Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Употреба на тампони

Дискусија во 'Тело' започната од Secilly, 10 декември 2009.

?

Употребувате ли тампони?

  1. Да, редовно

    177 глас(а)
    12,8%
  2. Да, но ретко

    359 глас(а)
    25,9%
  3. Не

    848 глас(а)
    61,3%
  1. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Употребувам за време на одмор но не редовно.
    Искрено мене ми е проблем цената што не видов некој друг да се пожали. Само 8 има во 80-денарско пакување. Јас со обилен циклус од 7 дена цели 4 пакувања трошам само за преку ден. Ова од искуство ви зборувам не е весела математика. Значи еден циклус скоро 400 ден, ако ги вклучам влошките за преку ноќ и дневните влошки и повеќе ќе излезе.
    Со влошкиве сега што ги користам Виолета памучни за 110 добивам 20+6 и ми се многу дури. Голема ми е разликава во цена.
    За мали девојчиња баш и не би ги препорачала.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Се сложувам дека се скапички, ама со оглед на тоа што не ги употребуваш редовно, туку само по потреба (како на пример ако имаш менструација за време на одмор) (и јас ги користам само ако ептен имам потреба), не е страшно.
     
  3. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Па затоа ги употребувам ретко. Инаку цело време би ги користела.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Така тоа...Не се препорачливи за редовна употреба тоа е факт,јас секој циклус носам ама само кога излегвам од дома,значи не ЦЕЛ ДЕН И НЕ ЗА СПИЕЊЕ,тоа што носат по цел ден тампони целиот циклус редовно е штетно и секој гиниколог ќе ви потврди.А седам позади тоа дека се практични и хигиенски и на почеток за цел циклус ги носев,но не треба...Сега ако сум дома цел ден не ставам нема потреба значи само ако излегвам за вечерни излегувања, прослави ако треба да одам на море и ми се паѓа да имам неколку дена да,но цел циклус со нив да поминам не,избегавам да ги користам толку често...
    @ennaz Имаш и поефтина варијанта,не мора баш О.Б да ги користиш сите си ја бркат исто работата,инаку на сите мислам дека првите 2 3 дена ни се хаос,но мене од големите тампони, едно пакетче за цел циклус ми се доволни, (а не носам цел ден) а обичо последните 2 3 дена носам по цел ден,и си имам земено помали и поефтини се инаку некогаш земам Флирт мислам се викат некогаш О.Б.
     
    Последна измена: 10 јули 2015
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Ова е точно. И во самото упатство обично си пишува, и гинеколозите потврдуваат. Постои опасност од некој синдром на затруеност продуктите при распаѓањето на крвта. Не знам точно како беше ама неколку пати имам прочитано.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    ^
    Каде во упатството пишува дека не се за редовна употреба? Никоја не го носи истиот тампон цел ден. Се знае што пишува во упатството во врска со токсик шок и е нагласено многу пати на темава, не се остава тампонот подолго од 8 саата. Доколку спиеете помалку од 8 саата и на спиење може да ги носи жената. Доколку спие по 10, 12 саата се препорачува влошка. Тоа се фактите.
    Која жена кога префрериа да користи тампон а кога влошка си е нејзин избор и е тотално друга работа, но не е и факт кој потврдува за тоа што е препорачливо а што не.
     
    На baguf4e, blackwave, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Имелда, те цитирав за да се надоврзам.

    Јас ставам тампон пред да легнам да спијам и си навивам аларм да ми ѕвони после 8 саати откако сум легнала, го менувам и продолжувам да спијам доколку имам уште време на располагање, или уште ми се спие.
    И јас порано ги менував на 4 саати, ми беше шубе што би се рекло- меѓутоа видов дека и на самото упатство си пишува дека може да се носат 8 саати.
    Секако тоа не важи во првите денови кога крварењето е пообилно, до душа самото тело ни кажува дека треба да се смени тампонот, најчесто на 4 часа, меѓутоа не е проблем доколку е макси тампон, нема да протече додека да одите да го смените од спалната до бањата, зборувам за после спиење.

