Тампони !!! Значи неможам да замислам повторно да стаам влошка од ко почнав со тампоните (5,6 год користам) тоа ти е похигиенско, почисто а и не се чуствуваш ко да носиш пелени Женски, дефинитивно тампон. Има доволно појаснувања на секое пакување на тампонот за тоа како да се намести, на колку време да се менува нема шанси да не се разбери бидејќи (барем на О.Б. имаат чак и слика)
слушнав дека тампоните биле штетни да се користат нон-стоп?! јас еве сега почнав да користам и многу поубо се осеќам... почисто.. посигурно.... ама во мисла ме имаат клаено за ова дека штетни биле. да не знај некој нешто за ова??
а да прашам кога нели пречат кога се внатре....јас мислам дека би ми пречеле и дека не би можела да ги носам....
ќе си најдете соодветна големина и нема да ви пречат...јас искрено многу почисто и поубаво се чувствувам со тампон...ги користам најмалите и ги менувам не секои 3 саати...
Јас пробав еднаш, ама ме удри психа дека имам нешто во мене бутнато и неможев да седам мирна, за пола саат го извадив. А имам другарка што редовно ги користи и на одмор се бања со тампон.
Лани бев приморана, зашто ми дојде менстр. уште првиот ден на одмор, и многу се изнервирав Си понесов најобични ОB тампони, прво чувството е некако нелагодно и непријатно, ама мислам дека повеќе те мава на психа. Ама веќе кога влегов во вода и можев да се бањам - ги благословив Сепак, јас лично би ги користела само за такви ситуации, инаку си користам влошки.
Ако е добро наместен тампонот нема ни да го чувствуваш што се вели, а камоли да ти пречи. За лето се спас... особено што поради влошкиштана се зголемува ризикот од црвенило, јадеж и воспаление на кожата од потењето. А тоа што мора почесто да се менуваат, мора. Секако и влошките често ги менуваш, нели?
Лично за мене влошки се влошки. Ептен ретко користам тампон и тоа на 3 или 4 ден, ако сум приморана, зашто и онака имам многу обилна менструација, така да, сепак влошки.
Од пред 3 години користам тампони само во лето. Во зима некако се издржува со влошки, ама во лето ми е ужас. Со тампон можам да облечам и фустан и кратки тенки панталони и се чувствувам чисто и сигурно, а ако ставам влошка од топлина и од пот ми се иритира кожата и после дополнителни проблеми си правам, а башка што се замарам со тоа да не се познава, па ова па она...
користам влошки од причина што немам искуство со ставање тампони. Имам некој страв и не сум користела до сега.Сепак мислам годинава да пробам барем, зошто ако добијам на одмор.... муки
јас лично бев против тампони... ама еве вака читав на форумот и зедов овој месец нон-стоп да ставам освен за спиење и да ви кажам право преубо се чувствував исто ко да немам а иначе имам обилна менструација цели 5 дена. ко ке почни нема малце поќе... и од сега нон-стоп ќе си користам оти и онака влошката мораш да ја менуваш исто како тампонот само шо вака знајш дека нема да ти истечи од страните или не знам ти шо да се кашкаш... со тампони е ЗАКОН!!! пробајте нема да згрешите.
Може да ви поставам едно прашање , бидејки до сега само влошко имам користено ? Какво е чуството ? Опишете ми ве молам !
јас сум повеќе по влошките, не ми смеќаваат многу во лето, така да мислам дека не би пробала тампони, барем не сега за сега
имам 13 год и сакам да почнам со употреба на тампони за време на летото но незнам дали тоа би било штетно . Претходно прочитав дека имало некои тампони кои биле за девојки кои немале сексуален однос но не сум доволно информирана па затоа ако некој знае нешто повеке нека пише плс . Фала однапред
Мислам дека можеш да користиш тампони, без оглед на тоа што си невина. И нема тампони за невини девојки, секако мораш да го ставиш внатре. Јас би ти препорачала да користиш од помалите тампони, ама ако имаш обилна менструација, тогаш поарно влошки користи. Сепак, твоите полови органи сеуште се развиваат, па да не си направиш некоја белја. Не верувам додуша дека тампоните можат да ти направат проблем, ама пак, зошто да ги користиш кога можеш да поминеш и со влошки? За прашањето погоре - какво е чувството - па кога ќе се навикнеш, ако е убаво ставен, воопшто нема да го чувствуваш