
Како тоа не се за редовна употреба? Или не се препорачливи за редовна употреба? Тоа што ти преферираш да не ги употребуваш редовно си е по твој избор. Се знае што е препорачливо, да не спиеш со нив ако вообичаено спиеш 8 часа или повеќе. Јас лично ги користам секој месец веќе 15 години. И во базент пливам(како и илјадници други жени) и во када легнувам да се откиснам додека ги носам. И чипкави полутанги си носам кога имам менструација, и вежбам ако немам менструални болки. Единствено нешто кое не сум способна да правам додека имам менструација е да имам секс(знам некои имаат ама јас не можам тоа ни да замислам).
Како нема каде? Па у матка. Јас имам два пати пробано да ставам тампон, двата пати го осеќав. Мислев дека е нормално а всушност не ми бил убаво наместен. Како и да е, не би ги користела за редовна употреба, влошка си е влошка. Колку и да не биле штетни, не може да е здраво да стои нечистата крв која е за исфрлање, внатре во тебе.
Δ Па ја исфрлаш крвта, со тампонот. Не се рециклира или фаќа корузи внатре А колку е здраво, или хигиенски да ти стои крв полепена по сите делови таму, изложена на воздух со сите надворешни фактори, додека да имаш шанса да се измиеш од неа на крај од денот? Тампон никогаш не мириса на стара крв, како што некогаш мириса влошка небаре нешто ти пцовисало во гаќи
Леле Имелда, со описите си значи ... врв. Smells like dead squirrel е новото smells like teen spirit. Поарна (анти)реклама за влошки, здравје. Јас првите 3, понекогаш и 4 дена сум принудена да ставам влошка затоа што никаде немам најдено доволно издржлив тампон кој ќе преживее барем 3 часа без да потфрли. Затоа барем кога сум во движење не ризикувам, ама последните 3-4 дена немам мака и почнав редовно да ставам тампон. Разликата е ептен воочлива, посебно во положбите за седење и легачење кои влошката за жал ги оневозможува. Три пати ура за тампоните.
планирам да одам на одмор ама требит утре да ми дојдит дан знаете подобро е тампон да користам или некој ампули за да ми задоцни
Подобро тампон,доколку нешто земеш за да ти се одолжи менстуралниот циклус само ќе ги "поремтиш" хормони,така да ќе имаш несакан ефект од лично искуство ти кажувам
сaкaм дa ве прaшaм нештo бев нa oдмoр и кoристев тaмпoн сегa пoчнa дa не бoлит глaвa и грлoвo дa ми се гaдит нoсoв ми течиткaшлaм мoжнo е тoксичен шoк дa имaм
Еве ти видео со податоци за ТШС, да знаеш чисто за др. пат. http://www.thedoctorstv.com/videos/toxic-shock-syndrome
НАВИСТИНА Е ЖАЛНО ШТО ТОЛКУ ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ СЕ СТРАШНО НЕИНФОРМИРАНИ (да не речам дезинформирани) И ПРИТОА ШТО Е НАЈТРАГИЧНО ГИ ПЛАШАТ ОСТАНАТИТЕ СО НЕКОИ ГРЕШНИ ИНФОРМАЦИИ КОИШТО НЕ ЗНАМ ОД КАДЕ ВООПШТО ГИ ДОБИВААТ. Значи да се разбереме: 1. Тампоните се сосема безбедни за бесконечно користење (доколку се користат правилно). Не, нема ништо да се случи ако се користат редовно, без прекин. Всушност, во сите поразвиени земји, жените толку се навикнати на користење само тампони, што веќе имаат заборавено како изгледаат и како се користат влошки. 2. Девојки коишто се невини можат СЛОБОДНО да користат тампони, при што треба да внимаваат на нивната големина, постојат на пример мини тампони. 3. Токсичен шок синдром може да се добие ако буквално се заборави тампонот внатре. Секако многу зависи и од обемот на крварење, на пример доколку крварењето е обилно никако не треба да се остави тампонот внатре подолго од 3-4 часа. 4. Тампоните всушност и се наменети за со нив да може да се практикува секаков спорт или физичка активност, што во превод значи СЛОБОДНО МОЖЕТЕ ДА СЕ БАЊАТЕ СО НИВ, без разлика дали е тоа во када, езеро, море, и слично. Вреди да се напомене дека подобро би било при секое излегување од вода, тампонот да се смени. 5. За оние што ги интересира, во поголемите маркети (барем во Скопје) има тампони со апликатор - името им е Јасмин. Цената им е околу 120 денари за пакување од 8 тампони. Од искуство ви кажувам дека се одлични и дека ставањето е многу поедноставно, а воедно и многу похигиенско. Значи заклучок: Аплауз за тампоните! И искрено ве замолувам да пребарате на интернет, да се информирате и да ги заборавите бабините приказни за тоа колку се тампоните страшни и штетни. 21 век е и мислам дека е срамота како млади девојки да бидеме неинформирани за толку едноставна суштинска работа која премногу го поедноставува животот за време на циклусот. П.С. - Однапред да се оградам, да кажам дека немам никаква намера да навредам некого, но мислам дека крајно време е да ги оставиме застарените мислења на страна и конечно и ние во оваа наша мала државичка да станеме современи жени. Поздрав девојки!
хаха коа ке слушнам тампони мене одма смеа ме фака.иам и ја слушнато дека се штетни ама оно коа ке видиш и улошкине не се сјајни..ама како и да е ја првите неколку пати неможев ни 5-10 мин да седам со тампон хахах како да имам к** внатре хахах .а и секогаш кога после долго време ке стаам ептен ми е смешноо и одам како да имам кој знае што мегу нозе хахаха
Tolku ubavo i kratko se imas kazano. Se slozvam so sekoj zbor! Edinstven komentar sto treba da se cita okolu ova tema e bas ovaj. Ne se plashete devojki. Pozdravce na site
дефинитивно требаше некој ваков пост, јас ги користам и ги обоожувам, а еве и чист пример мајка ми уште во 80сетите употребувала, значи пред повеќе од 30години и никогаш немала никаков проблем
Јас имам колешка која е дојдена од Романија,и кажува дека она никогаш не користела улошки И што е интересно она сама си ги прави и никогаш немала проблеми.Тоа искуство и го пренесе и на нејзината ќерка и ја научи и навикна сама да си прави..тампон