Јас досега немам користено тампони и некако не ни мислам да користам. Сепак за мене влошка си е влошка. И онака немам некоја обилна менструација, трае максимум 3-4 дена. Па така да јас ќе си користам влошки, а ако се појави некој одмор за време на менструација ќе видам што ќе правам
Јас ставам само доколку имам циклус за време на одмор. Инаку не. Си користам влошки. Ги користам тие на о.б средна големина.
Тампони , многу похигиенска варијанта за разлика од влошките. во однос на миризбата и шљакањето. Мада се малку гнасни кога ќе се извадат.
Оваа година тампоните тотално ми го спасија одморот. Значи со какви стресови отидов на одмор, еден тон работа ми остана недовршена, и малиот цел одмор ми скокаше по глава и плачеше за се и сешто, уште да морав да седам цел ден на плажа и да туфкам, ќе се убиев. Значи спас. Ги земав тие од КАМ, уште од лани ми стои пола пакување, и убави се. Ги препорачувам.
Јас бев многу скептична во врска со тампоните и не ги користев, се додека лани не бев приморана да ги користам бидејќи терминот за одмор ми се поклопуваше со терминот за менструација. И откако почнав да ги користам видов дека многу сум грешела што не сум ги користела и претходно. Нема дамки, можеш слободно да се капеш во вода без никакви проблеми. Оттогаш редовно ги користам. Дефинитивно тие се подобрата варијанта. Се што треба да се направи е да се наместат убаво за да се избегне чувството на нелагодност при одење и седење. Ги користам тие на o.b. и многу сум задоволна.
Супер се и Jessa што ги има во Дм. Баш сум задоволна и од нив и од Normal classic. Тие ги употребувам најчесто. Об ми се многу поскапи.
значи вака невина сум ... имам веќе 4 ден и денеска ставив тампон не знам ни јас како го ставив на страна ама не го пикнав внатре.. е сега страв мие да не ми се случи нешто , стомакот ме боли помагајте!
Јас имам прочитано дека со тампон подолго трае циклусот до сега немам користено, ама можда некогаш во далечна иднина не се знае..
На кој начин тампонот би го продолжил траењето на циклусот? Баш па последните денови кога се "дочистуваш" убаво е на тампон да ставиш кантарионово масло, и нема ни миризба,ни кафеав исцедок,ништо. Наместо 7,ќе трае 5дена (пример за мене си кажувам) Уствари чиста си предвреме.
Незнам како да ти објаснам, јас сакам да користам ама поскапи ми се и имам обилни крварења и само прочитав така на еден сајт можда лажат..
Кога е послабо крварењето, пример 3 и 4тиот ден, да не ставаш толкава влошка ќе си стаиш тампонче Мене лично ми е поубаво така, поудобно се чувствувам.
Tamponite pravat zastoj na menstrualnata krv vo matkata.Taka se sozdavaat koagulumi i mozat da se razvijat bakerii od raspadnite produkti koi mozat da preminat vo dilatiranite krvni sadovi i da nastane sepsa-truenje na krvta. Vo kolku mora ponekogas da se koristat tamponi treba tie da se menuvaat pocesto, da se kupuvaat od apoteka i da se bez pominat rok na traenje.Se preporacuva da se upotrebat pri kraj na ciklus koga krvarenjeto e pomalo.Vnimavajte tamponot pri vadenje da e cel.Delovi od nego ili zaboraven tampon moze da bide opasen po zivot. Ne preporacuvam koristenje na tamponi.
Ни јас не препорачувам нивна употреба. Повеќе штета од корист Јас се мислам за оние силиконски чашки Menstrual Cup ги користи некој?
Јас не би користела никогаш. Бидејќи чашката е за повеќекратна употреба, со менструацијата се исфрлаат бактерии, а не верувам дека тие бактерии ќе се уништат со топла вода (како што имам прочитано дека се одржува) .
Го користам повремено. Навистина се одлични, исто како да немам менструација со нив, не се чуствуваат, удобни се и барем на мене не ми се случило нешто несакано до сега. Освен тоа и за на одмор се супер
Може ли некоја да стави слика како изгледаат тампоните од КАМ маркет? Кој бренд се (Лалин или?) и сл. Зјаев десет минути во одделот за влошки и не видов ништо друго освен циклусни и секојдневни влошки. Да не се повлечени од продажба или заменети со некои други? Знам дека ги фалевте пред некое време, многу сакав да ги земам.
Здраво девојки. Имам едно прашање. До сега никогаш не сум користела тампони и не знам какви да ги користам, а сакам овој месец да ги пробам. Попрактични ми делуваат, особено кога е топло.