Слободно може да користиш тампони. Не може да се „скинеш“ со тампон, тоа само со однос може. Евентуално при раѓање ако имаш ептен еластичен химен
Не прашав дали можам да се скинам, туку дали можам да ставам тампон на добиено а да не сум скината.Нема везе фала сепак.
Теоретски можеш, ама практично не знам дали можеш да го изведеш тоа. Ставање тампон не е баш најубавото чувство, верувај на збор. А и зошто би ставала тампон? Некаде мислам дека прочитав дека имаш 16 години. На тие години мене циклусот не ми беше регулиран, едно што варираше и добивав на месец-два, друго што крварењето некогаш траеше два дена, некогаш 6.
Да 16 имам ама секогаш се случува коа сум на одмор да имам добиено и ми пропаѓа одморот.Летово се бањав во Охрид и одма се пресоблакав ама си го продолжив за уште 3 дена. Чим не е добро нечу.Фала
Епа планирај го одоморот, штом добиваш редовно, знаеш горе-долу кога ке добиеш. Или извади си ја Clue - апликација за следење на циклус, почни да бележиш од сега, па до јуни-јули ке имаш доволно за просек и апликацијата сама ке ти даде кога би треба да добиеш. Планирај или да ти заврши додека да одиш на одмор, или да ти дојде последен ден од одмор. А и во Охрид какви wc има на плажите, ептен е нехигиенски таму да менуваш тампон, особено затоа што немаш искуство како треба.
Летово прв пат употребив тампон. Се погоди да имам добиено кога бев на одмор. Едвај ги трпев тампоните. Па и ставањето е непријатно. Кога си доаѓав од плажа одма ставав влошка.
Како успевате толку длабоко да ги брцнете за да не осеќате? Јас 100 пати безуспешно пробувам. Значи некако... суво, грдо чувство. А знам дека се далеку попрактични од влошки. Спојлер Да не има кандидат да ми покаже? Се зезам.
Јас ајде за ставање ќе го ставам некако, ама за вадење многу страв ме фаќа да не не можам да го извадам Само неколку пати сум пробала, ама дефинитивно е многу добра опција за по одмори. Само уште да се испраксирам и навикнам.
На почеток ако не можете убаво да го наместите тампонот, има тампони со апликатор. Со нив е полесно, исто како при користење на вагиналети. Иако јас немам искуство со нив. Уште од првиот пат немам проблеми со ставање/вадење на обичен тампон, ниту пак чуство на непријатност доле. А е далку попрактично од користење влошка, не само за на одмор, туку општо. За ставање, па добро објаснила УанаБиМама. При вадењето исто, никако згрчено за да не остане само конецот во рака. Инаку не би требало да има друг проблем.
Јас само на o.b. сум користела досега, поконкретно ProComfort со две капки(light days) 8 внатре во пакување. И сум задоволна, не сум имала проблем со протекување. А се испробани и во водена средина. Се менуваат на 3 до 4 часа. Знам дека во ДМ има и на Jessa, ама со нив немам искуство. Други не сум сретнала по маркети и аптеки кај нас.
Мене Jessa и Normal Clinic ми се поубави од o.b. О.b. имам еднаш користено и не ми беа ништо посебно...
Jessa ги купив еднаш и никогаш повеќе, идеа заедно со кутивче а мене ми требаше такво па се излажав. Ми протекоа на прв ден после половина час. Веќе две години користам тампони секој циклус ги елиминирав влошките заради постојани протекувања, ги имав испробано апсолутно сите големини и брендови. Користам o.b. ProComfort (имаат лесна пластична обвивка) и обични целосно памучни, нормал на почетоко и крај и супер од вториот ден натаму. Имам пливано со нив единствена неудобност е што треба да го менувате пред влегување и веднаш по излегување од вода. Не се враќам на влошки никогаш повеќе.
Јас сега земав на Jessa и се надевам на добар тампон. Земав намерно за повеќе капки, само на колку време ги менувате. До сега користев само на о.б. за во вода и толку.
Оптимално на три часа, зависи од твојот циклус. Јас имам менувано од два до шест часа зависи од денот.
Нормал Клиник ми беа многу крути мене и убедливо најлоши тампони кои сум ги користела. Не протекуваа, ама се погоди да немам обилен циклус кога ги носев. Грдички ми беа. Џеса не се нешто посебно, не се ни лоши, а о.б. се преценети. Некои други тампони да препорачате? Едно време во Кам имаше предобри тампони, но ги немам забележано со месеци. Најверојатно се повлечени.