    Исто така за девојките што се жалат дека имаат обилни менструации- има различна големина тампони и тоа: макси, супер, нормал, па се до лајт за последните денови.
    Јас прво терам со макси, и потоа продолжувам или со супер или со нормал, а лајт се супер за крај, меѓутоа некогаш знам и да ги заменам со секојдневна влошка меѓутоа многу ретко.

    За цената, како што кажаа, не мора да користите Об, има во Зегин со ист квалитет, а по цена од 42 денари Нормал Клиник, бугарски се и вака изгледаат, само во зависност дали е макси, нормал или супер бојата на работ се менува.[​IMG]
    Другата варијатна е Флирт, исто бугарски и тука некаде се со цената, ама потешки се за отварање, лично повеќе ги преферирам Нормал клиник.[​IMG] .

    Во Зегин има и тампони со апликатор. Тие се словенечки, Јасмин- цената е мислам околу 90 денари, за нив можам да кажам дека се многу лесни за нанесување и посебно се практични кога сте излезени некаде, пример во ноќен клуб каде што колку и да се трудите не можете максимално да се заштитите од бактериите кога го нанесувате тампонот.
    Вака со апликаторот ги избегнувате тие нервози, се е чисто, брзо и лесно.
    Вака изгледаат тие.
    [​IMG]

    Јас имам цел арсенал дома, во зависнот каков ми треба таков користам и сум презадоволна. Веќе 4 или 5 години сум исклучиво на тампон, имам заборавено како изгледа обична влошка и слободно можам да кажам дека сум препородена.
    Не мислам што ќе облечам, дали ќе можам да вежбам или да пливам, едноставно уживам и знам дека сум заштитена.
    Поголема е веројатноста да протече влошката отколку тампонот, освен доколку не сте ставиле соодветен.
    Ми се случило и тоа на почетокот, сум ставила пример нормал, а требало макси, станувам од кревет после подолго лежење, еден, два чекори и потоп. Ама откако си користам соодветен тампон во зависнот денот кога сум добила, немам таков проблем.

    Исто така вагиналните брисеви и пап тестот секогаш ми се уредни, така што паѓа во вода тоа дека предизвикуваат инфекции, или не знам што.
    Не би можела да се замислам сега на овие температури од 40+ степени да шетам со влошка на мене:shake::whew:.

    Ослободете се од предрасудите, пробајте, нема да зажалите(fingers) Ова ептен како реклама.:D
    Само наместете го соодветно, штом го осеќате значи не сте го турнале доволно навнатре, правилно наместениот тампон не го осеќаме воопшто, како да немаме ништо внатре.
    :f:

    Редактирам бидејќи @kjukli ме потсети и за тоа, има и поголеми пакувања, порано имаше во Кам, ама само нормал мислам носеа, тие ептен беа евтини, и во Дм исто Jessa, само не ми текнува на нивните цени за жал, ама дефинитивно и тие се исплатливи.
    Об навистина се скапи, а не се ништо поразлично од другите тампони.
     
    Последна измена: 10 јули 2015
    На baguf4e, Lazy Sunday, kala21 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Има и поголеми пакувања, од 40 до 60 тампони за околу 150 до 200 денари, ама кој побарал ќе знае. Не постојат само Об.
     
    На Annath, imelda, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    И јас ги користам овие Нормал клиник, ептен ми одговараат. Апсолутно се согласувам со Сесилија дека сум препородена од кога престанав да користам влошки. Значи нема похигиенска и поудобна работа од тампон и никогаш ми се нема случено некаков инцидент. Буквално некогаш ако немам болки заборавам дека имам и менструација, денот си тече нормално без попратни циркузи што си ги носи користењето на влошка на пример.
     
    На baguf4e, Annath, Devils-Candy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Како ги напишавме мислењава во темава, така ги снема тампониве низ градов :D Вчера бев во два дм маркети и од сите тампони што беа само од Нормал клиник немаше никакви. Поминав и во Виола зошто и таму ги имам видено, ама и таму беа потрошени, па на крај о.б. земав, барем на некој попуст ги начекав :whew: Никогаш волку не сум се акала низ градов за вакви обични потребштини (facepalm)

    Инаку во дм заприметив и некои други, Jessa се викаа, ама ај викам прво да прашам тука дали ги користел некој, зошто не сум ги видела никаде да се спомнат. Од истава фирма задоволна сум од средството за интимна хигиена со млечна киселина, па можно е и тампоните да ми пријаат.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Џована ги има и во Тинекс, намалени се уште денес на 38 денари.
    Инаку секогаш е така, штом се спомне нешто низ темите веднаш го снемува, барем да пишуваат искуства од производите, а вака ние кажуваме поволни понуди, ем убаво ем евтино и после нема за нас:D.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @sesilija Овие на Јасмин прв пат ги гледам и морам да ги пробам,има секакви големини или?
     
