Anajirile а прашањето беше? Инаку да, по практични се, ама мораш многу да внимаваш при први денови од циклусот. јер нема да приметиш кога ке ти претече а тампонот да се напунил уствари. Носи си со тебе повеќе
Епа најверојатно се прашува какви да земе како за првo користење. Ако користиш прв пат, земи си O.B. со апликатор. Поскапи се од другите тампони, меѓутоа најпрактични се како за почетник. За првите денови гледај да ставиш поголем тампон, па како циклусот е при крај и крварењето се намалува, ставај помали. Мене многу ми се допаѓаат и Jessa тампоните, нив ги има само во ДМ маркетите. Исто така и Normal Clinic не се лоши, а и не се воопшто скапи. Пробај прво со О.В. дури се навикнеш, па потоа експериментирај. Јас не можам да замислам во лето да ставам влошка, тампонот е рај.
Normal Clinic јас овие па ги користам. Кога почнав со нив скапи ми се видоа OB. A и тие од ДМ ги користе последново и сум задоволна и цената им е супер. 99ден. за некои 20 ако не се лажам или 15 внатре.
Здраво , јас сакам некој да ме информира за тоа дали е подобро да користам тампони ( досега немам користено и сум немала односи ) или некој апчиња за одложување на циклусот , ни тоа немам користено , а ми е потребно само за еден ден затоа што сум на свадба и можно е да треба да ми биде прв ден , а инаку имам 19 години и не ми е сеуште баш редовен циклусот
Јас мислам ако сеуште не си имала односи и не си употребувала никогаш тампони,плус и не ти е сеуште баш редовен циклусот,како што,впрочем и самата кажуваш,да не употребуваш никакви тампони затоа што ако немаш никакво искуство со нив,тогаш имаш големи шанси да не го наместиш како што треба тампонот и да чувствуваш нелагодност долу,така што не ти требаат никакви тампони,а и не можеш со сигурност да гарантираш дали ќе имаш добиено менструација на денот на свадбата.Понеси си за секој случај едно пакетче влошки во ташната и стави си за секој случај една чиста влошка во гаќите на денот на свадбата за да немаш несакани изненадувања.
А што ако не ти биде прв ден? Не си расипувај здравје ради еден ден. Ова се однесува за апчињата. Ако не си имала односи, тампон да ставиш ќе ти биде мнооогу тешко. Што од страв, што од можна болка, но ќе биде неуспешно. Стави си влошка (ако имаш добиено баш тој ден) и не се замарај.
Иако веќе имам родено дете секое ставање тампон ми е страв а дете излегло од таму ама го мразам чувството на ставање и евентуаалнста нелагосност. Не знам дали јас не ги ставам добро или едноставно сум пречиствителна. Користам тампони об само кога сум на одмор а имам циклус.
Има О.Б. со апликатор кај нас? Не сум сретнала. Јас па мислев дека О.Б воопшто не ни имаат тампони со апликатори. Некои други тампони со апликатор да ми препорачате? Купив едни од Грција, некоја за мене непозната марка, ама катастрофа се, ги користам само кога немам доволно хигиенски услови, зошто ми се попрактични отколку стандардните.
Имаше едни ОБ про комфорт со апликатор, такви сум купувала порано. Мислам дека ги имаше низ маркети, види во ДМ за секој случај. Јас ги купував од Тинекс. Други со апликатор не знам, провери дали Jessa (ДМ) имаат некое издание со апликатор, обичните мене ми се солидни.
кога и да отидам на одмор, во тие 10 денови како некој баксуз сум, мора да ми дојде. Но сепак кога сум тамо некако побргу ми минува и некако ке ги одлезам деновите сама на плаза, ке се разбудам испечена целата. Ми е страв да користам тампони а не би сакала и следниот одмор да поминувам низ такви моменти...
Јас редовно користам тампони.Вака и похигиенски ми се а и поудобно ми е кога сум со тампони отколку влошка.Инаку користам ОБ тампони.Предобри се позз☺
Купив ОБ за прв пат и пробав ставив еден и го бутнав подлабоко ама дали дека прв пат неудобно ми беше при седење. Не ме болеше ама неудобно. И Сеа едно малце глупо прашање ама дали доле не треба воопштооооо да се гледа??? мене малце ми назираше белиот дел ама не висеше или нешо да е надвор туку само можев да го видам леле како објаснив
Не треба да се гледа воопшто тампонот. Единствено што треба да се гледа е врвката. Кога ќе го ставиш доволно длабоко, не го чувствуваш воопшто Не ни "знаеш" дека го имаш во себе
Дали може да се користат тампони доколку не си скинат??Пример имам добиено а сакам да се бањам па за секој случај да си ставам. #прашањекоемемачи
Ако не си имала сексуални односи треба да користиш само кратки тампони и никакви други затоа што само тие се за тие коишто не се сексуално активни.Има упатство за употреба на кутивчето со тампоните коешто треба да го следиш за да ги местиш убаво тампоните.Јас лично не ти препорачувам да употребуваш никакви тампони доколку си немала односи за да не си направиш непријатности поради тоа што немаш искуство со местењето на тампоните,но,сепак,за тебе се работи,па ти размисли си убаво пред да одлучиш дефинитивно дали ќе употребуваш или не тампони.