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    @sesilija фала на инфо, ако имам некаде попатно Тинекс обавезно ќе поминам да земам...секако, ако не ги снемало до тогаш и од таму :D
    Инаку многу добро ми е позната појавава на форумов, баш затоа и се смеев, ама не очекував дека толку ќе бидат нападнати тампониве. Буквално од ГТЦ до Буњаковец никаде попатно ги немаше :x
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Миме, зависи како ќе начекаш и колку е снабдена таа аптека на Зегин од каде што ќе ги земеш. За супер и нормал сум сигурна дека ги има.
    Мене многу ми се допаѓаат, ептен се лесни за употреба- пробај, верувам ќе бидеш задоволна.

    Кога веќе зборувам за Јасмин,имаше еднаш со списанието од Зегин и гратис секојдневни влошки од истата фирма, предобри беа, свиленкасти, а даваа многу пријатно чувство како кога носиме памучни работи-не се споредуваа со Дискрит и сличните на нив.

    Треба да си купам од нив, некако не ми текнува кога одам во Зегин.

    Џована, еве ја акцијата [​IMG]
     
    На mime87 и Giovanna им се допаѓа ова.
  15. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Благодарам за обемните информации. Овие јасмин со апликатор не сум ги видела. Другиве ги знам. Баш пред некој ден од кам ги гледав ама се мислев дали да ги пробам. Сомнителна ми беше цената. Сте ги пробале ли?
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јасмин досега сум видела само во Зегин. Ако не ги забележиш на рафтовите тогаш прашај некоја од аптекарките, некогаш знаатда им стојат и во фиока или позади каде што се залихите.

    Јас тие од Кам одамна ги немам видено, инаку редовно ги купував. Не ги користев во првите денови кога имам пообилно крварење, или доколку ги користев ги менував почесто бидејќи мислам дека имаше само нормал од нив.
    Мислам дека имаше 50-60 внатре, а амбалажата беше жолто-сина. Не можам да се сетам како се викаа, има и влошки од истата фирма, нив стално ги гледам, ама ги немам пробано.

    Доколу зборуваш за некои други, тогаш не можам да ти кажам нешто повеќе. Одамна не сум влегла во Кам, деновиве планирам да одам да си купам млеко за после сончање, па баш ќе ѕирнам какви се тие што ги спомна.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Да да такви се, исти како влошките. Јас дневните влошки долго време ги користам, убави се.
     
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Со години наназад (едно 15) употребувам исклучиво тампони
    Никогаш не сум приметила ШОК или некоја непријатност.
    Ми се случило и да неможам да го сменам на 4-5 часа (на пр. долго патување со автобус, па од пауза до пауза мора да трпиш), и немало никаков проблем.
    Пред легнување савам нов и утре сабајле го вадам иако поминале и 10 часа.
    Згодни се за употреба посебно летен период..не прават с'клет :sweat:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blady

    blady Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Имам 16 години, можам ли да користам тампони, страв ми е за прв пат шо како секако ќе питам и во аптека некој со искуство, баш сега за одмор ми е циклусоттттт паа..
     
  20. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    155
    Treba da dobijam ovie dena !
    No ne sakam ovie dena da sedam so vloskista zato sto ne sum raat a si imam i drugi planovi.....Pa se mislam za ,,Tampon,,. Ce kazam bez stram -Nemam nikogas koristeno,neznam kako se upotrebuva ,kako se stava,da ne se skine ,, Dali moze da bide steten ili nekoi nesakani dejstva...Dali koga bi stavila tampon mozam da odam na bazen ? Kakvi da zemam kako sa prva upotreba ? Posto citav na forumov pomali,pogolemi ,? Ako saka nekoj da mi odgovore :)